МакедонијаБожиновска - Триподи: Постои значаен интерес од италијански компании за инвестирање во зелени и одржливи технологииНа средбата било изразено заедничко задоволство од сè поинтензивната економска и политичка соработка меѓу двете земји.Во рамки на Бизнис форумот „Италија – Македонија“, кој денес се одржа во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари билатерална средба со заменичката министерка за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, Марија Триподи. На средбата, како што соопшти Министерството, било изразено заедничко задоволство од сè поинтензивната економска и политичка соработка меѓу двете земји, особено во доменот на енергетиката, каде што постои значаен интерес од италијански компании за инвестирање во зелени и одржливи технологии. Министерката Божиновска ја информирала соговорничката за тековните проекти што ги спроведува Министерството, како и за новите можности за странски инвестиции во обновливи извори на енергија, енергетска инфраструктура и складирање на енергија. Таа истакнала дека Македонија станува стабилен и предвидлив партнер за големи енергетски проекти, со јасна регулаторна рамка и амбициозни цели во енергетската транзиција. На средбата Триподи изразила поддршка за енергетските реформи што ги спроведува земјата и интерес за продлабочување на билатералната соработка преку конкретни проекти и партнерства, како на институционално, така и на деловно ниво. Двете соговорнички се согласиле дека енергетиката претставува стратешко поле за понатамошно поврзување на Македонија и Италија, со можност за заеднички проекти во контекст на регионалната поврзаност, транзицијата кон чисти извори и развој на модерна енергетска мрежа. Тагови: Сања Божиновска Триподи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканКошта: „ЕУ посветена на европската перспектива на Србија!-Ова е нашата заедничка цел, ние ве поддржуваме.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека дошол во Белград за да ја потврди континуираната посветеност на ЕУ кон европската перспектива на Србија. Кошта, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на заедничка прес-конференција во Палатата на Србија, додаде дека проширувањето е геостратешка неопходност за Европа, но нагласи дека проширувањето се заснова на градење доверба. - Во ова време на неизвесност и економска нестабилност, сега повеќе од кога било, проширувањето не е само можност, туку геостратешка неопходност за Европа. Тоа е инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста, како и во просперитетот на нашиот континент, за доброто на сите граѓани на Европа, како и за доброто на граѓаните на Србија - рече Кошта. Тој нагласи дека проширувањето се темели на градење доверба и дека патот пред Србите е тежок, но дека патот е јасен и дека треба да се фокусираме на три главни приоритети. - Прво, негување на добрососедските односи и регионалната соработка. Тие се клучни и за безбедноста и за економскиот просперитет. Дијалогот меѓу Белград и Приштина и целосното спроведување на Охридскиот договор се клучни во овој поглед. Под второ, усогласување со политиките и вредностите на ЕУ, особено со нашата заедничка надворешна и безбедносна политика. Ова не се само принципите на кои се придржуваме, тие ја формираат самата основа на европскиот проект и нашето партнерство со Србија - рече тој.Тагови: Александар Вучиќ Антонио Кошта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија9. Регионална конференција за е-трговијаВештачката интелигенција веќе ја менува брзината со која функционира е-трговијата. Токму затоа, 9. Регионална конференција за е-трговија оваа година ќе се оддржи под темата “From Wait to Go: E-comm @ AI Speed!”, на 3 ноември 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, во организација на Асоцијацијата за е-трговија. Темата ја отсликува една од најголемите трансформации што индустријата ја има доживеано досега, односно преминот од бавни, мануелни процеси и неизвесност, кон паметни системи поддржани од вештачка интелигенција кои носат побрзи одлуки, подобра персонализација, автоматизација и поголема ефикасност. Концептот “From Wait to Go” симболично ја претставува промената што веќе се случува. Светлото е веќе зелено, а индустријата влегува во нова ера - ера на интелигентна е-трговија, автоматизација и раст со брзина на вештачка интелигенција. Интересот за овогодинешното издание е рекорден уште од самиот старт. Првите 100 билети по Ultra Early Bird цена беа распродадени во рекордно времее, а организаторите очекуваат ова да биде најголемото и најпосетено издание досега. Во текот на изминатите години, конференцијата прерасна во еден од најрелевантните регионални настани за е-трговија, кој обединува повеќе од 900 учесници од над 10 земји, вклучувајќи е-трговци, маркетинг експерти, payment провајдери, платформи, fintech компании, банки и логистички компании. Досега, на сцената на конференцијата говореле бројни говорници и експерти од компании како OpenAI, TikTok, Booking, Zalando, Alibaba, Meta, Google, Viber, Dolce & Gabbana, како и некои од најпознатите регионални лидери и професионалци од е-трговијата. Покрај главната сцена, и оваа година ќе биде организирана паралелна сцена со практични и hands-on работилници на најразлични теми кои ќе придонесат за раст на бизнисите. Работилниците ќе бидат фокусирани на конкретни алатки, стратегии, AI решенија, маркетинг, продажба, аналитика и оптимизација на online продажба, со цел учесниците да добијат применливо знаење и практични вештини што ќе можат веднаш да ги имплементираат во своето работење. И оваа година, конференцијата ќе ги обедини сите клучни чинители од e-commerce екосистемот - е-трговци, банки, финтек компании, поштенски и логистички оператори, телекомуникациски компании, ИТ компании, маркетинг експерти, инвеститори и друго. Преку актуелни теми, практични искуства и светски трендови, учесниците ќе добијат нови знаења, инспирација и можност за квалитетен нетворкинг што отвора нови соработки и бизнис можности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
КултураЦрната комедија „Бардо Тодор“ на 9 јуни ќе се одигра во СкопјеЦрната сатирична комедија „Бардо Тодор“, на 9 јуни, во 20 часот ќе се одигра во Домот на култура во Кисела Вода „Билјана Беличанец“.Претставата која на сатиричен начин носи силна порака е дело на режисерот Сашо Миленковски и авторот Сашо Кокаланов, а е помогната од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Актерската екипа е составена од младите актери Надица Дојкоска, Наум Ѓорѓиески и Димитар Паскоски. Од „Еко-свест“ напоменуваат дека влезот за оваа претстава е бесплатен за сите оние кои ќе дојдат да ја погледнат во Домот на култура во Кисела Вода „Билјана Беличанец“. Кокаланов за претставата вели дека „Бардо Тодор“е црна сатирична комедија која зборува за страшните последици по животот на луѓето кои живеат како први соседи на една термоцентрала со коп на јаглен, приклештени во противречноста - убиецот да им е и главен работодавец. „Приказните се пародија направена според мотиви од приказните за треската, борџот и чумата на Марко Цепенков, како и „Бардо Тодор“, тибетски будистички текстови за искуството на душата по смртта, во западниот свет книга позната како „Тибетска книга на мртвите“. Идејата беше да се направи драмска нарација во која, паралелно, преку современи ликови и преку нивно карикирање во духот на антологиските ликови од народните преданија, ќе се зборува за апсурдноста на прифаќањето на реалноста да се живее во близина на масовен убиец само затоа што тој убиец обезбедува некаква егзистенција“, наведе авторот за претставата. Тој истакна дека едночинката ќе се игра на отворено, за да му се даде можност на Комбинатот (РЕК Битола) да биде лик во комедијата. „Притоа, ќе се обидеме да испратиме некои пораки за потребата од праведна транзиција - убиецот да е затвори, но притоа крајот да не се опустоши“, наведе Кокланов. Од Центарот „Еко-свест“ нагласија дека ваквиот тип на претстави се наменети да допрат до широката јавноста за потребата да се направат промени во однос на производството на електрична енергија на јаглен, што носи страшни последици врз здравјето на луѓето. „Нашата главна цел е да ја заштитиме природата и да е спротивставиме на се она што и штети, вклучително и на штетните влијанија врз здравјето на луѓето. Затоа целосно поддржуваме ваков вид на проекти и секојдневно гласно говориме чекорите кои треба да се преземат со цел да се промени моменталната состојба“, потенцираа од „Еко-свест“. Оттаму нагласија дека се надеваат дека пораката што ја испраќа претставата ќе допре до граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook