МакедонијаBratot Apparel: Од “маалски” жаргон до современ урбан кодStreetwear како јазик на припадност, уметност како став - бренд што не следи трендови, туку гради заедница во која облеката престанува да биде форма и станува порака.Постојат брендови што се носат и постојат оние што се живеат. Bratot Apparel припаѓа на вторите — таму каде што маалото станува симбол, а облеката начин на изразување, не украc. Роден во Скопје, обликуван од улицата и воден од автентичност, Bratot е повеќе од облека — тој е став, тој е урбан код, тој е пулс на улиците од овој град. Кико и Борче се гласот на улицата, пулсот на маалото и ставот што не се крие. Во разговор со нив, секој збор е отпечаток, секоја реченица носи енергија што се чувствува, не се објаснува. „Bratot“ не звучи само како бренд – звучи како култура, vibe, движење. Како се роди ова име? Името „Bratot“ се роди спонтано, од секојдневниот уличен говор. Зборот Братот во наше друштво е начин на обраќање, знак на почит, блискост и разбирање. Сакавме име што веднаш носи емоција, што не се објаснува, туку се чувствува. “Bratot” е наше, маалско, автентично...односно беше, повеќе не е само наше :D Самото име ви носи енергија на блискост и урбана култура. Дали сакате луѓето да го доживеат токму така како „братство“ – припадност на група или пак повеќе е како ваш личен печат? И двете. “Bratot” е личен печат, но и отворена заедница. “Bratot” е мајндсет, многу луѓе се веќе дел од приказната, на што сме навистина горди. Почетоците знаат да бидат хаотични. Што беше најголемиот предизвик за вас и која беше првата идеја? Најголем предизвик беше да останеме верни на визијата, без да правиме компромиси. Да смислиме производ, кој ќе биде дел од секојдневниот живот, односно тренд. Производ со кој што ќе изградиме заедница, автентичност, или во кратки црти свое јас. Дали во старт бевте свесни дека ќе создадете движење, нешто поголемо и од самиот бренд? Искрено не. Почнавме интуитивно. Но како што луѓето почнаа да се препознаваат во визијата на “Bratot”, стана јасно дека ова не е само обично парче облека, туку заедничка енергија. Bratot Apparel не е само облека, туку е став. Која е приказната што ја раскажувате преку вашите креации? Се трудевме нашите креации да имаат карактер, став, одлучност. Често знаеме да извадиме смели парчиња, несекојдневни и урбани пред се. Обработувајќи секојдневно расположение / mood, преку животински ликови, оставаме на потрошувачите да се пронајдат во нашите креации и да се поврзат со одредено животно, или одреден “mood”. Скопје е дел од вашата ДНК. Колку градот ве инспирира во креирањето и колку, пак, сакате преку брендот да му дадете ново лице на градот? Скопје нè обликуваше. Град со сурова енергија, контрасти и приказни. Преку “Bratot” сакаме да покажеме дека Скопје има стил, карактер и свој глас на глобалната streetwear сцена. Streetwear често се гледа како „секојдневна“ мода, урбаната мода е глобален јазик, а модата како брз потрошен тренд. Како го правите секојдневното урбано и уникатно, што сакате да каже вашиот „дијалект“, како се гради вечност и што е поважно – стилот или приказната? Со детали, симболика, јасна порака и со автентичност. Секојдневното станува уникатно кога има значење, а не само форма. Можеби доаѓаме од мала држава, но имаме силен став. Автентичноста е секогаш поважна од трендовите, бидејќи трендовите се менуваат, но карактерот останува. Со искреност се гради вечност – ние не бркаме трендови, туку градиме вредности. Потребни се и стилот и приказната, но стилот може да се копира, приказната никогаш. Соработувавте со врвни уметници и креативци. Како дојде идејата за спој на streetwear културата со уметноста на телото – тетоважите – каква енергија донесе вашата соработка со Горан Мичич, на вашиот бренд? Одлична соработка бидејќи streetwear-от и тетоважите говорат ист јазик, јазик на идентитет. Со неговата прва колекција за Bratot Apparel, Мичич донесе дополнителна енергија , остави голем печат и отвори нов колоритен свет, кој што доста добро се вклопува визијата на Bratot. Полн погодок за нас. Дефинитивно ова е само почеток, очекувајте нова collab колекција наскоро. Спојот на streetwear и high art звучи како ризик, но и како револуција. Како изгледа кога Михаил Корубин, уметник со моќен визуелен потпис ќе се спои со улична мода? Судир на светови што совршено се надополнуваат. Оние кои што го познаваат Корубин многу добро знаат за што станува збор. Нема да откриваме многу, ќе оставиме публиката сама да ја оцени нашата прва соработка, бидејќи капата зборува сама за себе. Се потрудивме преку соработката со Корубин, да го доведеме “Bratot” како бренд, на едно повисоко ниво. Дали ваквите соработки ги гледате како проширување на границите на брендот – од мода кон уметност, од текстил кон платно? Дефинитивно, “Bratot” не познава граници, ниту во форма ниту во израз. Тоа ни беше еден од плановите уште на самиот почеток. Верувајте ќе бидете позитивно изненадени и во иднина, од нашите соработки, кои што се надеваме дека ќе се прошират на светско ниво. Ваша порака за младите? Бидете свои, никогаш не се менувајте бидејќи тоа другите го бараат од вас. Ние сме доказ, дека во Македонија и те како се почитува иновативноста, квалитетот и искреноста. Никогаш немој да се откажете од вашите идеи и соништа. Ако Bratot Apparel беше графит на ѕид, што би пишувало? “Contemporary Streetwear Brand” Bratot Apparel не се докажува со врева. Неговата сила е во препознавањето. Од маалото како појдовна точка, до улицата како сцена, и до заедницата како смисла — Bratot останува таму каде што стилот не е украc, туку јазик. И таму каде што облеката не се носи, туку се чувствува. View this post on Instagram A post shared by tike! (@tikebelgrade) Тагови: Bratot Apparel културата мода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит. Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби. Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички. Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство. Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот. Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter