Брат и сестра на 12 и 14 години загинаа во уривањето на зграда во Турција, спасувачите ги бараат нивните родители (ВИДЕО) - Канал 5

Брат и сестра на 12 и 14 години загинаа во уривањето на зграда во Турција, спасувачите ги бараат нивните родители (ВИДЕО)

Две деца, на возраст од 12 и 14 години, загинаа при уривање на зграда во турскиот град Гебзе, во близина на Истанбул.

Брат и сестра на 12 и 14 години загинаа во уривањето на зграда во Турција, спасувачите ги бараат нивните родители (ВИДЕО)

Малиот Емир и неговата сестра Ниса (14) загинаа под урнатините, додека спасувачите, по осумчасовно пребарување, успеаја да ја извлечат нивната најстара сестра Дилара (18) жива од урнатините и да ја префрлат во болница во свесна состојба.

Спасувачите сè уште ги бараат нивната мајка Емина (37) и таткото Левент (44), кои сè уште се заробени под урнатините и не се знае дали се живи.

„Сè уште немаме информации за таткото и мајката, а потрагата по нив сè уште е во тек. Извлековме живо 18-годишно девојче. Таа разговараше со нашите спасувачи цело време додека беше закопана во урнатините. Беше свесна кога ја извлекоа и итно беше префрлена во болница. За жал, нејзиниот помлад брат и сестра не преживеаа“, изјави за медиумите заменик-министерот за внатрешни работи на Турција, Мехмет Акташ.

Седумкатната зграда се урна ноќеска под сè уште неразјаснети околности, а безбедносните камери од друга зграда го снимија моментот кога се урна станбената зграда каде што живееше семејството на малиот Емир.

Во моментот на трагедијата, Емина и нејзиниот сопруг биле во една соба, додека Емир бил во друга со своите сестри. Сè уште не е познато точно колку други семејства живееле во зградата, како и дали некој сè уште бил внатре во моментот на уривањето.

Според турските медиуми, во зградата што се урнала имало аптека, а наводно биле зафатени само три стана.

Зградата наводно е изградена во 2012 година. Сè уште не е познато што го предизвикало уривањето.

Денот пред трагедијата, некој ја фотографирал зградата, и јасно е видливо дека еден од надворешните столбови бил напукнат и откинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука информира дека од 26 до 31 август трае рокот за аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година.

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

На повикот треба да се пријават сите студенти - како бруцоши, така и студенти од повисоките години, за да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк од 1 октомври годинава.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во државата.. Апликантите треба да се државјани на македонија и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври., посочуваат од мон..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска.

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

- Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување. Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив се со невроинвазивна форма на болеста, посочи министерот Клековски.

Тој упати апел до граѓаните - доколку забележат симптоми како: висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви — веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛС

Во 21-то коло од сезоната во МЛС, „Минесота јунајтед“ оствари убедлива победа од 5–1 на гостински терен против „Сан Хозе“, но високиот резултат не беше она за што најмногу се зборуваше по натпреварот. 

Видео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛС

Вниманието го привлече еден необичен прекин во првата минута од судиското надополнување, кога едно мало дете – на возраст од околу една година – залута на теренот.

Судијата Џаир Маруфо ја прекина играта, иако телевизискиот пренос првично не ја откри причината за тоа.

Коментаторката Киндра потоа ја разјасни ситуацијата со едноставна изјава: „На теренот има бебе“. Кратко потоа, камерите прикажаа како еден од редарите го изнесува детето од теренот.

Редарите веднаш им го вратија детето на родителите, а идентитетот на семејството не беше откриен.

„Минесота јунајтед“ исто така ја коментираше ситуацијата; покрај објавата за резултатот од натпреварот на социјалните мрежи, клубот духовито забележа: „Како да му земеш бонбона на бебе“.

По победата, се огласи и тренерот на „Минесота“, Камерон Ноулс. „Слушнавме врева, па погледнавме да видиме што се случува. Можеби е малку рано за доживотна забрана за влез на стадионот“, се пошегува Ноулс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер