МакедонијаБожиновска од Атина: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднинаБожиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел посветен на зајакнување на стратешката енергетска соработка на Балканот, заедно со министри и регулатори од целиот регион.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на 9. Балкански Енергетски Самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Македонија. Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел посветен на зајакнување на стратешката енергетска соработка на Балканот, заедно со министри и регулатори од целиот регион. Во фокусот на дискусијата беа регионалната енергетска безбедност, забрзаната транзиција кон чисти извори на енергија и заедничкиот одговор на глобалните предизвици. „Регионалната соработка за нас не е избор, туку стратешка нужност. Денес, повеќе од кога било, Балканот треба да биде обединет во обезбедувањето сигурна, одржлива и зелена енергетска иднина“, порача министерката Божиновска. Таа нагласи дека Македонија, иако мала по големина, е посветен и активен играч на регионалната енергетска сцена, преземајќи конкретни чекори кон либерализација на пазарот на електрична енергија, масовни инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетската инфраструктура. „Веќе инвестираме во нови фотоволтаични електрани, го прошируваме ветерниот парк Богданци и ја градиме енергетската мрежа на иднината – со паметни технологии, подобрена ефикасност и поврзување со соседните земји. Само така можеме да создадеме вистински функционален регионален пазар“, истакна Божиновска. Министерката посочи дека клучот за енергетска безбедност е комбинација од државни инвестиции во базични капацитети и активно вклучување на приватниот сектор. Според неа, Македонија веќе бележи голем интерес од приватни инвеститори за изградба на ветерни и соларни капацитети, со вкупно поднесени барања за приклучување од 9.500 MW. „Нашата стратегија е јасна: државата обезбедува сигурност, приватниот сектор носи иновации и дополнителна сила за зелената транзиција“, додаде Божиновска. Во своето обраќање, министерката го најави и новиот Закон за енергетика, кој е во парламентарна процедура, а кој треба да создаде уште посилна основа за инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетскиот сектор. Божиновска упати јасна порака дека енергијата денес е многу повеќе од ресурс – таа е темел за економски раст, енергетска независност и отпорност на глобалните предизвици. „Енергијата е основата на иднината што сакаме да ја изградиме. Отворени сме за нови партнерства, за споделување знаење и заедничко креирање на регион кој ќе биде пример за Европа“, заклучи министерката Божиновска. Балканскиот Енергетски Самит годинава обединува над 40 говорници, меѓу кои министри, регулатори и водечки енергетски компании, и се наметнува како клучна платформа за отворање на нови стратешки партнерства и инвестиции во енергетскиот сектор на Балканот. Со почит, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНа патнички авион во Франкфурт му отпадна предниот трап (ВИДЕО)На авионот Боинг 787 на германската авиокомпанија Луфтханза му се скрши предниот трап за слетување попладнево додека беше на застанување на аеродромот во Франкфурт.Портпаролката на Фрапорт, компанијата што управува со најголемиот транспортен центар во Германија, изјави дека инцидентот се случил околу 12:45 часот и дека околностите сè уште се утврдуваат. WATCH: A Lufthansa Boeing 787-9 Dreamliner (D-ABPQ) sustained substantial damage after its nose landing gear collapsed while parked at the gate at Frankfurt Airport. The incident led to the cancellation of today's LH450 to LAX service as airport and airline teams assess the… pic.twitter.com/BPdK5fWVVk — Turbine Traveller (@Turbinetraveler) June 4, 2026 Во тек е истрага за да се утврдат сите детали, вклучително и дали некој е повреден. Според неофицијални информации, во авионот немало патници во времето на несреќата, а багажот се товарел. 787 е двомоторен широк трупен авион што Луфтханза го користи главно на долги релации и е релативно нов додаток на флотата на превозникот.Тагови: авион Франкфурт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВоведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовитеВо Основниот кривичен суд со воведни зборови на Обвинителството и адвокатите започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите.Со воведни зборови на Обвинителството започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите, во кој поранешниот директор на Платежната агенција Илија Стоилев се товари за примање награда за противзаконито влијание, а поранешниот министер за локална самоуправа и правда, Џевдет Насуфи, во случајов управител на фирма е обвинет за давање поткуп и организирано влијание. Според обвинението, биле ветени и исплатени десетици илјади евра со цел да се обезбеди одобрување на ИПАРД-средства за фирма која не ги исполнувала условите. Обвинителката Наташа Поп-Трајкова во воведните зборови истакна дека станува збор за коруптивен систем кој „има име и презиме“, и кој, освен што ја нарушил довербата во домашните институции, ја довел во прашање и довербата на меѓународните партнери во управувањето со европските фондови. Одбраната на Стоилев и Насуфи целосно ги отфрли наводите на обвинителството,.. адвокатката на екс директорот изјави дека обвинението се темели на претпоставки, а не на директни докази, и потенцираше дека Стоилев не учествувал во бодувањето на проектите и не можел да влијае врз конечната одлука. Одбраната на Насуфи тврди дека тој ниту дал, ниту ветил парични средства, и дека средсвата кои биле одобрени биле намалени за околу 65 проценти, што според бранителот, ја исклучувало можноста за договор за поткуп. За останатите обвинети, меѓу кои службени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и Управата за јавни приходи, обвинението тврди дека преку бодување и административна обработка овозможиле одобрување на проектот спротивно на правилата. На претходното рочиште, вработената во платежната егнција Јасмина Костадинова ја призна вината и беше осудена на 10 месеци затвор. Следното рочиште е закажано за 9 јуни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДолга и болна листа на чекање – за операција на колк чекаат 659 луѓе Ем боли, ем се чека...За операција на колк во Македонија на листа за да ги викнат за операција во болница чекаат околу 660 луѓе, а некои од нив, за да ја направат интервенцијата трпат веќе година ипол. Дека се чека и по 18 месеци нотира анализата на Фондот кој ги собрал податоците од болниците во која се нотира дека најдолга е листата на „Осми септември“ каде во болничките тефтери за операција има запишано 300 луѓе. Првиот човек на Фондот Сашо Клековски вели дека има и позитивна страна - иако поради реновирање на операционите сали токму во „Осми септември“, но и на Клиника долг период тие беа затворени хирурзите успеале да сработат 10% повеќе интервенции на колк и колено лани споредено со 2023. -Вкупно 69% проценти од интервенциите се прават во само три од вкупно 13 институции а тоа се ТОАРИЛУЦ, или Клинички центар, ГОБ „Осми септември“ и Св. Еразмо, а 76 % всушност се прават во Скопје и во Охрид и имаме една географска концентрација на операциите (интервенциите) а со тоа и на листите на чекање. -Сашо Клековски – директор на ФЗО. Клековски смета дека листите на чекање во дел се должат и на тоа што пациентите бараат и чекаат конкретен хирург да ги оперира и апелира да се зголеми довербата во кадарот. Листата на чекање е најдолга во две институции, каде што имаше и реални проблеми со капацитетот на оперативнте сали. Меѓутоа, делумно таму притисокот и листите се продолжуваат заради изборот на лекари. Изборот на лекар е важен, но би апелирал до граѓаните дека во земјава немаме само тројца, четворица или петмина хирурзи. Ние надвор од Скопје имаме хирурзи што оперираат р`бетен столб. -Сашо Клековски – директор на ФЗО. Од Фондот тврдат дека Мекедонија по операции на колено е на средина споредено со регионот, а на дното по интервенции на колено. Оттаму оценуваат дека има напредок во областа која ја поткрепуваат со статистика, но и простор за подобрување на она што не чини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter