Божиновска: Овој закон конечно ги модернизира правилата на игра од производство до потрошувачка - Канал 5

Божиновска: Овој закон конечно ги модернизира правилата на игра од производство до потрошувачка

Во рок 8 години, 80%, а за 10 години сите домаќинствата треба да добијат паметни броила, со цел укинување на проценките, а сметките  за граѓаните да  бидат точни и проверливи, ова е само дел од новиот закон за енергетика.

Божиновска: Овој закон конечно ги модернизира правилата на игра од производство до потрошувачка

Според планот првите самрт броила би требало да се инсталираат во следните 2 години. Во меѓувреме ЕВН продолжува со читање, а тоа ќе може да го прават и граѓаните. Законот меѓу другото предвидува и јасна и детална пресметка на тарифите и објаснување на сметките кон секој потрошувач, зголемена одговорност на дистрибутерите и поголема заштита на потрошувачите.

Со новото законско решение според ресорната министерка, конечно се модернизираат правилата на игра од производството до потрошувачката, а осбобено е важна преобразбата на електродистрибутивниот систем. А се воведуваат и заштита за ранливи категории на граѓани, една од новините ќе значи и дека ваквиот тип на граѓани нема да може да бидат исклучени од мрежа во време на зимските месеци.

„80 % од броилата треба да ги наават до 8 години, а за 10 години 100 % треба да ги имаме сите паметни борила, и не треба да се чека до последно треба да се има план и да се оди по план....Се воведува и методологија за енергетска сиромаштија, значи фискални и нефискални мерки во зима не може да ги исклучите тие што не плаќаат струја, а ние како министерство имавме веќе мерки за помош на граѓаните....“- Сања Божиновска, министерка за енергетика.

Според енергетските компании во земјава ова не е само регулатива туку суштински напредок. Но пред да се започне со било каква работа, велат мора да се доуредат и подзаконските акти. Директорот на електордистрибуција, најави дека една од новините е и дека од следниот месец граѓаните ќе добијат сметки на кој ќе биде точно назначено колку од поторшената струја е исчитана, колку не. А еден од плановите е до 2033година загубите на струја да се намалат под 10%.

„Процесот со паметни броила е континиран процес, тоа не е нешто што ќе го почнеме после законот ние веќе имаме инсталирано околу 200 илјади борила со далечинско отчитување. Тој процес е континуриан и ќе продолжи... првите броила треба да се очекуваат некаде за околу 2 години, зашто само тендерската псотпака трае година... “ - Сашо Салтировски, директор на Електродистрибуција

Во моментов според податоците најмногу загуби на струја има во Скопје, Гостивар и Штип, а електордистрибуција велат имаат план и работат на справување со проблемот. Со Законот за енергетика се воспоставува нова рамка за дигитализација, ефикасност и отчетност во енергетиката, со јасни придобивки од кој според надлежните бенефит ќе имаат и граѓаните и компаниите.

YouTube video

Вучиќ: Студентите во блокада на 15 март не дадоа „зелено светло“ затоа што некои во државата требаше да си ја завршат работата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.

Вучиќ: Студентите во блокада на 15 март не дадоа „зелено светло“ затоа што некои во државата требаше да си ја завршат работата

„Тие полицајци...не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, рече Вучиќ.

Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.

Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ

„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси - одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека една од клучните причини за предизвикување на обоената револуција била неговата борба во ОН, бидејќи тој „го понижи западниот поредок со вистината“.

„Одмаздата за таков човек мора да се отслужи жестоко, тие никогаш нема да ми простат за тоа и бев во право“, изјави Вучиќ за ТВ Информер, алудирајќи на гласањето во 2024 година во ГС на ОН, кога беше усвоена резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Вучиќ рече дека е ангажирано се што е можно, „од лажни патриоти, од уметници и спортисти“, бидејќи Србија не смее да биде силна и посилна, туку понижена во регионот и да се врати на местото каде што беше до 2012 година.

„Нема ништо од обоената револуција“, рече Вучиќ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својата поданичка политика и сервилност ја доведе Македонија до негирање од страна на Бугарија

​Поданичката политика исполнета со сервилност од страна на СДС ја доведе Македонија во понижувачка позиција каде Бугарија отворено ја негира македонската нација, македонскиот јазик и идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својата поданичка политика и сервилност ја доведе Македонија до негирање од страна на Бугарија

Работите кои до неодамна беа незамисливи дури и за најрадикалните кругови во бугарската политика поради апсурдноста и понизноста на Заев и Филипче во нивното политичко дејствување денес станаа реалност.

Сервилноста на Пендаровски, Заев и Филипче ја доведе државата до историски пораз, каде наместо негување на вековната традиција и заштита на државните интереси станавме предмет на негирање и понижување од страна на Бугарија.

Политиката на „Бојко љубави, те поздрави Зоки“ заврши со неуспех и со бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на Европскиот Парламент.

Последиците од политиките на виткање кичма денес се јасно видливи а штетите кои ги нанесе СДС се катастрофални.

Државата ќе беше уште подлабоко заглавена доколку ВМРО-ДПМНЕ не заземеше цврст став и не се спротиставеше на овие погубни политики.

Фактот дека македонскиот јазик и идентитет се избришани од европски документи, е доказ дека Бугарија никогаш не била искрено заинтересирана за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав. Напротив, тоа беше само изговор за негирање на целото македонско постоење.

ВМРО-ДПМНЕ испраќа јасна порака дека Македонија нема да направи ниту еден чекор понатаму без целосна почит од Бугарија и цврсти гаранции од европските институции.

Бугарија ги злоупотребува европските механизми, и го киднапира целиот процес на европска интеграција.

СДСМ: Џабе му се на Мицкоски лажните анкети на Маркет вижн платени 400.000 евра пари на граѓаните

Наместо силна реакција за справување со пожарите, наместо вистинска грижа за настраданите од несреќата во Кочани, наместо борба со криминалот во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во својот очај сервира политички спин и пропаганда.

СДСМ: Џабе му се на Мицкоски лажните анкети на Маркет вижн платени 400.000 евра пари на граѓаните

Очигледен е очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, штом повторно се потпираат на лажни анкети, фабрикувани во нивната партиска лабораторија. Мицкоски, по примерот на неговиот ментор Никола Груевски, троши 400.000 евра народни пари за платени анкети и измислени рејтинзи, надевајќи се дека со лажна слика ќе ја прикрие реалноста.

Наместо силна реакција за справување со пожарите, наместо вистинска грижа за настраданите од несреќата во Кочани, наместо борба со криминалот во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во својот очај сервира политички спин и пропаганда.

Анкетата на „Маркет вижн“ е дел од кампањата со која Мицкоски се обидува да ја прикрие неспособноста и отсуството на било каква визија. Имено, Маркет вижн во март 2025 година склучила договор со Владата на рекордна сума од 400.000 евра за да прави анкети и го мери мислењето и задоволството на граѓаните од работата на Владата. Зар некој треба да верува во овие анкети кои служат единствено за да се манипулира јавноста и се во функција на пропагандата на ДПМНЕ.

Замислете, оваа е таа агенција која склучи договор со Владата по само три дена од несреќата во Кочани каде што починаа 63 млади животи, а над 200 беа повредени. Ова е доказ за нивниот морбиден политички карактер, кој дури и трагедиите ги користи како можност за бизнис и пропаганда, срамно.

Колку и да се трудат да создадат лажна слика за поддршка, вистината е очигледна: граѓаните секојдневно гледаат хаос, неработење, скандали, неспособност, расипништво, криминал и корупција во врвот на Владата. Додека народот се справува со пожари, инфлација, ниски плати, нефункционални институции и секојдневни убиства по улиците, Мицкоски се занимава со нарачани анкети и политичка самореклама.

СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе продолжиме да се бориме против манипулациите и лажните наративи и ќе ги разобличуваме сите обиди за дефокусирање од реалните проблеми.

Граѓаните заслужуваат одговорна власт, вистина, а не евтини трикови и прескапи анкети. Вистинските анкети ќе се видат на локалните избори, кога незадоволството на народот ќе се претвори во јасна порака против оваа неспособна и расипничка власт.

притисни ентер