Брат и сестра се загубиле во шума полна со мечки- децата по четири дена биле спасени со чудо - Канал 5

Брат и сестра се загубиле во шума полна со мечки- децата по четири дена биле спасени со чудо

Гриша Креп (12) и неговата сестра Вика (10) биле изгубени четири ноќи во дива шума во руската област Слободо-Торино. Спасувачите стравувале дека никогаш нема да бидат пронајдени.

Брат и сестра се загубиле во шума полна со мечки- децата по четири дена биле спасени со чудо

650 припадници на полицијата и доброволци се вклучија во потрагата по децата, кои исчезнаа по риболов на реката Липка, кои „чешлаа“ огромна површина населена со волци и мечки.

Драмата започна минатиот вторник, кога малото дете било пријавено за исчезнато. За кратко време е организирана спасувачка акција, а покриени се 1.000 километри шума и мочуришта.

По 96 часа, Гриша и Вика биле пронајдени „исплашени и премрзнати“, изедени од инсекти, гладни, дехидрирани - но живи.

Откриле дека јаделе јајца од препелица за да преживеат. На децата им била дадена топла храна и вода, а потоа им биле предадени на лекарите, пренесува The Sun.

Кога братот и сестрата раскажале како преживеале орди мечки и волци, спасувачите останале без зборови.

Се испоставило дека нивните миленици - кучињата од расата Бигл, не ги оставиле на цедило. Цело време ги следеле низ шумата и лаеле за да ги избркаат дивите ѕверови.

Се верува дека малечките поминале десетици километри барајќи излез од шумата, а биле пронајдени недалеку од селото Бурмакин.

„Бевме во теренско возило и на секои 200 метри застанувавме и ги извикувавме нивните имиња. На крајот нè слушнаа. Не ги фати паника, всушност бев изненаден од нивното однесување“, изјави спасувачот Игор Греков.

Гриша и Вика повторно биле во прегратките на нивната мајка, кога вознемирената жена била повикана во болница.

„Верував во вас! Знаев дека сте добро“, им рекла Алфија на децата.

Според една теорија, децата се враќале од риболов и тргнале во погрешна насока, по што ја изгубиле ориентацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“

По средбата во Драчево, синоќа се одржа јавна средба и во Домот на култура „Билјана Беличанец“, посветена на креирањето на новиот општински буџет на Општина Кисела Вода за 2027 година. 

Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“

Присутните граѓани директно се вклучија и преку дискусија ги посочија најважните потреби и конкретни решенија за своите населби. Преку нивните идеи, заедно се одлучува за следните чекори и заеднички се креира буџетот, дефинирајќи ги вистинските приоритети.

Процесот се спроведува во соработка на Општина Кисела Вода со Finance Think, под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, со цел секој жител да има можност да придонесе во одредувањето на буџетските приоритети. Доколку граѓаните не беа во можност лично да присуствуваат на овие средби, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот: https://tinyurl.com/PrijaviProblem.

Сите пристигнати предлози се клучни за заедничко дефинирање на приоритетите, бидејќи гласот на секој поединец е важен за развојот на општината. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дојава за бомба! Авионот итно бил пренасочен кон аеродром на воената база

Патнички авион од типот „Ербас“, кој летал од Даблин (Ирска) кон Рим (Италија), бил пренасочен кон воена воздухопловна база во северна Франција, откако била пријавена закана со бомба.

Дојава за бомба! Авионот итно бил пренасочен кон аеродром на воената база

Оваа информација во четвртокот ја потврдија од кабинетот на францускиот премиер, наведувајќи дека ситуацијата се следи. Засега нема официјални информации за тоа кој ја упатил заканата, дали при прегледот на авионот е пронајдено нешто сомнително, ниту пак кога леталото би можело да го продолжи своето патување.

Како што пренесува „Еуроњуз“, по пренасочувањето на авионот, надлежните француски служби спровеле безбедносни процедури.

Инцидентот во Франција се случи само неколку дена откако четири патнички авиони на летови до Полска, Шпанија и Бугарија беа цел на слични закани. Сите авиони слетаа безбедно и не беа пронајдени експлозивни направи. Британската влада ги окарактеризира претходните извештаи како „злонамерни лажни закани“.

Два извештаи се однесуваа на летови до Варшава. Авионот на компанијата „SAS Scandinavian Airlines“, кој леташе од Копенхаген, слета нормално на аеродромот Шопен. Една писта беше привремено затворена додека безбедносните тимови го проверуваа авионот. Втората закана се однесуваше на авионот на компанијата „LOT Polish Airlines“, кој леташе од лондонскиот Хитроу.

Авионот беше пренасочен кон аеродромот Модлин наместо кон аеродромот Шопен, кој исто така беше привремено затворен за време на безбедносната проверка.

Во Шпанија беше активиран протокол за итни случаи откако беше пријавена бомба на лет на „Рајанер“ од Манчестер кон Мурсија. Авионот слета безбедно, а припадници на Граѓанската гарда го прегледаа леталото. Откако не беа пронајдени експлозиви, протоколот за итни случаи беше укинат.

Четвртиот случај беше забележан на лет на „Виз ер“ од Бергамо кон Софија. Бугарските служби го прегледаа авионот по слетувањето во главниот град, а според соопштението од Министерството за внатрешни работи, авионот пристигнал без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

46 годишен скопјанец со кривична пријава за објавување на серии на неговиот ФБ профил

46 годишен скопјанец доби кривична пријава од секторот за компјутерски криминал за дело повреда на авторско право и пиратерија на видео материјал.

46 годишен скопјанец со кривична пријава за објавување на серии на неговиот ФБ профил

46 годишниот маж во 2024 година како администратор на фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава емитувал ексклузивни авторски права на ТВ серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер