ЕкономијаБожиновска во Делфи: Интензивни билатерални средби за засилена енергетска соработка и стратешко позиционирање на МакедонијаНа маргините на Delphi Economic Forum што се одржува во Делфи, Грција, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше интензивна агенда на билатерални средби..На маргините на Delphi Economic Forum што се одржува во Делфи, Грција, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше интензивна агенда на билатерални средби, отворајќи клучни прашања за енергетската иднина на Македонија и нејзината позиција во регионот. Божиновска оствари средби со високи претставници од енергетскиот сектор, европски институции и меѓународни партнери, фокусирани на зајакнување на енергетската безбедност, регионалната поврзаност и нови инвестиции. На средбата со Maria Sferruzza, извршна директорка на грчкиот оператор за природен гас DESFA, беше разговарано за унапредување на соработката во гасниот сектор и искористување на потенцијалите што ги нуди грчката инфраструктура, особено во контекст на LNG терминалите и интерконекцијата со Македонија. Божиновска ја нагласи важноста на интерконекторот со Грција како клучен проект за диверзификација на снабдувањето и зголемување на енергетската сигурност. Темата на иновации и дигитална трансформација во енергетиката беше отворена во разговорите со Federico Menna, главен извршен директор на 28DIGITAL – европски иновациски екосистем основан во рамки на Европскиот институт за иновации и технологија (EIT), тело на Европската Унија, каде се разгледуваа можностите Македонија поинтензивно да се вклучи во европските технолошки и иновациски екосистеми. Посебен акцент беше ставен на паметните енергетски системи и новите решенија кои ја зголемуваат ефикасноста и отпорноста на енергетските мрежи. Во рамки на форумот, министерката Божиновска учествуваше и на панел заедно со Joshua Volz, висок претставник на Министерството за енергетика на САД, надлежен за Европа, Евроазија и енергетска интеграција, каде во фокусот беше енергетската интеграција и улогата на инфраструктурата во градењето сигурни и диверзифицирани системи. Дискусијата се надоврза на веќе воспоставеното стратешко партнерство меѓу Македонија и САД, особено во делот на LNG и долгорочната енергетска стабилност. Регионалната димензија на енергетската политика беше дополнително потврдена преку разговорите со Траичо Траиков, министер за енергетика на Бугарија. Двете страни разменија мислења за регионалната енергетска поврзаност, тековните и идните инфраструктурни проекти, при што беше нагласена потребата од засилена координација и заеднички пристап кон инфраструктурните проекти и енергетската транзиција на Балканот. Слични пораки произлегоа и од средбата со Cristian Silviu Bușoi, државен секретар во Министерството за енергетика на Романија. Во разговорите беше потенцирана важноста од усогласување со европската регулатива, размена на искуства и координација во процесите на енергетска транзиција. Посебен акцент беше ставен на зајакнувањето на институционалната соработка. градењето стабилен и предвидлив енергетски пазар, со Македонија како активен фактор во регионалната стабилизација. Министерката Божиновска истакна дека овие средби претставуваат дел од пошироката стратегија за активно позиционирање на Македонија како доверлив и релевантен партнер во регионалната и европската енергетска архитектура. „Нашата цел е јасна – од земја зависна од една рута, да станеме систем со повеќе извори, повеќе коридори и поголема стабилност, со улога што ќе го дефинира нашето место во Европа во децениите што следат.“ Со ваквата динамична агенда во Делфи, министерката Божиновска испраќа јасна порака дека Македонија повеќе не е набљудувач, туку активен учесник во обликувањето на регионалните енергетски политики – со амбиција да стане јадро на поврзана, диверзифицирана и сигурна енергетска мрежа. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15
МетеоУтре променливо облачно и топлоВремето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15
МакедонијаОд палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско БиглаДва големи пожари беснеат во Македонија.Пожарот во делчевското село Бигла кој изби откако неодговорно лице утрово околу 10 часот палело гуми во својот дом, па ја зафатил блиската борова шума, е ставен под контрола, а нов пожар попладнево има во околината на Пехчево, кон Бугарска граница. Првиот човек на ЦУК вели дека во справувањето од пламените јазици во Бигла се употребени сите расположливи ресурси: трите ер-трактори, тешка механизација, а ангажирани се локалните пожрникари, доброволци и месно население, со цел да се спречи загрозување на домовите. Од страна на градоначалникот веднаш биле ангажирани просторните сили на Делчево, а на терен се и пожарникари од градот. Побарана е помош и од соседните противпожарни единици. Пожарот во Палиград на планината Китка се уште е активен, селото е безбедно но поради тешко пристапниот терен, гаснењето е комплексно. Големиот пожар кој што синоќа се закануваше на мариовско бонче, а денеска еден крак повторно се разгоре, е конечно изгаснат. Инаку доброволните пожарникари од Битола и Кочани сведочеа од терен за тешката битка со пламените јазици кај Бонче, а според сведоштвата од терен, нивната интервенција била пресудна селото да биде спасено од огнената стихија. Во Бонче исто така екипи на итната помош интервенирале на терен, едно лице вдишало чад справувајќи се со огнената стихија.. Состојбата со пожарите е ислучително лоша, Ангелов апелира до граѓаните особено да бидат внимателни.. Денеска Македонија бележи 20 шумски пожари. Дел од нив ставени под контрола. Екипи на ДСЗ остануваат на терен да дежураат пожарите да не се активираат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15
СветОгромна заплена на кокаин во Шпанија, уапсен ХрватШпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната покраина Галиција, а меѓу тројцата уапсени е и хрватски државјанин, објави локалниот весник „Ла Воз де Галиција“.Кокаинот е пронајден во објект на имот недалеку од морето, каде што, според резултатите од досегашната истрага, бил привремено складиран. Галиција е важна рута за шверц на кокаин Галицискиот брег, познат по своите карпести заливи, е една од важните области за влез на кокаин во Шпанија преку Атлантскиот Океан од Јужна Америка. Во последниве години, истражителите ја забележаа и соработката на локалните криминални групи со лица од земјите од поранешна Југославија, вклучувајќи ја Црна Гора, Србија и Хрватска, и сега се обидуваат да откријат дали некоја од групите од таа област е вклучена во случајот. La playa de la última descarga de #cocaína en GALICIA, EN #ESPAÑA y en #EUROPA , y la #droga incautada por la @policianacional . EN EXCLUSIVA.https://t.co/msVfUgV8rH pic.twitter.com/BIubsJ9IUo — Narcodiario (@narcodiario) August 22, 2026 Полицијата со часови го претресуваше имотот и пловилата Полицијата со часови го претресуваше имотот во саботата, а за време на операцијата провери и неколку пловила. Меѓу уапсените е и Р. Р. Г., член од втора генерација на криминалниот клан Ос Фанчос, кој е присутен во областа А Побре со децении, објави весникот. На Хрватот му се припишува улогата на надгледувач Истражителите ја припишуваат улогата на надгледувач на неименуван хрватски државјанин. Станува збор за лице испратено од една од криминалните организации вклучени во шверцот за да ја надгледува операцијата и да ги заштити своите интереси. Според полициските информации, неговата задача е, меѓу другото, да ја контролира испораката и количината на дрога и да провери дали се исполнети договорените услови. Сè уште се бара бродот што се користел за транспорт на дрогата Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат кој брод го транспортирал кокаинот до брегот. Бродот што се користел за истоварување сè уште не е пронајден, додека се претпоставува дека дрогата пристигнала на локацијата непосредно пред полициската операција. За време на претресот, полицијата отстранила бали што содржат кокаин од објектот. Истражителите проценуваат дека тежината е околу 1.500 килограми. Извор: Индекс.хрТагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook