Бранителот на титулата МЗТ Скопје изненаден на домашен терен на стартот на финалето на Плеј офот - Канал 5

Бранителот на титулата МЗТ Скопје изненаден на домашен терен на стартот на финалето на Плеј офот

Голем триумф на Куманово од 87-84 над актуелниот шампион МЗЗТ Скопје А.,на гостувањето во Јане Сандански на стартот на финалето на Плеј офот.

Бранителот на титулата МЗТ Скопје изненаден на домашен терен на стартот на финалето на Плеј офот
Кошаркарите на Куманово го изненадија бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром на отворањето на финалната серија на Плеј офот, и стигнаа до брејк во супер неизвесниот воведен натпревар од финалето на Плеј офот.

Тројката на Костоски на десет секунди пред крајот на средбата и прецизно изведените слободни фрлања на Караџовски беа пресудни за големата победа на Куманово на гостински терен .
МЗТ Скопје и Куманово вечерва во Јане Сандански одиграа изедначен и неизвесен меч кој беше решен во последните секунди. Од почетокот до крајот на средбата двете екипи се менуваа во водство , но по последниот звук на сирената се радуваа гостите од Куманово.
Репрезентативното трио на Куманово , Трајковски, Костоски и Симоновски го водеше тимот до уште една голема победа во Плеј офот . Трајковски одигра маестрален натпревар и со 32 поени и 14 скока беше убедливо најдобриот поединец на дуелот во Скопје. Во домашниот состав Дреновац постигна 21 а капутенот Дамјан Стојановски 20 поени.

Во последната минута кога се одлучуваше прашањето на победникот покрај Трајковски очекувано на висина на задачата беше и капитенот на гостите Костоски кој погоди тројка за водство од 85-82.

Во следниот напад по непрецизниот шут за три поени на Дамјан Стојановски , Мијатовиќ намали на 85-84. Кошаркарите на МЗТ направија брза лична грешка над Караџовски а бекот на кумановчани беше непогрешлив од линијата за слободни фрлања за голема радост на Куманово и триумф за стартот водство во финалето на Плеј офот од 1-0. Вториот натпревар од големото финале до три победи се игра во Куманово во сабота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.

Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ.

Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб.

Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб.

Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор.

Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии.

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори.

Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб?

Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска?

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

YouTube video

Скопје, 22.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Регистриран земјотрес во Србија

Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди околината на Горњи Милановац рано утринава, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. 

Регистриран земјотрес во Србија

Според Заводот, земјотресот се случил околу 5 часот и 25 минути, на длабочина од 12 километри.

Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат поголема материјална штета во епицентралното подрачје.

Сепак, жителите на овој дел од Србија го почувствувале потресот – најверојатно оние што биле најблиску до епицентарот – и го коментирале настанот на социјалните мрежи.

„Има ли некој буден што се разбудил од земјотресот утрово?“, напиша еден корисник. „Јас бев буден, точно во 5:25“, потврди друг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната

На граничниот премин Ќафасан денеска беше промовиран системот „One Stop“ за заедничка гранична контрола меѓу Македонија и Албанија, во присуство на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, и албанскиот премиер, Еди Рама.

Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната

Со воведувањето на овој систем се заокружува процесот на воспоставување заеднички гранични контроли со соседните држави кои не се дел од Шенген-зоната, по успешната имплементација на моделот „One Stop“ со Република Србија и Република Косово.

Станува збор за значаен чекор во модернизацијата на граничното управување, кој овозможува поедноставени процедури, побрз проток на патници и возила и намалување на времето на чекање на граничните премини, без притоа да се намалат безбедносните стандарди и контролите.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека воспоставувањето на системот „One Stop“ со Албанија претставува исполнување на уште еден важен приоритет на Министерството за внатрешни работи, насочен кон олеснување на движењето на граѓаните и унапредување на регионалната поврзаност.

„Со воведувањето на системот 'One Stop' со Република Албанија го заокружуваме она што го започнавме со Србија и Косово – воспоставување современ модел на заеднички гранични контроли со сите наши соседи надвор од Шенген-зоната. Нашата цел е едноставна: граѓаните да поминуваат побрзо, да нема непотребни задржувања, а граничните служби да работат поефикасно и покоординирано. Границите треба да бидат безбедни, но истовремено и функционални, особено во време кога мобилноста на граѓаните, туризмот и економската соработка постојано се зголемуваат“, истакна Тошковски.

Дека ваквиот модел дава конкретни резултати покажува и досегашното искуство со Република Србија. На граничниот премин Табановце, каде што системот „One Stop“ беше воведен во јули 2025 година, времето на чекање во одредени периоди е намалено од неколку часа на околу 30 минути, и покрај зголемувањето на бројот на патници за 15 до 20 проценти.

Позитивните искуства од заедничките контроли со Србија, како и од граничните премини Блаце – Хани и Елезит и Јажинце – Глобочица со Република Косово, претставуваат основа за натамошно унапредување на граничното управување и со Република Албанија.

Со новиот систем на Ќафасан се овозможува координирано спроведување на граничните проверки на едно место, со што се избегнува непотребното повторување на процедурите и се создаваат услови за побрз и поефикасен премин на границата.

Ова е особено значајно за граѓаните на двете држави, за туристите и за превозниците, имајќи го предвид интензивниот сообраќај на овој граничен премин, особено во летната туристичка сезона. Покрај олеснувањето на патувањето, системот придонесува и за подобра координација меѓу граничните служби, поефикасна размена на информации и зајакнување на прекуграничната соработка.

Министерството за внатрешни работи продолжува со активности за модернизација на граничните премини, дигитализација на процедурите и унапредување на соработката со соседните држави, со цел обезбедување побрз проток на патници и стоки, повисоко ниво на безбедност и подобри услуги за граѓаните.

Воведувањето на „One Stop“ со Албанија е уште еден конкретен резултат на регионалната соработка и потврда дека со заеднички решенија границите можат да станат побрзи, поефикасни и побезбедни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер