„И Здравје и Работа“- Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат врз основа на науката и законите
1„И Здравје и Работа“- Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат врз основа на науката и законите
НБАБранителот на шампионскиот прстен Оклахома на чекор до ново финале Кошаркарите на актуелниот НБА шампион Оклахома Сити Тандер ги победија Сан Антонио Спарс со 127:114 и поведоа во финалето на Западот со 3-2 во победи.Во ноќта меѓу вторник и среда, Оклахома Сити Тандер го победија Сан Антонио Спарс во петтиот натпревар, го одбранија домашениот терен и недозволија брејк . Најефикасен на дуелот беше актуелниот МВП Шеј Гилџис-Александар со 32 поени, 2 скока и 9 асистенции но со очајни проценти само 39% од поле, во шутевите за два и три поени: Шеј беше одличен од линијата за слободни фрлања 17/ 16 . Следен најефикасен играч беше Алекс Карузо, кој имаше 22 поени и 6 асистенции, а впечатокот е дека тој беше најдобриот поединец на натпреварот меѓу Тандер и Спарс. Од другата страна,најрасположени за постигнување на поени беа Стефон Касл со 24 поени, 5 скока и 6 асистенции, Џулијан Шампени додаде 22 и имаше 8 скока, Виктор Вембањама имаше 20 и 6 скока, а Келдон Џонсон го заврши натпреварот со 15 поени. Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„И Здравје и Работа“- Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат врз основа на науката и законите„И Здравје и Работа“ е локална иницијатива од југоисточниот регион која се залага за економски развој на регионот преку почитување на највисоките еколошки стандарди и заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека јавната дебата за проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ предолго е заложник на стравови, шпекулации и дезинформации, наместо на научни факти, современи технологии и институционални процедури. Денес, современото рударство нема ништо заедничко со практиките од минатото. Технологиите што се применуваат во најразвиените земји овозможуваат високо ниво на заштита на животната средина и значително ги намалуваат потенцијалните ризици. Проектот „Иловица–Штука“ предвидува примена на технологијата Dry Stack Tailings – суво одлагање на јаловината, која е препознаена како едно од најсовремените решенија во рударската индустрија. Тоа значи дека не е предвидено класично хидројаловиште со брана, туку филтрирана јаловина со минимална содржина на вода, со што се намалуваат ризиците поврзани со складирањето на рударскиот отпад. Покрај тоа, проектот предвидува системи за управување, контрола и мониторинг на површинските и подземните води, како и мерки за нивна заштита во согласност со законските барања и еколошките стандарди. Токму затоа, доколку проектот ги исполни сите пропишани услови и ги добие потребните одобренија од надлежните институции, нема основ однапред да се отфрла неговата реализација. Сметаме дека никој нема право да ја игнорира науката, мислењето на стручната јавност и законските процедури само затоа што тоа одговара на однапред создадени ставови. Одлуките за инвестиции од вакво значење мора да се носат врз основа на докази, стручни анализи и институционални проценки, а не под притисок на дезинформации или политички калкулации. Во време кога Европа обезбедува сопствени извори на критични минерали, а соседните држави отвораат нови можности за инвестиции и развој, Македонија не смее да си дозволи да остане настрана поради неосновани стравови. Нашата држава има потреба од нови инвестиции, добро платени работни места и развојни проекти кои ќе создадат перспектива за младите луѓе. Секоја одлука што би значела отфрлање на ваков проект без да се темели на законските процедури, стручните анализи и научните докази, би била спротивна на долгорочниот интерес на државата и на граѓаните кои очекуваат економски развој, повисок животен стандард, нови можности за вработување и услови својата иднина да ја градат дома, а не надвор од Македонија. Затоа ја повикуваме Владата да не ја пропушти можноста Македонија да стане дел од европскиот синџир за снабдување со критични минерали, кои денес се од стратешко значење за економијата, енергетската транзиција и индустрискиот развој на Европа. Веруваме дека институциите имаат обврска да донесуваат одлуки врз основа на законите, научните докази и стручните проценки, а не под влијание на дезинформации или неосновани стравови. Доколку проектот ги исполни сите законски, технички и еколошки услови, неговата реализација треба да биде поддржана како инвестиција од национален интерес. Тоа би значело нови работни места, поголеми приходи за локалната економија, подобар животен стандард и реална можност повеќе млади луѓе да ја гледаат својата иднина во Македонија, наместо надвор од неа. Во спротивно, ризикуваме повторно да ја пропуштиме шансата за значајна инвестиција и економски развој, додека другите земји во регионот ги користат своите природни ресурси за да создадат нови можности за своите граѓани. Соопштение на „И Здравје и Работа“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕвакуирани се 400 туристи поради пожар во Италија, акцијата е во тек (ВИДЕО)Италијанската крајбрежна стража денеска објави дека евакуирале повеќе од 400 луѓе по море поради пожар во општината Пешичи во регионот Апулија во јужна Италија.„Досега, повеќе од 400 туристи и капачи се евакуирани по море, што е единствениот можен начин за евакуација“, објави крајбрежната стража на каналот WhatsApp во недела попладне. Портпарол на крајбрежната стража изјави за АФП дека се очекува евакуација на уште приближно 300 луѓе. Incendio sul Gargano, Canadair in azione a Peschici. Il velivolo si rifornisce in mare davanti alla spiaggia di Crovatico #ANSA/Martina D’Addetta e Gianfranco Gorgoglione pic.twitter.com/uPrNWbBNuY — Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) July 26, 2026 „Ситуацијата моментално е под контрола“ „Операциите сè уште се во тек и вклучуваат шест брода на крајбрежната стража, три брода на царинската стража, како и десетина приватни бродови кои се користат за превоз на патници и обезбедување поддршка на спасувачките операции“, се додава во соопштението. Incendio a Peschici, il racconto e le testimonianze pic.twitter.com/tDQ4bApIZ7 — Tgr Rai Puglia (@TgrRaiPuglia) July 26, 2026 На фотографиите се прикажани противпожарни возила и противпожарна гарда како се борат со овој пожар, кој моментално не ги загрозува домовите, но облакот од чад може да се види од растојание од неколку десетици километри. „Чекаме пристигнување на Канаѓани од Рим. Ситуацијата моментално е под контрола“, изјави градоначалникот на Пешичи, Луиџи д'Аренцо, за локалниот весник „Ла Газета дел Мецоџорно“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
ЕвропаУбиен е терористот од Берлин- го издале неговите најблиски Абдул Балут (27), осомничен за извршување на терористички напад на Парадата на гордоста во Берлин синоќа, беше убиен денес во полициска операција во тој град.Абдул Балут (27), осомничен за извршување на терористички напад на Парадата на гордоста во Берлин синоќа, беше убиен денес во полициска операција во тој град, откако луѓе од неговиот најблизок круг наводно ѝ кажале на полицијата каде се крие! Балут е убиен во берлинскиот кварт Шпандау, во градинарска куќа која наводно му припаѓа на неговиот татко. Според Билд, Балут наводно нападнал полицајци со нож за време на операцијата. Потоа полицијата отворила оган. 21-годишникот бил погоден и починал од повредите во 18:34 часот. Сведоци изјавиле дека за време на рацијата во градинарската куќа, слушнале два рафали, секој со четири истрели, со разлика од неколку минути. Според Билд, полицијата го пронашла Балут благодарение на информации од неговата лична околина. За потсетување, Балут беше обвинет дека возел бел комби „Цитроен“ низ паркот Тиергартен синоќа на крајот од Берлинската парада на гордоста. Една жена беше убиена, а 29 лица беа повредени, некои сериозно. Наводно, тој излегол од возилото по нападот и почнал да ги сече луѓето со мачета, пред да избега. Полицијата го бара од синоќа. Како што претходно објавивме, Балут претходно ѝ бил познат на полицијата за бројни кривични дела, а неодамна бил под „надзор“ поради сомнение за поддршка на Исламска држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook