Братот на Епстајн: Да проговореше, изборите во 2016 ќе беа откажани - Канал 5

Братот на Епстајн: Да проговореше, изборите во 2016 ќе беа откажани

Братот на осудениот сексуален престапник, поранешниот американски финансиер Џефри Епстајн, изјави дека Џефри имал „запаливи информации“ за Доналд Трамп и Хилари Клинтон.

Братот на Епстајн: Да проговореше, изборите во 2016 ќе беа откажани

Братот на осудениот сексуален престапник, поранешниот американски финансиер Џефри Епстајн, изјави дека Џефри имал „запаливи информации“ за Доналд Трамп и Хилари Клинтон што, доколку биле објавени, би ги поништиле претседателските избори во 2016 година.

-„Да го кажев тоа што го знам за двајцата кандидати, тие ќе ги откажеа изборите“ - тоа ми го кажа Џефри во 2016 година, изјави вчера Марк Епстајн за Њујорк Пост, потсетувајќи се на разговорот што го имал со неговиот брат за трката меѓу Трамп и Клинтон за претседател во 2016 година.

Сепак, инвеститорот Марк (69) одби да даде повеќе детали, велејќи дека неговиот брат никогаш не му открил што знаел за кандидатите во тоа време.

Трамп летал со приватниот авион на Епстајн седум пати во 1990-тите, патувајќи од Палм Бич, Флорида до Њујорк.

Не се знае дека Хилари била пријателка со Епстајн, но нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон, е пријател со Епстајн од 1993 година за време на неговиот прв мандат во Белата куќа.

Џефри Епстајн беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус сака да остане во Реал Мадрид

 Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор одлучил да остане во  редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Винисиус сака да остане во Реал Мадрид

Иако летово шампионот на Премиер лигата Арсенал покажа огромен интерес за негово ангажирање сепак популарниот Вини истакнал дека не сака да замине од Мадрид.

Новиот предводник на кралевите Жозе Мурињо смета дека Бразилецот е клучен играч за него и направи сè што е во негова моќ за да го убеди да остане во Мадрид, пренесува „Скај Спортс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион

Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион, објави на својот Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион

Подготовки за асфалтирање на патниот правец Мрежичко – Мајден, проект што го реализира ЈП за државни патишта и Македонијапат со инвестиција вредна над 50 милиони денари.

Со оваа значајна инвестиција ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајното поврзување, ќе се олесни секојдневното движење на жителите и ќе се создадат подобри услови за локалниот развој.

Продолжуваме со инвестиции кои значат поквалитетна патна инфраструктура и подобри услови за живот за граѓаните, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанска вечер на „Охридско лето“

Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот.

Италијанска вечер на „Охридско лето“

Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија.

Настапувала пред претседателите на Италија, Серџо Матарела и Карло Азељио Кјампи, пред лидерите во Собранието на ОН, пред гувернерот на Њујорк, пред војвотката од Луксембург и други високи политичари во Италија, Канада и Австрија.

Нејзината дискографија вклучува 34 носачи на звук, а за албумот со танго музика од Астор Пијацола е добитничка на Златен медал на Глобалните музички награди во Калифорнија.

Добитничка е на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија. Во 2019 година ја добива престижната награда „Белисарио“, доделена на церемонија пренесувана во живо од италијанската телевизија РАИ. Неодамна, округот Вестчестер во државата Њујорк ѝ посвети ден од годината, па така според официјалната објава на Советот – 28 Март секоја година се празнува како ден на Кристијана Пегораро.

Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“ се одржува со поддршка на Италијанската амбасада во земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер