3Беким Сали – Кристоф Исранг: Партнерството со Германија и конкретните реформи го забрзуваат европскиот пат
ЖивотБрачен пар од Србија осуден на затвор во Данска во својата фирма експлоатирале двајца Романци !!Маж и жена од Србија осудени се во Данска на затворска и парична казна поради експлоатација на брачна двојка од Романци, која три години во нивната фирма работеле како хигиеничари.Осудениот српски брачен пар ги терале Романците да работат и по 18 часа на ден за месечна плата од 3000 круни или 400 евра, што е далеку под законскиот минималец во Данска , пишуваат српските медиуми. Колку српскиот пар ја експлоатирал двојката од Романија покажува и фактот што Романците спиеле во адаптираната тераса од фирмата која има само 6 квадратни метри без никакво греење и изолација. Романците инаку пред судијата изјавиле дека не им било проблем спиењето во неизолираниот балкон и дека во зима не им билот студено. -Бевме задоволни што имавме работа и било каков покрив над главата. Креветите ние беа сосема доволни“ , изјавиле Романците пред судот. Данскиот суд оценил дека Србите намерно донеле помошници од Романија , бидејќи тие не ги знаеле законите во данска за работа и заштитата на човечките права , кои се на најголемо ниво. Романците поради тоа преживеале вистинска голгота во претходните три години, се до моментот кога за нивниот случај дознала полицијата. Судот во градот Хелзингор на 41 годишниот Србин му одредил затворска казна во траење од две години , а неговата сопруга во затвор ќе мине 18 месеци. Покрај тоа тие ќе мора да платат и казна од околу 40 000 евра ,а на брачниот пар од Романија ќе мора да им исплатат околу 80 000 евра , колку судот проценил дека е нивниот долг за претходните три години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Шоу бизЗдравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратенНајголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година. Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови. Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени. Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек. Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.Тагови: здравко чолиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМајка во грција продала дете за 3.500 евра Две жени во Грција се под истрага и се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полициските проверки откриле сомнение дека новороденче било продадено од неговата мајка на друга жена во замена за пари.Според информациите објавени од грчката државна телевизија ЕРТ, 40-годишната мајка се сомничи дека на почетокот на оваа година го предала своето новородено бебе на 32-годишна жена од Аспропиргос, населено место западно од Атина. За продавањето на детето, наводно, добила 3.500 евра, а сомнежите се дека парите ги искористила за да купи автомобил.Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканскиот носач на авиони го напушти Блискиот Исток по три месециАмериканскиот носач на авиони по три месеци го напушти Блискиот Исток-Трамп го повлекува моќниот воен брод – еве каде се враќа Неговото заминување се случи само неколку дена откако носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигна на Блискиот Исток. Американскиот носач на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ го напушти Блискиот Исток по тримесечен престој во регионот, кој се одвиваше во контекст на војната со Иран. Оваа информација ја пренесе „USNI News“, повикувајќи се на претставник на американската морнарица. Сепак, морнарицата не даде дополнителни детали во врска со заминувањето на воениот брод. Според американски претставници, „УСС Џорџ Вашингтон“ најверојатно се враќа во својата матична база во Јапонија. Неговото заминување доаѓа само неколку дена откако носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигна на Блискиот Исток, придружувајќи му се на „УСС Џорџ Х.В. Буш“. „УСС Џорџ Вашингтон“ е единствениот американски носач на авиони што е трајно стациониран надвор од територијата на Соединетите Држави. Негова матична база е Јокосука, Јапонија, а во Блискиот Исток пристигна во август. Според претходна изјава на Централната команда на САД (CENTCOM), со неговото пристигнување беше заменет носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, кој претходните девет месеци ги помина во регионот, поддржувајќи воени операции против Иран – вклучително и блокада на иранските пристаништа. Заминувањето на „УСС Џорџ Вашингтон“ од Пацификот во август, исто така, имаше пошироки импликации за военото присуство на САД во тој регион, бидејќи Соединетите Држави останаа без носач на авиони во западниот дел на Пацификот.Тагови: американски бродови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook