Бранителот на титулата во АБА лигата стартуваше со победа - Канал 5

Бранителот на титулата во АБА лигата стартуваше со победа

Шампионот Партизан со сигурна игра и победа против Игокеа од 67:56 ја започна одбраната на титулата во регионалната кошаркарска АБА лига.

Бранителот на титулата во АБА лигата стартуваше со победа
„Црно-белите“ синоќа во Белград доминираа во дуелот со Игокеа и покажаа дека се најсериозни кандидати за највисок пласман и оваа година.

И претставникот од Македонија во ова натпреварување, тимот на МЗТ Скопје Аеродром успешно ја почна сезоната 2013/14 со победата во петокот против словенечка Олимпија со резултат 79:60.

Постигнати резултати на другите натпревари од 1.коло завршени до овој момент: Цибона – Раднички 66:68, Широки – Црвена Звезда 80:79, Крка – Будуќност 60:57 и Задар – Солнок 71:67.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ако Груби биде пуштен на слобода – виновни повторно ќе бидат СДСМ и Филипче?

Ако Груби биде пуштен на слобода – виновни повторно ќе бидат СДСМ и Филипче? Како не сме криви за Груевски и Латас?

СДСМ: Ако Груби биде пуштен на слобода – виновни повторно ќе бидат СДСМ и Филипче?

Од свечен пречек со црвен тепих и камери, преку куќен притвор, до најава за целосна слобода.

Артан Груби веројатно наскоро ќе излезе и од куќен притвор, ако обвинителот кој го извади од Шутка не поднесе обвинение во законскиот рок.

И сега се поставува логичното прашање:

Кога Груби ќе биде слободен - дали повторно СДСМ и проф. д-р Венко Филипче ќе бидат прогласени за виновни?

Секако. Тоа е стандардната матрица на организираната криминална група ВМРО и на шефот на бандата, Христијан Мицкоски.

Затоа што Мицкоски комплетно управува со правосудството.

- Обвинители поставува во живо на телевизија.

- Другите ги дискредитира и ги нарекува „медиокритети“.

- За судии поставува свои советници, сопруги на функционери на ВМРО и луѓе блиски до Сашо Мијалков.

- Судски процеси нарачува од собраниската говорница, преку медиумите, а на крај и по телефон.

Извештајот на Европската Комисија констатира најголем политички притисок врз правосудството досега.

Мицкоски е директно повикан.

Невладините организации предупредуваат.

Извештаите зборуваат за директна спрега меѓу Мицкоски и дел од правосудството.

Целиот процес околу Груби се одвива под контрола на власта што тој ја води.

И кога Груби ќе биде слободен, сценариото е веќе напишано: Виновни ќе бидат СДСМ и Филипче.

Како ние не бевме виновни кога Никола Груевски беше ослободен?

Како не бевме виновни кога Драган Павловиќ Латас беше ослободен?

Како не сме виновни кога беше укината пресудата за враќање на имотот на ВМРО-ОКГ стекнат со криминал – Белата палата?

Секогаш кога нивни човек се спасува – виновна е опозицијата.

Секогаш кога системот работи по нивна нарачка - виновни се СДСМ.

Ова е стандардната операција на ВМРО-ОКГ, со Гебелсовата пропаганда од истиот ослободен Латас, со пораки на Ванчо Михајлов, т.е Христијан Мицкоски - како што е „талог“.

Граѓаните веќе го препознаваат сценариото.

И повеќе не веруваат во него.

Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата. Власта повторно ќе биде во рацете на народот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Екс претседателот на Сирија, Башар ал-Асад осуден на смрт!

Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им беше судено во отсуство, бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија.

Екс претседателот на Сирија, Башар ал-Асад осуден на смрт!

Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им беше судено во отсуство, бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија. Нивната власт беше соборена во декември 2024 година, кога силите против режимот го зазедоа Дамаск, по што браќата побегнаа во Москва.

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад е осуден во отсуство на смртна казна поради злосторства против човештвото и воени злосторства, објави во вторник Associated Press. На истата казна е осуден и неговиот помлад брат Махер ал-Асад, како и нивниот братучед Атеф Наџиб.

Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им се судеше во отсуство бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија. Нивната власт беше соборена во декември 2024 година, кога силите против режимот го зазедоа Дамаск, по што браќата побегнаа во Москва.

Наџиб, поранешен бригаден генерал и некогашен шеф на политичката безбедност во провинцијата Дара, бил присутен при изрекувањето на пресудата. Токму тој бил еден од клучните луѓе во насилното задушување на протестите во Дара во 2011 година – настани кои го означиле почетокот на бунтот против режимот на Асад и подоцнежната граѓанска војна.

Сирискиот конфликт траеше 14 години и, според проценките, однесе околу 500.000 животи. Режимот на Асад за време на војната се соочувал со бројни обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и тортура, присилни исчезнувања и напади врз цивили.

Пресудата претставува еден од досега најзначајните обиди на новите сириски власти правно да ги гонат највисоко рангираните припадници на поранешниот режим. Наџиб е меѓу највисоките функционери на Асадовиот режим кои се појавиле пред судот по падот на власта.

Асад, сепак, останува надвор од дофатот на сириското правосудство. По неговото соборување во декември 2024 година, тој добил азил во Русија, каде што, според достапните информации, и натаму се наоѓа.

Фото: Википедија

Извор: Вечерњи лист

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Нејзините раскошни облини и денес предизвикуваат воздишки

Таа беше и останува можеби најважниот топ-модел на 90-тите, нејзините раскошни облини и денес предизвикуваат воздишки

Фото: Нејзините раскошни облини и денес предизвикуваат воздишки

Хајди Клум уште еднаш докажа дека е мајка што изгледа супер привлечно и провокативно – особено кога носи бикини.

Со најновите фотографии, таа повторно ги „запали“ социјалните мрежи.

Позната по своите атрактивни изданија што измамуваат воздишки и погледи, манекенката Хајди Клум уште еднаш ги воодушеви своите верни обожаватели ширум светот. Таа неодамна позираше за најновата колекција костими за капење на брендот „Calzedonia“ и притоа покажа навистина многу.

Славната Хајди не се срамеше да ги покаже своите прекрасни облини на 54-годишна возраст и со тој потег предизвика восхит кај многумина. Како што може да се види, таа позираше во различни модели и дезени на бикини, но најголемо внимание привлече оној со животински дезен.

Инаку, овој модел на бикини е најголемиот летен хит и оваа година, а Хајди покажа како да се носи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер