ЕкономијаБожиновска на јубилејот на ЕВН повика на одговорен приватен сектор и цврсти институцииОва не е само јубилеј на една компанија. Ова е доказ дека кога има визија, посветеност и заедничка цел – резултатите се долгорочни и видливи. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска испрати јасна и недвосмислена порака: економскиот развој и енергетската стабилност не се резултат на поединечни напори, туку на вистинско, функционално партнерство меѓу државата и приватниот сектор. На одбележувањето на 20 години од работењето на ЕВН Македонија и промоцијата на „Белата книга“, Божиновска нагласи дека успехот на една компанија не може да се гледа изолирано, туку како дел од поширок систем во кој се преплетуваат јавниот интерес, инвестициите и развојот на општеството. „Ова не е само јубилеј на една компанија. Ова е доказ дека кога има визија, посветеност и заедничка цел – резултатите се долгорочни и видливи. Развојот не може да биде едностран. Ниту државата може без силен приватен сектор, ниту бизнисот може да расте во средина што стагнира“, истакна министерката. Таа потенцираше дека вистинската вредност на компаниите се мери преку нивниот придонес кон економијата и квалитетот на живот на граѓаните. „Колку повеќе расте економската моќ на граѓаните, толку повеќе расте и потенцијалот за инвестиции и бизнис. Тоа е меѓусебна зависност. Не може едното без другото“, рече Божиновска. Во своето обраќање, министерката посебно се осврна на улогата на приватниот сектор како двигател на иновации, модернизација и технолошки напредок, нагласувајќи дека инвестициите во енергетската инфраструктура и новите решенија не ја трансформираат само компанијата, туку ја придвижуваат целата економија. Истовремено, Божиновска ја нагласи и клучната улога на државата. „Нашата задача како институција е јасна – да создадеме стабилен, предвидлив и фер систем. Систем во кој граѓаните се заштитени, пазарот е регулиран, а компаниите имаат сигурност и јасни правила за инвестирање. Закони мора да има – но уште поважно, тие мора да се почитуваат“, подвлече таа. Министерката предупреди дека без доверба нема инвестиции, а без инвестиции нема развој, особено во сектор како енергетиката, кој бара долгорочно планирање и сериозен пристап. „Енергетиката не трпи импровизации. Таа бара одговорност, партнерства и визија. Затоа ни е потребен приватен сектор кој не само што инвестира, туку создава вредност – и институции кои тоа ќе го овозможат“, изјави Божиновска. Осврнувајќи се на „Белата книга“, таа ја оцени како значаен документ што ја отсликува досегашната соработка, но и поставува јасен правец за иднината. „Овој документ е огледало на едно партнерство, но и патоказ. Покажува дека кога знаењето, капиталот и институциите се усогласени – резултатите не изостануваат“, нагласи министерката. Божиновска упати повик за продолжување на ваквиот модел на соработка, потенцирајќи дека само преку реални, мерливи и одржливи партнерства може да се изгради енергетски стабилна, економски силна и просперитетна држава. „Да продолжиме да работиме заедно – затоа што тоа не е избор, туку предуслов за напредок“, порача министерката Сања Божиновска.Тагови: ЕВН Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобилиРуските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко. Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви. Several videos now circulating on Ukrainian telegram channels showing the Russian drone strike shortly ago on Kyiv’s North Bridge, confirmed by Mayor Klitschko. pic.twitter.com/E27CNMP5u1 — Christopher Miller (@ChristopherJM) October 4, 2026 Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.Тагови: Киев мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаOJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрагаПри претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана. Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство. Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка. Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.Тагови: OJO Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп ја менува „играта“: „Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун“Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека се сложува „многу добро“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Трамп ја нагласи важноста на одржувањето добри односи со лидерите на земјите што поседуваат нуклеарно оружје. Трамп ги даде овие забелешки на предизборен митинг во Охајо пред изборите за Конгресот, зборувајќи за својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг и бранејќи ги своите врски со лидерите на големите сили. „Не е ли одлично да се сложувам со лидерите на големите земји, големите нуклеарни сили? Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун од Северна Кореја“, рече Трамп. Тој додаде дека е добро да се има договор со некој што има „112 нуклеарни ракети“. Тој се сретнал со севернокорејскиот лидер три пати Трамп потврди во август дека се надева дека ќе се сретне со Ким подоцна оваа година, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека можеби ќе се обиде да ја обнови нивната лична дипломатија, што досега резултираше со три билатерални средби: првата во Сингапур во јуни 2018 година, втората во Ханој во февруари 2019 година и најновата во селото Панмунџом на меѓукорејската граница во јуни 2019 година. Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, во петокот изјави дека Трамп не ги смета разговорите со Северна Кореја за „отстапка“ и е подготвен да разговара со Пјонгјанг ако тоа е во интерес на САД. Најновите изјави на Трамп доаѓаат во време кога Северна Кореја продолжува да ги отфрла повиците за денуклеаризација и инсистира дека нејзиниот статус како нуклеарна држава е „неповратен“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter