Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
МакедонијаБожиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката-Енергетиката е ’рбетот на државата, а жените се нејзиниот неискористен интелектуален мотор. Ако исклучиме половина од човечкиот потенцијал, ние веќе сме во енергетски дефицит, порача Божиновска. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше и се обрати на kick-off настанот на проектот PULSE и Мрежата на жени на ЕВН Македонија, каде силно ја поддржа иницијативата за зајакнување на родовата еднаквост и инклузивноста во енергетскиот сектор. Во своето обраќање, министерката истакна дека енергетската транзиција е и длабоко социјален и економски процес, во кој вклученоста на жените е клучен предуслов за успех. -Енергетиката е ’рбетот на државата, а жените се нејзиниот неискористен интелектуален мотор. Ако исклучиме половина од човечкиот потенцијал, ние веќе сме во енергетски дефицит, порача Божиновска. Таа, како што велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, нагласи дека нов систем не може да се изгради со стар менталитет и дека одржливата енергетска транзиција бара жени таму каде што се носат одлуките, се водат проектите и се распределуваат ресурсите. Министерката потсети дека енергетскиот сектор глобално поминува низ најдлабоката трансформација во својата историја – од декарбонизација и дигитализација, до интеграција на обновливи извори и паметни мрежи – процеси кои бараат нови вештини, аналитичност, иновативност и флексибилност, токму оние квалитети каде жените можат и треба да имаат водечка улога. Како значаен показател за напредокот, Божиновска посочи дека за првпат во 2024 година капацитетот на соларната енергија во земјава го надмина оној на хидроенергијата, што претставува огромен успех за зелената агенда, но и сериозен инженерски и менаџерски предизвик за дистрибутивната мрежа. -Модерната енергетика бара лидерство што знае да води промена и култура што знае да задржи талент. Различноста не е прашање на правичност, туку предуслов за прагматични и издржливи решенија, истакна таа. Министерката се осврна и на постојните бариери за напредок на жените во секторот, посочувајќи дека тие не се резултат на недостиг на самодоверба, туку на застарени корпоративни модели и нефлексибилни системи што не ги препознаваат и вреднуваат нивните лидерски вештини. -На тоа не треба да се гледа како на чин на љубезност кон жените, туку паметна деловна одлука. Тимовите со родова различност носат повеќе иновации, подобра профитабилност и подобро управување со ризици. Ако губиме талент, ние свесно губиме и иднина, порача Божиновска. Таа ја поздрави посветеноста на ЕВН Македонија, како потписник на Принципите за зајакнување на жените (WEPs) на Обединетите нации и иницијатор на проектот PULSE, оценувајќи дека оваа програма не е „паралелна приказна“, туку дел од моторот на трансформацијата на секторот. -Одржлива енергија бара одговорна компанија, а одговорна компанија бара лидерство што ги отвора вратите за најдобрите. PULSE и Мрежата на жени во ЕВН Македонија се токму тоа – пулсот на новата енергетика, истакна министерката. Божиновска им порача на младите жени во енергетиката да „не чекаат дозвола за да водат, заземете го своето место. Не ги замолчувајте своите идеи, кажете ги гласно. Посилни сте отколку што мислите“. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како што нагласи таа, останува отворено за соработка со приватниот сектор преку интегрирање на родовата компонента во сите енергетски стратегии и политики. -Заедно пулсираме напред – ги зајакнуваме жените, го зајакнуваме нашиот сектор и ја предводиме енергетската иднина“, порача министерката Божиновска.Тагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter