Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаБожиновска: Зависноста од еден снабдувач е минато, иднината припаѓа на диверзифицирани, одржливи, сигурни енергетски решенијаКако што истакна Божиновска, следните три дена Македонија ќе биде центарот на глобалниот енергетски дијалог. Енергетската транзиција не е само технолошки, туку и општествен процес што бара храброст да се променат навиките, бара визија за носење долгорочни одлуки и подготвеност да се инвестира во решенија што не носат брзо резултати, но создаваат посигурна и поодржлива иднина за следните генерации, порача министерката за енергетика Сања Божиновска во воведното обраќање пред официјалниот почеток на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) насловен „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“ што се одржува во Скопје. Како што истакна Божиновска, следните три дена Македонија ќе биде центарот на глобалниот енергетски дијалог. -Енергетската отпорност денес значи способност системот да се прилагоди и да продолжи да функционира дури и во услови на глобална неизвесност. Зависноста од еден извор или снабдувач денес е минато, иднината припаѓа на диверзифицираните, одржливи, сигурни енергетски решенија, напомена министерката. Иднината, како што кажа, припаѓа на диверзифицирани, одржливи и сигурни енергетски решенија. Но, енергетската транзиција не е само технолошки, туку и општествен процес, кој бара храброст да се променат навиките, визија за носење долгорочни одлуки и подготвеност да се инвестира во решенија што не носат брзи резултати, но создаваат посигурна и поодржлива иднина за следните генерации. Енергетската отпорност, денес, според неа, значи способност системот да издржи, да се прилагоди и да продолжи да функционира дури и во услови на глобална неизвесност и да функционира стабилно и прилагодливо и во услови на глобална неизвесност и геополитички потреси. Зависноста од еден извор или снабдувач, забележа дека е ризик од минатото. - Во оваа нова ера, технологијата и вештачката интелигенција се наш сојузник, а не закана. Тие можат да помогнат да ја предвидиме побарувачката, да ја оптимизираме потрошувачката и да ја подобриме достапноста на енергијата. Но, енергијата, мора да ја користиме паметно, со фокус на луѓето, не само на машините, рече Божиновска. Енергетската транзиција, нагласи, не е трка меѓу држави. - Таа е заедничко патување. Ниту една земја, колку и да е голема, не може сама да се справи со климатските предизвици. Но, заедно можеме да изградиме посигурни, поотпорни и почисти системи. Нашата улога како министри и лидери е да создадеме услови оваа транзиција да биде фер, одржлива и инклузивна и да се погрижиме никој да не остане зад нас, истакна ресорната министерка. Владата, потсети, го гради интерконекторот со Грција и со Србија, инвестиција што, според Божиновска, ќе обезбеди директно снабдување за илјадници домаќинства и индустрии, но ќе и помогне и на Европа за подобра поврзаност и сигурност при снабдувањето со гас. Подвлече дека работат и на модернизирање на преносната мрежа, инвестираат во дигитализација и складирање на енергија. -Оваа земја има потенцијал, потенцијал на луѓе кои не се плашат да работат, на институции кои сакаат да се докажат и на една генерација која не сака да чека, туку да создава. И тоа е суштината на оваа конференција - од зборови кон акција, рече Божиновска. Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григоријан, порача дека Форумот доаѓа во време на големи гобални предизвици и интензивирани последици од климатските промени врз економската неизвесност и се поголеми геополитички проблеми. -Во тој контекст мора да препознаеме дека енергетеската сигурност и климатската отпорност се две страни на иста медалја. Мора да се движиме од преземни обврски кон конкретна имплементација, бидејќи одржливата енергија претставуа камен-темелник на нашата одржлива колективна иднина, рече Грегоријан и посочи дека УНДП ширум светот е ангажиран во активно одржување на оваа агенда. Наша цел, додаде, е да им обезбедиме на повеќе