Брачна двојка за секунда останале без 160.000 евра- измамата тешко се препознава - Канал 5

Брачна двојка за секунда останале без 160.000 евра- измамата тешко се препознава

Во германската покраина Мекленбург-Западна Померанија, еден пар од градот Самтенс изгубил речиси 160.000 евра поради софистицирана измама со лажен повик од „банка“.

Брачна двојка за секунда останале без 160.000 евра- измамата тешко се препознава

Жена (69) добила повик од лице кое се претставило како вработено во нејзината банка, тврдејќи дека на нејзината сметка се забележани неправилности. Бидејќи на екранот се појавил број што го препознала, таа не се посомневала во автентичноста на повикот и ги дала своите податоци за пристап и TAN кодови, објави Феникс.

Измамниците дури и ѝ испратиле QR кодови преку апликација за пораки за да генерира нови TAN кодови. Следниот ден, жената забележала непознати трансакции и веднаш ги блокирала сите сметки, но останала без 160.000 евра.

Полицијата вели дека станува збор за таканаречена измама со „лажирање“ - кога измамниците лажираат телефонски броеви за да изгледа дека повикот доаѓа од банка или друга официјална институција.

На граѓаните им се препорачува да бидат претпазливи:

- Дури и ако бројот ви изгледа познато, не му верувајте веднаш. „Завршете го повикот и контактирајте ја вашата банка директно“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Камерон Дијаз по враќањето на глумата, има нов филм- ќе се појави кон крајот на годината

Камерон Дијаз го продолжува своето враќање кон глумата со новата акциона комедија „Лош ден“, која пристигнува на Нетфликс на 11 декември. 

Камерон Дијаз по враќањето на глумата, има нов филм- ќе се појави кон крајот на годината

Заедно со датумот на премиерата, стриминг услугата ги објави и првите фотографии од филмот.

Во филмот, Дијаз игра самохрана мајка за која еден обичен ден се претвора во низа проблеми. Додека поминува низ она што може да биде најлошиот ден во нејзиниот живот, таа се обидува по секоја цена да го одржи ветувањето што ѝ го дала на својата ќерка.

Филмот е режиран од Џејк Шимански, познат по својата работа во познатата серија „Должност на жирито“, додека сценариото го пишува Лаура Солон. Бо Бауман е продуцент, а Солон и Марк Моран се извршни продуценти.

Дијаз ја предводи екипата во која се Даниел Брукс, Рензи Фелиз, Џон Хигинс, Марк Дуплас, Џесика Белкин, Ед О'Нил, Роб Кордри, Ајден Мајери, Бен Шварц, Рета, Ема Пирсон, П.Џ. Бирн, Шери Кола, Еди Патерсон и Бек Бенет.

Нетфликс сè уште не откри многу повеќе детали за заплетот, а првите фотографии даваат само краток увид во она што ги очекува гледачите.

Продолжува со враќањето по десетгодишна пауза

За Дијаз, Лошиот ден е уште еден проект по долго отсуство од Холивуд. Актерката, позната по филмовите „Сите се луди за Мери“, „Маската“, „Одмор“ и серијата „Чарлиевите ангели“, не снимала филмови речиси десет години.

Таа се врати на глумата со акционата комедија на Нетфликс „Назад во акција“, во која глумеше заедно со Џејми Фокс. Тоа беше нејзиниот прв филм по „Ени“ од 2014 година.

Сепак, 53-годишната актерка не сака однапред да утврди со кое темпо ќе продолжи нејзината кариера. Во интервју за списанието „Емпајр“, таа објасни дека сака да ја задржи слободата да одлучува за секој иден проект.

„Тешко е да се објасни. Ако кажам нешто, тоа веднаш станува голема приказна“, рече таа.

„Го задржувам правото никогаш повеќе да не снимам филм, но исто така и да прифатам улога доколку сакам. Не однапред одредувам ништо. Отворена сум за она што има смисла за мене и моето семејство во одреден момент“, додаде таа.

„Лош ден“ пристигнува на Нетфликс на 11 декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И натаму многу топло време со температура до 38 степени, утре попладне дожд и грмежи

Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

И натаму многу топло време со температура до 38 степени, утре попладне дожд и грмежи

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

23 Попова Шапка, 30 Крушево, 31 Маврови Анови, 32 Берово, 33 Претор, 34 Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп, 35 Тетово, 36 Струмица, Виница, 37 Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, 38 Скопје Зајчев Рид, Скопје Петровец, Штип, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес претпладне беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладнето, во западните и централните делови на Македонија, имаше развој на нестабилност проследена со пороен дожд, град, засилен ветер и грмежи. До крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови временските услови ќе се стабилизираат.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот

Пожарите во околината на Скопје, го обвија главниот град во густ чад и непријатна миризба...

Пожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот

Скопје попладнево се искачи на самиот врв по загаденост во светот..

Афродита Рамос ја имаме во живо.. Афродита, во претходното издание на вестите се јави од скопско Залениково, каде што гори на Китка.. Сега си на Водно..

Како изгледа главниот град доцна попладнево?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер