3ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
ЕкономијаБожиновска: Снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно, компаниите располагаат со обезбедени залихиВо услови кога цените на нафтата растат на светските пазари и целиот регион и свет се соочува со ценовен притисок снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно, компаниите располагаат со обезбедени залихи.Во услови кога цените на нафтата растат на светските пазари и целиот регион и свет се соочува со ценовен притисок снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно, компаниите располагаат со обезбедени залихи, дополнително снабдувањето е зајакнато преку продуктоводот „Вардакс“, а Владата внимателно ја следи состојбата. Доколку глобалните ценовни притисоци продолжат подготвени сме да ги искористиме сите механизми што ни стојат на располагање за да го заштитиме стандардот на граѓаните, изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на заедничката прес-конференција со главниот извршен директор на „Окта“ АД - Скопје, Димитрис Пасхос. Таа потсети дека согласно Правилникот за нивото и начинот и пресметка на оперативни резерви, трговецот во секое време треба да има оперативни резерви од нафтени деривати и горива за транспорт за покривање на петдневен просечен обем на трговија за секој нафтен дериват поединечно, остварен од претходната календарска година. Божиновска информира и дека разговарале со директорот на Пазарната инспекција, од каде, како што посочиле, направиле повеќе од 300 контроли и утврдиле дека сите ги имаат овие петдневни оперативни резерви, согласно Правилникот. Министерката додаде и дека по кризата веднаш реагирале и со премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриска Кочоска имале состанок со сите нафтени компании, при шти сите се изјасниле дека имаат нафта. -Денес може да најавиме дека компаниите се одговорни во пресрет да се ублажат последиците од глобалната состојба со нафтените деривати, при што компанијата „Окта“ донесе одлука, почнувајќи од денеска до крајот на март да обезбеди попуст од 2,4 денари на килограм, или два денари по литар за дизел и бензините за трговците кои набавуваат горива од компанијата. Овој потег доаѓа по зголемените количини гориво, кои се обезбедени преку продуктоводот „Вардакс“ и дополнително го зајакнува снабдувањето на нашата држава - нагласи Божиновска. Министерката истакна дека конфликтот на Блискиот Исток го запре транспортот низ Ормускиот теснец, клучен морски пат низ кој минуваат околу 20 проценти од светската нафта. -Цените на глобалните енергетски пазари нагло пораснаа, целиот свет рагира со мерки, засега секако краткорочни, се следи ситуацијата. Меѓународната агенција за енергија објави дека ќе ослободи 400 милиони барели нафта од своите резерви, што е најголема количина досега во историјата. Одлуката била донесена едногласно. Американското Министерство за финансии издаде 30-дневна лиценца, со која се дозволува испорака и продажба на руска нафта и деривати, што веќе се натоварени на танкери и се на море и ова е секако кракторочна мерка и важи до 11 април 2026 година“, истакна Божиновска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жителиВо Кина, околу 54.000 луѓе се евакуирани поради поплави, вклучително и 8.000 преместени во привремени прифатилишта, што е последица на обилните врнежи предизвикани од тајфунот Нара.Поплавите особено го погодија регионот Гуангси, а метеоролозите предупредуваат на нови обилни врнежи во наредните денови, јавува CCTV. Водостоите на 15 реки го надминаа прагот за издавање предупредувања. 8月23日,网友发布视频显示,广西崇左宁明县洪水过境导致县城被淹没。 网友表示:我家被淹了,一夜之间被淹了😭大家注意安全! 有网友发布汽车被洪水冲走的视频,竟然还被举报!是害怕境外势力知道中国又淹水了吗? https://t.co/TDcI6l13ky pic.twitter.com/7iA2DADabD — YiFeng Su (@sam51824016070) August 23, 2026 Снимките емитувани на кинеската телевизија прикажаа поплавени патишта и спасувачи кои газат низ вода длабока до колена, користејќи гумени чамци за да ги евакуираат жителите од поплавените населби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац. Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес. Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје. Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30