Божиновска на Berlin Global Dialogue: Зависноста од еден извор е ризик од минатото - Канал 5

Божиновска на Berlin Global Dialogue: Зависноста од еден извор е ризик од минатото

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Berlin Global Dialogue 2025, еден од највлијателните глобални форуми што ги обединува државниците, визионерите и економските лидери кои ја обликуваат иднината.

Божиновска на Berlin Global Dialogue: Зависноста од еден извор е ризик од минатото

Оваа година, форумот се одржува под мотото „Shifting Power, Shaping Prosperity“, со фокус на тоа како новата мултиполарна реалност може да создаде стабилен и одржлив глобален развој.

Министерката Божиновска беше говорник на панелот „Shifts of Power: Strengthening Energy Resilience“, на кој истакна дека концептот на енергетска безбедност во новиот геополитички контекст се менува суштински — од класичен пристап кон енергенсите, кон отпорни и зелени системи со долгорочна стабилност.

„Енергетската безбедност повеќе не значи само количина и извор на енергија. Денес тоа е прашање на отпорност, диверзификација и транзиција кон почисти, поодржливи извори,“ рече Божиновска.

„Геополитичките промени нѐ научија дека зависноста од еден снабдувач претставува сериозен ризик. Затоа нашата стратегија е јасна – поврзување со повеќе пазари, изградба на интерконектори и зајакнување на стабилноста, дури и во услови на глобална неизвесност.“

Во своето излагање, министерката се осврна на конкретните чекори што Македонија ги презема во насока на енергетска независност и одржливост:

„Го диверзифицираме снабдувањето со гас преку интерконекторот со Грција и подготвуваме инфраструктура за идниот транспорт на водород. Истовремено, ја зголемуваме домашната генерација од сонце и ветер, ја модернизираме преносната мрежа и инвестираме во складирање и дигитализација. Нашата визија е едноставна, но амбициозна – енергетски систем што е доволно флексибилен за да ги апсорбира глобалните шокови, доволно зелен за да обезбеди одржливост и доволно стабилен за да гарантира достапна енергија за сите.“

Осврнувајќи се на прашањето за рамнотежата меѓу безбедност, достапност и одржливост, Божиновска потенцираше дека трите цели не се исклучуваат меѓусебно, туку се меѓузависни.

„Не станува збор за избор меѓу безбедност, достапност или одржливост – туку за тоа како ги поврзуваме овие цели. Тоа бара стратегија, долгорочни инвестиции и пред сè – соработка. Ниту една земја не може сама да ги реши глобалните енергетски предизвици, но заедно можеме да изградиме посилни и поотпорни системи.“

Министерката укажа и на значењето на новите технологии и вештачката интелигенција во енергетиката, кои, според неа, се потенцијал за подобра ефикасност, а не закана:

„Вештачката интелигенција може да ја зајакне отпорноста на системот – преку попрецизно предвидување на побарувачката, оптимизација на производството и подобра интеграција на обновливите извори. Ако се користи мудро, таа ќе ни овозможи да сме поефикасни и поподготвени за иднината.“

Berlin Global Dialogue е глобална платформа основана со цел да поттикнува дијалог меѓу носителите на економски и политички одлуки, академската заедница и бизнис-секторот. Форумот е познат по своите учесници од највисоко ниво – меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и извршниот директор на BlackRock, Лери Финк.

„Да ја претставуваме Македонија таму каде што се зборува за иднината на енергијата и глобалниот развој е чест и одговорност. Овие разговори не се само за иднината на енергијата – тие се за иднината на економијата, на стабилноста и на светот што го оставаме на следните генерации,“ додаде министерката Божиновска.

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)

Перуанските царински службеници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери.

Во куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)

Перуанските цариници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери, соопшти Перуанската Национална служба за шумарство и див свет (Serfor).

Вредноста на запленетата пратка се проценува на околу 100.000 долари, а животните, според властите, биле наменети за нелегална продажба во Кина, пренесува AFP.

Во два куфери, кои требало да бидат сместени во товарниот простор на авионот, пронајдени се 386 тарантули од различни видови, 166 стоногалки, 112 скорпии и седум гуштери, како и шест мртви мравки.

Според соопштението на Serfor, некои од пронајдените видови претходно биле непознати за науката.

Животните биле сместени во херметички затворени кеси, кои потоа биле сместени во пластични кутии и завиткани во влажни хартиени крпи за да го преживеат долгото патување од Лима до Кина.

Кора Суарез, претставничка на агенцијата, изјави дека ова ново откритие е резултат на заедничка работа на надлежните агенции и претставува удар врз мрежите вклучени во нелегалната трговија со диви животни.

Таа предупреди на растечката нелегална побарувачка за безрбетници, кои се продаваат како домашни миленици во европските и азиските земји.

Двајца кинески државјани се во притвор од перуанската полиција, а против нив се води кривична постапка пред обвинителството специјализирано за еколошки злосторства.

На почетокот на ноември, перуанските власти запреа и двајца германски државјани и еден Полјак на истиот аеродром кои се обидоа да ја напуштат земјата со повеќе од 10.000 тарантули скриени во нивниот багаж.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на починати од ебола во Конго надмина 6.000- најголема епидемија во историјата на земјата

Епидемијата на ебола во ДР Конго одзеде повеќе од 6.000 животи, покажуваат најновите владини бројки, додека смртоносната болест продолжува да расте и покрај напорите за ограничување на нејзиното ширење, објави денеска Ројтерс.

Бројот на починати од ебола во Конго надмина 6.000- најголема епидемија во историјата на земјата

17-тата епидемија на ебола во ДР Конго, најлошата во историјата на земјата, беше прогласена на 15 мај и е предизвикана од сојот на ебола Бунгибугјо, за кој не постои одобрена вакцина или третман.

Податоците објавени од конгоанската влада во саботата покажаа дека бројот на смртни случаи од болеста се искачил на 6.025, а потврдените случаи достигнаа 12.254 во осум провинции.

Тековната епидемија во Конго беше надмината само од епидемијата на ебола во Западна Африка од 2014-2016 година, која инфицираше повеќе од 28.600 луѓе и уби повеќе од 11.000 низ Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Официјалните бројки покажуваат дека еболата сега се шири и убива двојно побрзо. Здравствените експерти ги наведуваат хроничниот недостаток на средства, недовербата во здравствените институции и растечката несигурност како главни пречки за ограничување на епидемијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Млада Русинка е пронајдена мртва во хотел на Тајланд- Индиец е осомничен за убиството (ФОТО)

Телото на 27-годишна руска државјанка е пронајдено во хотелска соба во тајландското одморалиште Патаја. 

Млада Русинка е пронајдена мртва во хотел на Тајланд- Индиец е осомничен за убиството (ФОТО)

Полицијата се посомневала во индиски државјанин за нејзината смрт, кој, според медиумските извештаи, бил нејзин партнер, пишува руски Комерсант.

Мажот што бил во собата со неа отишол кај персоналот на хотелот и пријавил дека жената починала.

Полициската станица во покраината Чонбури добила пријава за случајот околу 11:30 часот по локално време во петокот. Според досегашните информации, на инцидентот му претходела расправија што избувнала околу 4 часот наутро. Неколку часа подоцна, самиот осомничен ги известил персоналот на хотелот за смртта на Русинката.

Знаци на борба во собата

Истражителите од Тајланд потврдија дека пронашле знаци на борба во собата. Според медиумските извештаи, покрај телото се пронајдени скршено огледало и парчиња стакло, а во собата се видливи и траги од крв.

Истрагата е во тек

Точната причина за смртта сè уште не е утврдена и телото е пренесено на обдукција. Судските експерти работат на случајот. Осомничениот наводно изјавил дека за време на расправијата се случила физичка пресметка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер