СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!
2СДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!
МакедонијаБожиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државатаМинистерката Божиновска порача дека секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи претставува дел од процесот на градење посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата когенеративна централа на „ТЕССА Енерџи“ во Општина Чаир, на настан на кој присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. Министерката Божиновска порача дека секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи претставува дел од процесот на градење посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем. „За нас како Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, секој нов капацитет има пошироко значење. Нашата цел е да изградиме енергетски систем кој ќе биде сигурен, стабилен, модерен и конкурентен – систем кој ќе може да одговори и на потребите на граѓаните и на растечките потреби на индустријата“, истакна Божиновска. Таа нагласи дека енергетската сигурност денес не е само прашање на производство на електрична енергија. „Енергетската сигурност е прашање на економска стабилност, конкурентност, инвестиции и квалитет на живот. Секој нов мегават домашно производство значи дополнителен капацитет и поголема отпорност на нашиот систем во услови на променливи цени и неизвесности на европските и светските енергетски пазари“, порача министерката. Божиновска посочи дека развојот на енергетиката мора да продолжи со инвестиции во нови производни капацитети, но истовремено и со сериозни вложувања во мрежата, инфраструктурата, енергетската ефикасност, обновливите извори и современите технологии. „Тоа е патот кон енергетски систем кој нема само да произведува повеќе енергија, туку ќе биде подобро управуван, поотпорен и подготвен за предизвиците што ги носи новото време“, нагласи Божиновска. Министерката испрати јасна порака дека Македонија има потреба од нови инвестиции во енергетиката и дека Министерството ќе продолжи да создава предвидлива и стабилна средина за нивна реализација. „Енергетските инвестиции можат и мора да се реализираат ефикасно, одговорно и во согласност со утврдените правила и стандарди. Нашата задача како институција е да создадеме услови за развој, но истовремено да го чуваме јавниот интерес и да обезбедиме сигурен и стабилен енергетски систем за државата“, истакна Божиновска. Таа додаде дека за Министерството е особено важно домашните инвеститори да имаат доверба и сигурност да вложуваат во енергетската иднина на државата. „Нашата порака е јасна – Македонија треба да продолжи да гради, да инвестира и да создава нови енергетски капацитети. Но секоја инвестиција треба да носи поширока вредност – за економијата, за локалната заедница и за иднината на државата“, порача министерката. Новата когенеративна постројка на „ТЕССА Енерџи“ е реализирана врз основа на Овластување за изградба на енергетски објект издадено од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, по успешно завршени технички прегледи и функционални испитувања. Тоа покажува дека енергетските инвестиции можат да се реализираат ефикасно, одговорно и во согласност со утврдените правила и стандарди. Постројката има инсталирана моќност од 2,106 MW за производство на електрична енергија и капацитет од 2,6 MW топлинска енергија. Инвестицијата претставува прва фаза од поширок план за развој и модернизација на поранешната Топлана Скопје Север во современ енергетски центар. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со политики кои значат повеќе домашни капацитети, поголема енергетска сигурност и стабилен систем – затоа што силната енергетика е основа за силна економија и сигурна иднина на државата. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Утре наместа ќе дува силен јуженСпоред УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.Тагови: ветер УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКрај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказАнглискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед повлече радикален потег и му врачи отказ на менаџерот Мајкл Керик! Англискиот стручњак повеќе не е тренер на „Црвените ѓаволи“, а одлуката на раководството на клубот уследи по катастрофалниот почеток на сезоната и резултатите што го доведоа гигантот од „Олд Трафорд“ во сериозни проблеми. Веста за заминувањето на Керик беше истовремено објавена од водечките британски медиуми, а набргу пристигна и официјална потврда од клубот. Раководството на Јунајтед процени дека е неопходна промена на тренерската клупа, откако тимот оствари само една победа во првите десет кола од Премиер лигата и се најде во зоната за испаѓање. Керик го презеде тимот на почетокот на годината, а по успешниот завршеток на минатата сезона, ја доби довербата на раководството во вид на постојан договор, потпишан во мај. Потоа, под негово водство, Јунајтед стигна до третото место, но продолжувањето на соработката не ги донесе очекуваните резултати. Како што пренесуваат медиумите, челниците на клубот, Омар Берада и Џејсон Вилкокс, разговарале со актуелниот тренер и го известиле за одлуката тој да си замине. Веќе се знае кој треба да седне на „жешкото столче“ во англискиот гигант. Маурисио Покетино постигнал начелен договор со Манчестер Јунајтед, но постои една важна пречка – аргентинскиот стручњак моментално ја предводи репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Покетино прво треба да ги заврши своите обврски кон националниот тим, па дури потоа да го преземе составот од „Олд Трафорд“. Затоа, сè уште не се знае кој ќе го предводи Јунајтед во големото дерби против Ливерпул, кое е на програмата веднаш по репрезентативната пауза. Раководството на клубот сега го очекува тешка задача: да пронајде привремено решение и да се обиде да го извлече тимот од резултатската криза, пред сезоната да добие уште подраматичен тек.Тагови: Мајкл Карик Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ поднесе Кривична пријава против Гувернерот Славески за Алта банка – Обвинителството веднаш да постапи!Организираната криминална група на Мицкоски, панично ја штити банката на Вучиќ.Сакаат да го заташкаат скандалот со внесувањето на Алта банка во Македонија, да се спасат од одговорност, да сокријат сметки, трансакции, потекло на капитал... Нема да можат. Алта банка е огромен финансиски скандал и одговорност ќе има! За сите! СДСМ денеска поднесе Кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други службени и одговорни лица во Народната банка. Бараме одговорност за сите инволвирани во Алта банка! Сите што ја отворија вратата и ја внесоа Алта банка во Македонија, што не провериле потекло на капитал, сопственик, ризик, што ја дале согласноста и што не ги заштитиле интересите на граѓаните на Македонија. Пријавата е обемна, темелна, аргументирана и правно издржана со конкретни правни основи, групирани во неколку целини. Прво, кривична одговорност според Кривичниот законик. Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година. „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353. Второ, одговорност за одобрување на преземањето и надзорот според Законот за банките. Во Кривичната пријава се наведени членовите 13, 17, 18 и 59, 62, за неисполнување на условите за стекнување квалификувано учество особено на лице со изречена прекршочна санкција, за проверката на инвеститорот и основите за добивање на согласноста која ја дала Народна банка, односно Славески. Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката. Давор Мацура зошто не го провериле? Сомнителниот капитал зошто не е проверен и така натаму. Опфатени се и членовите 83 и 88 – во однос на согласностите за членовите на надзорните и управните органи. Основано се сомневаме дека Народната банка не ги употребила законските механизми навреме и дозволила ризиците да се прелеат врз граѓаните на Македонија. Трето – одговорност според Законот за Народната банка и прописите за спречување перење пари. Со барање да се испитаат направените проверки на сопственикот, капиталот и трансакциите, како и постапувањето на надзорниот орган. Дали биле побарани информации од странските регулатори? Дали била вклучена Управата за финансиско разузнавање? Кои предупредувања биле разгледани и што било преземено? Во пријавата бараме прибирање на целокупното досие за преземањето, стручните елаборати, записниците, согласностите и кореспонденцијата со домашните и странските институции. Бараме проверка на прекуграничните трансакции и сослушување на сите лица што учествувале во одлучувањето и надзорот. Бараме и мерки на претпазливост за Трајко Славески и останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата. Почитувани, Во Србија има истрага, одземена е лиценцата на Алта банка, отворен е стечај, приведен е сопственикот Давор Мацура, се истражуваат 380 милиони евра, се споменуваат и фалсификувани пари. Банката била пералница на пари на Вучиќ а во Македонија ја донесоа Мицкоски и Славески. Не може во Македонија ништо да не се презема. Одговорноста треба да се лоцира, институциите мора да постапат. Обвинителот Ненад Саевски има шанса да ги одбие повиците на Мицкоски и да покаже дека може да работи независно, по Закон. Или да стане соучесник на оваа организирана криминална група и да ги штити. Но на сите, буквално на сите, од Мицкоски до Славески и сите инволвирани во скандалот со Алта банка едно треба да им биде јасно: Одговорност ќе има! Доаѓа време на правдата! Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter