3Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов
Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
1Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
ЖивотБрачна советничка: Знаци кои укажуваат дека сте во токсична врска и време за прекинНездравиот однос може сериозно да наруши ја самодовербата и емоционалната стабилност кај една личност, тврди брачната советничка Лиен Авила.„Ако некогаш сте биле во таков однос, знаете колку тој може да биде збунувачки и исцрпувачки. Понекогаш останувате со чувството на емоционална изолација, прашувајќи се дали вашата врска е осудена на пропаст", изјави таа за YourTango. Препознавањето на знаците кои укажуваат на токсична врска е првиот чекор кон донесување одлука што ќе ви донесе внатрешен мир и сигурност. Затоа, терапевтот сподели знаци кои укажуваат дека врската станала токсична и дека можеби е време за прекин. Критикување без поддршка. Не поддржување на вашите соништа (амбиции). Партнерот секогаш „знае подобро“. Вие сте одговорни за нивните емоции. Контрола над вашето време. Лажни обвинувања. Финансиска контрола. Се чувствувате недоволно добри. Јавно понижување Омаловажување на вашите чувства. Вашите проблеми не се важни. Постојано се чувствувате виновни. Не смеете да правите грешки. Игнорирање и исклучување. Злонамерни шеги. Изолација од семејството и пријателите. Постојана контрола преку пораки и повици. Закани кон вас или кон себе. „Еден вид на нездрав однос е емоционалното злоставување. Емоционалното злоставување е исто толку штетно како и физичкото и сексуалното злоставување. Целта е да се понижи и контролира жртвата, и преку зборови и постапки да се доминира над неа. Тоа може да се случи во секој близок однос, вклучително и пријателство или работен однос. Ако сте во емотивно насилен однос, важно е да запомните дека вие не сте проблемот, иако злоставувачот ќе направи сè да ве увери во спротивното – наведува терапевтот. Таа додава дека, ако личноста е во емотивно насилна врска, се поставува прашањето - зошто останува? Но, тој тврди дека нема едноставен одговор на тоа. „Постојат многу теории, но ниту една не е дефинитивна. Дали е тоа последица на нездраво детство? Можеби. Дали е резултат на социјализацијата? Можеби. Или е генетски условено? Можеби", истакнува таа. Значи, важно е да ги препознаете знаците и да реагирате навреме.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВо Сараево ноќеска никој не спиеше по победата на Светското првенство (ВИДЕО)Победата на Босна и Херцеговина против Катар предизвика голема прослава во Сараево, каде што илјадници навивачи се собраа на плоштадите, улиците и фан-зоните за заедно да го гледаат натпреварот од Светското првенство.Ерупција од воодушевување следеше по последниот свиреж на судијата. Навивачите пееја, се прегрнуваа и славеа со факели, знамиња и песни, а центарот на градот на моменти изгледаше како голема навивачка сцена. Меѓу собраните имаше навивачи од сите генерации - од најмладите кои го следеа натпреварот во дресови на националниот тим до постарите фудбалски навивачи кои живееја заедно секој момент од натпреварот. Особено емотивни сцени беа забележани по победата, кога навивачите се прегрнуваа и се фотографираа за да го овековечат моментот. Што е следно за Босна и Херцеговина? Со победата против Катар, Босна и Херцеговина го заврши својот настап во Групата Б со четири бода. По нерешено против Канада, пораз против Швајцарија и победа над Катар, БиХ го освои третото место во групата и се приближи до пласман во нокаут фазата. View this post on Instagram A post shared by Sportal.rs (@sportalrs) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
ЗдравјеМедицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителствотоСтолевска уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите.Медицинската сестра, Стефани Столевска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), во видео обраќање, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација, уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите. -Како медицинска сестра-анестетичар и дел од тимот за трансплантација на органи најпрво би сакала да изразам огромна благодарност кон семејствата на пациентите коишто се наоѓаат во многу тежок момент за донесување одлука за дарување орган. Во тој момент се наоѓаат во многу тешка ситуација, а истовремено придонесуваат да се продолжи нечиј друг живот. Сакам да упатам апел кон целата популација во нашата држава за што почесто дарување на органите, затоа што сите сме потенцијални пациенти, потенцијални донори и никогаш не знаеме што би било во иднина, истакнува Столевска Министерот за здравство, Азир Алиу посочува дека со ова видео ја продолжуваме кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, за да ја зајакнеме јавната свест, довербата и подготвеноста за разговор на оваа тема. -Последните трансплантации на срце и бубрег уште еднаш нè потсетија дека зад секој спасен живот не стои само медицинска експертиза, туку и една длабоко хумана одлука. Најсилната порака денес доаѓа од докторите, затоа што тие секојдневно ги гледаат и болката на семејствата и надежта на пациентите што чекаат трансплантација, порачува министерот Алиу. Тагови: органодарителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 32 загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела (ВИДЕО)Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 беа повредени во два земјотреса, со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, кои ја погодија Венецуела утрово по средноевропско време.Се очекува бројот на жртви значително да се зголеми, а многумина се водат како исчезнати. Земјотресите го погодија северниот дел на Венецуела, западно од Каракас. Venezuela 🇻🇪: Entire homes collapsed in the town of Diego Ibarra in Carabobo state. pic.twitter.com/UsllX7YEsm — Thomas van Linge (@ThomasVLinge) June 25, 2026 Вршната претседателка Делси Родригез прогласи вонредна состојба откако два земјотреси и последователни потреси ја погодија земјата, соборувајќи згради во главниот град Каракас и на други места, и им изрази сочувство на семејствата на загинатите во обраќање на државната телевизија. Edificio Oasis, Playa grande La Guaira, Venezuela Totalmente colapsado ! Tremendo como se oyen los gritos!! pic.twitter.com/pY8pSy2SPr — Alerta Mundial (@TuiteroSismico) June 25, 2026 „Десетици згради се урнаа и во моментов спроведуваме многу интензивни спасувачки напори за да спасиме што е можно повеќе животи. Исто така, сакам да кажам дека ова е вистинска трагедија. Оттука испраќаме порака за солидарност и повторно изразуваме сочувство и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во овие тешки часови“, рече Родригез. Venezolano se graba corriendo las escaleras de su edificio mientras ocurría los dos terremotos que azotaron Venezuela, se pueden ver como las escaleras están agrietadas. pic.twitter.com/PWcRqTq87I — 🇻🇪 amilcarrock 🇺🇦 (@amilcarrock) June 25, 2026 Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00