од 500 милиони луѓе ширум светот економски одржливо и сигурно снабдување со енергија. -За тоа УНДП развива соработка со сите, при што регионалната соработка е нашиот мултипликатор кој води кон системски промени. Овој форум претставува суштинска платформа за таа цел. Заедно со Енергетската заедница можеме да инвестираме во прекугранично складирање на енергија и на тој начин да овозможиме енергетска независност. Клучно прашање е како да обезбедиме одржливост, инклузивнкост и просперитет за сите. Најважно е да се развие пазарот рече Грегоријан. Нагласи дека децентрализираните енергетски системи не се повеќе прашање на избор, тие, како што кажа, се стратешка одлука и носат отпорност, пониски трошоци и енергетска независност. -Време е да се одри со храбри цели, а тоа е исфлрање на електраните кои работат на јаглен во фази и зголемување на капацитетите за одржлива енергија. Мораме да обезбедиме и дигитални системи за користење на податоците и користење на вештачката интелигенција за планирање, анализирање и имплементирање на политики и проекти базирани на докази. Дигиталните платформи обезбедуваат мониторинг во реално време, како и флексибилни пазари. На тој начин енергетсктие системи ќе станат пофлексибилни и поотпорни, рече Грегоријан. Порача дека Форумот ќе покаже како дигиталната иновација ја претвора комплексноста во можност и додаде дека сепак луѓето се најбинти за енергетската транзиција. Татијана Молчан, извршна секретарка на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) рече дека се наоѓаме на еден крстопат кога се работи за мултилатерализмот во енергијата. -Глобалната енергетска транзиција претставува не само историска можност за одржлив развој, туку и голема одговорност. Мора да градиме отпорни енергетски системи, коишто ќе осигураат безбедна, пристапна и еколошки одржлива енергија. Во следните три дена на овој форум ќе се зборува за многу аспекти на енергетската транзиција - од олеснување на е-мобилноста до тоа како да се обезбеди праведна транзиција во којашто никој нема да би да заборавен, како да се развијат одржливи критични минерали и покривање, односно затворање на јазот во финансиите. Нашата цел и од сите партнери е да најдеме практични решенија за споделување на национални стратегии, за да прикажеме иновативни технолошки решенија од меѓународните организации, приватниот сектор, академската заедница и да обезбедиме финансиски механизми и партнерства за инвестиции, рече Молчан. Порача дека никој нема да успее ако работиме изолирано. -За да бидеме успешни, мора да бидеме ефективни чинители, да ги разбереме сеопфатните ефекти што ги имаат изборите во нашите политики. Многу ми е мило што нашите регионални комисии УНДП постојано се во соработка со нас и поттикнувам на еден ваков дијалог помеѓу различни експерти и носители на политики, не само во овој регион, туку и од целиот свет. Ова претставува еден модел како може најефективно да се осврнеме на меѓусекторските предизвици со ограничено време и ресурси, посочи Молчан. Нагласи дека употребата на експертизата и ресурсите во системот на Обединетите Нации ќе биде уште поважна кога Иницијативата Обединети Нации 80 ќе ги трансформира Обединетите Нации. -Оваа иницијатива ќе има влијание на сите нас, на сите организации, но и најмногу на тоа како ние ќе и дадеме поддршка на нас, на вас како земји членки. Многу е важно да разбереме кои се вашите приоритети преку дијалог, за да можеме најефективно и ефикасно да ги задоволиме вашите потреби за правична, праведна енергетска транзиција. Предизвиците пред нас се огромни, но исто така и можностите. UNECE е тука со другит еорганизации на ОН да им помогне на змејите членки за да бидеме сигурни дека енергијата не е само двигател на праведна транзиција и економски развој, туку е катализатор за одржливост и отпорност, посочи Молчан. На Форумот во фокусот ќе бидат енергетската транзиција, технологијата и пазарите, производството на енергија и соработката за обезбедување енергетска сигурност.Тагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter