Божиновска: Родовата еднаквост не е избор, туку европски стандард - Канал 5

Божиновска: Родовата еднаквост не е избор, туку европски стандард

„Родовата еднаквост не е избор, туку европски стандард, предуслов за демократско општество, силна економија и кохезија меѓу граѓаните“.

Божиновска: Родовата еднаквост не е избор, туку европски стандард

Европа јасно стави до знаење дека еднаквоста не е избор, туку стандард и ние тој стандард го прифаќаме не само затоа што мораме, туку затоа што веруваме во држава која нема привилегирани и непривилегирани граѓани, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во своето обраќање на Конференција „Родовата еднаквост како камен-темелник на пристапувањето кон ЕУ“, што се одржува денеска во Скопје.

-Во Европската унија, родовата еднаквост не е споредна тема, туку темелна вредност вградена во европското право, предуслов за демократско општество, силна економија и кохезија меѓу граѓаните. Напредокот во ова поле е правна обврска за секоја држава што сака да биде дел од Унијата, но и интелигентна инвестиција во стабилен, инклузивен и одржлив развој. Европа јасно стави до знаење дека еднаквоста не е избор, туку стандард. И ние тој стандард го прифаќаме не само затоа што мораме, туку затоа што веруваме во држава која нема привилегирани и непривилегирани граѓани. А токму Министерството за енергетика и минерални суровини денес е позитивен пример за тоа, со родов баланс 50 наспроти 50 покажуваме дека институциите можат и мораат да бидат двигател на еднаквоста, истакна министерката.

Таа нагласи дека затоа денеска говорат и за енергетиката, сектор кој не е само технички систем или економска гранка, туку политички столб на европската интеграција.

-Зелената агенда, Енергетската унија и Поглавје 15 Енергетика не се делови од преговарачки поглавја, туку механизми низ кои ја обезбедуваме иднината на нашата економија и нашата независност. Но, токму во овој стратешки сектор, жените се најмалку застапени, во техничките професии, во креирањето политики, во иновациите и во лидерството. Тоа не е само прашање на неправда, тоа е ограничување на нашата способност да ја водиме зелената транзиција со целосниот човечки потенцијал што го поседуваме, рече Божиновска.

Таа додаде декла родовата перспектива во енергетиката мора да стане норма, затоа што преку неа се обезбедува инклузивен зелен раст, правичен пристап до енергетски услуги, намалување на енергетската сиромаштија која најчесто ги погодува жените, самохраните родители, руралните домаќинства и старите лица, како и праведна транзиција усогласена со највисоките европски стандарди.

-Нема фер транзиција ако не ја земеме предвид реалноста на оние што се најмногу засегнати од енергетските кризи, климатските промени и растечките трошоци. Министерството за енергетика е целосно посветено принципите на еднаков третман, еднаква плата, недискриминација и родово вклучување да станат составен дел од сите енергетски реформи. Тие ќе бидат интегрирани во Националните енергетски и климатски планови, во законодавството за обновливи извори, во програмите за енергетска ефикасност, како и во секоја инвестиција поддржана од европските инструменти. Ова значи изградба на енергетски систем кој е стабилен, европски и праведен, рече Божиновска.

Додаде дека во таа насока особено ја вреднуваат соработката со UN Women и изработката на десетте родови GAP анализи. Овие наоди, појасни Божиновска, овозможуваат пристап до податоци и факти кои се неопходни за сериозни политики, подобро разбирање на разликите во пристапот до енергетски ресурси, препознавање на бариерите за учество на жените во зелени работни места и STEM професии, како и идентификација на ранливостите во климатските мерки.

-Зелената транзиција не може да успее без еднакво учество на жените. Нашата посветеност е јасна, ќе го зголемиме учеството на жените во компаниите за обновлива енергија, во проектите за модернизација на електричната мрежа, во иновациите, во дигиталните технологии и во лидерските позиции на јавните институции и регулаторите. Европа гради систем во кој секој добива шанса да придонесе, и ние мораме да бидеме дел од таа визија. Нашата институционална посветеност е целосна. Работиме со Министерството за европски прашања, со UN Women, со Државниот завод за статистика за обезбедување податоци, со општините и со граѓанскиот сектор, затоа што енергетската политика не се креира во изолација, таа се креира преку партнерство, транспарентност и широк општествен консензус. Особено значајна ќе биде примената на родово одговорно буџетирање во програмите за поддршка на ранливите домаќинства, затоа што политиките немаат вредност ако не стигнат до оние што им се најпотребни, истакна Божиновска.

Министерката нагласи и дека чувството на рамноправност не доаѓа автоматски – туку се гради. Додаде дека технички и традиционално машки доминиран сектори како енергетиката, жената многу почесто мора „двојно“ да се докажува за нејзиниот глас да биде слушнат.

-Она што мене ми помогна во градење на мојата кариера во енергетиката е и поддршката од луѓе кои веруваа во мојот потенцијал. Тоа прави огромна разлика – и затоа денес кога сум на лидерска позиција, сметам дека моја обврска е да ја отворам вратата за другите жени. Најважно е институциите да создадат фер и транспарентни правила, јасни критериуми за избор и напредување и механизми што ги спречуваат бариерите кои традиционално ги ограничуваат жените во кариерата. Ако системот е праведен, талентот доаѓа до израз. Истовремено и бизнис-заедницата мора проактивно да ги отвора вратите. Тоа подразбира менторски програми, професионални обуки, охрабрување на жените да влезат во управни и надзорни одбори и создавање услови каде жените можат да водат сложени проекти. И секако, не помалку важно е дека мораме да ја менуваме општествената перцепција. Жени-лидери треба да бидат видливи, истакнати и поддржани, затоа што примерите инспирираат. Кога девојките гледаат успешни жени во технички, управувачки или претприемачки улоги, тие знаат дека и самите можат да стигнат таму, порача Божиновска.

Таа на крајот од своето обраќање упати јасен повик дека родовата еднаквост мора да биде интегрирана од самиот почеток во секое поглавје, од владеењето на правото до животната средина, од образованието до социјалната политика и енергетиката. Тоа не е дополнителна компонента, рече таа, туку критериум за европеизација на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Ако се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“.

Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите.

Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра.

Што добивате?

„Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“.

Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало.

Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“.

За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта.

„GTA VI“ без физички диск

Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск.

Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите.

Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија.

„Rockstar“ има направено нешто слично и претходно

Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта.

Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето.

Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно.

Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

Лука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака.

На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата.

„Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ.

Најмладото од трите деца

Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб.

Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Рускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики.

Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес.

Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград.

„Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин.

YouTube video

Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи.

Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер