Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
1 Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
МакедонијаБожиновска-Ју: Модернизацијата во енергетиката и зелената транзиција клучни за енергетска одржливост Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од г-ѓа Xiaoqing Yu, директорка на Канцеларијата на Светска банка за МакедонКако што соопштија од МЕРМС, оваа средба е продолжение на досегашната соработка и координација за имплементацијата на клучните проекти во државата, меѓу кои посебен акцент е ставен на модернизацијата на системите за централно греење во Битола и Скопје, како и за актуелните активности на Министерството на полето на енергетиката. Министерката Божиновска на средбата ги презентираше стратешките енергетски проекти во насока на забрзување на процесот на зелена транзиција и плановите за реализација на нови инвестиции во обновливи извори на енергија. На средбата, беше потенцирано значењето на енергетската ефикасност, за што министерката Божиновска информираше дека се работи на реализација на енергетска ефикасност на јавните згради, со којшто план се очекува да бидат опфатени вкупно 33 институции. Со тоа, како што истакна министерката, директно ќе се придонесе кон почист воздух и енергетска одржливост, но истовремено и ќе се остварат придобивки за граѓаните, но и ќе се влијае врз економскиот развој на државата. Посебен дел на средбата беше посветен на регионалното енергетско поврзување на државата, при што беа поздравени напорите на Министерството за создавање стабилен, модерен и одржлив енергетски систем. -Двете страни се согласија дека цврстата партнерска соработка ќе продолжи и во иднина, при што беше истакнато дека Светската банка и понатаму ќе обезбедува силна поддршка во различни сектори со цел остварување на европската перспектива на земјата, стои во соопштението. Тагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Магазин Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победитеДолгорочната напнатост може да влијае на срцето, имунитетот и сонот, а експертите откриваат едноставни техники што може да помогнат во урамнотежување на телото и умот.Современиот начин на живот, исполнет со бројни обврски, неизвесност, постојано брзање, сè почесто доведува до хроничен стрес што може сериозно да го наруши здравјето. Според стручните лица, долготрајната психичка напнатост не влијае само на расположението, туку и на работата на целиот организам - срцето, крвните садови, хормоналниот систем, системот за варење, имунитетот и врз квалитетот на сонот. Бројни истражувања покажуваат дека долготрајното изложување на стрес го поттикнува лачењето на кортизол, хормон поврзан со покачување на крвниот притисок, нарушување на шеќерот во крвта и зголемена телесна тежина, послаб имунитет и проблеми со спиењето. Затоа лекарите и психотерапевтите ја нагласуваат важноста за навремено препознавање на симптомите на стрес и наоѓање начини за негово контролирање. Длабоко дишење за брзо смирување Меѓу најефикасните методи се издвојуваат техниките за длабоко и бавно дишење. Тие често се користат во психолошката пракса како дел од стратегиите за намалување на анксиозноста. Психотерапевтите објаснуваат дека правилното дишење го активира парасимпатичкиот нервен систем, при што пулсот станува побавен, организмот се опушта и се враќа чувството на внатрешен мир. Моќта на позитивната имагинација Водената имагинација, односно замислувањето пријатни и сигурни места, е уште една од техниките за ублажување на стресот. Овој метод често се користи во психотерапијата, но и како техника за самопомош. Визуелизирањето на пријатни ситуации може да доведе до полесно соочување со секојдневните предизвици. Опуштање преку шаките и прстите Благото стимулирање на шаките и прстите се применуваат во различни техники за релаксација и масажа за да се намали мускулната напнатост и за опуштање. Стручните лица истакнуваат дека редовното управување со стресот не е луксуз, туку е важен дел од грижата за здравјето. Дури и неколку минути дневно посветени на релаксација може да го подобрат расположението, сонот и отпорноста на организмот при секојдневните предизвици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија Авиокомпанијата „Ryanair“ сакала да ѝ наплати 80 евра за куфер, нејзиниот потег е апсолутен хит!„Не сакав да платам ни цент“Зa да избегне плаќање на такса за багаж на аеродромот, една жена посегнала по екстремно решение и ја облекла целата облека од куферот. Карла Брунела (27) од Шпанија, облекла шест слоја облека откако ѝ било кажано дека нејзината торба е преголема за да помине како бесплатен личен багаж. Таа летала со „Рајанер“ од Верона до Манчестер и за нејзиниот рачен багаж требало да плати 70 фунти (околу 81 евро). „Не сакав да платам ни цент“ Наместо да ја плати таксата, Карла одлучила да облече што е можно повеќе облека пред да помине низ безбедносната контрола. Нејзиниот лет во мај чинел 43 фунти (околу 50 евра). „Кога сфатив дека торбата не се вклопува во калапот за мерење, почнав да се смеам. Некако знаев дека тоа ќе се случи затоа што претерав во Верона“, раскажува таа. „Кога отидов да ја земам картата за влез во авионот, службеникот ми рече дека мојот рачен багаж е преголем и дека морам да платам или да го намалам за да одговара на димензиите. Идејата ми дојде спонтано. Само знаев дека не сакам да платам ни цент повеќе. Единствената опција беше да носам сè на себе“, додала таа. Жешко и непријатно искуство Карла, која работи во областа на менталното здравје, на крај носела шест комбинации облек додека се приближувала кон портата за влез во авионот. „Беше жешко и заморно. Се чувствував чудно, а луѓето ме гледаа. Се соблеков штом ја поминав контролата на излезот, пред да се качам во авионот“, го опишала таа своето искуство. „Бев толку среќна што не морав да платам казна. Мислам дека некогаш не би платила дополнителна такса за да пријавам багаж“, заклучила таа. Реакциите на интернет се поделени Карла на социјалните мрежи го споделила видеото на кое таа носи слоеви облека на аеродромот, а видеото било прегледано повеќе од 455.000 пати. Реакциите беа поделени. „Значи, заштедивте десет евра? Имате со што да се фалите“, гласеше еден коментар. Друг корисник кратко ѝ порача: „Едноставно, плати си“. Имаше и такви кои го поддржаа нејзиниот потег: „Сигурна сум дека ви беше жешко, но сепак тоа е паметен потег“. Еден коментатор се пошегува за другите патници: „Жал ми е за лицето што седело до вас до крајот од летот“. Некој друг забележа: „Таа торба ни приближно не одговара на рачен багаж“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБони Тајлер се разбуди од кома. Нејзиниот претставник: Се уште е сериозно болнаПејачката Бони Тајлер се разбуди од индуцирана кома во Португалија, каде што се опоравува по срцев удар.75-годишната ѕвезда беше итно оперирана во мај поради проблеми со цревата и ѝ беше отстрането слепо црево, а по операцијата беше реанимирана поради срцев удар. Нејзината состојба полека се подобрува „Бони повеќе не е во кома, но сè уште е сериозно болна“, изјави претставникот на пејачката за „The Sun“. „Иако нејзината состојба се подобрува, процесот на закрепнување е бавен“. Според британските медиуми, Тајлер останува на интензивна нега во болница во Фаро, но лекарите очекуваат целосно да се опорави. Сè започна со болки во стомакот Пејачката, најпозната по нејзиниот хит од 1983 година „Total Eclipse of the Heart“, наводно почнала да се чувствува лошо во Лондон, каде што посетила лекар. Нејзиниот долгогодишен пријател Либерто Меалха рече дека лекарите не пронашле ништо. „Таа одлучи да отпатува во Алгарве, каде што почнала да чувствува силни болки во стомакот“, рече тој. „Два дена подоцна таа отиде во приватна болница, од каде што итно беше префрлена во болница во Фаро бидејќи ѝ пукнало слепото црево и ѝ била потребна итна операција“, додаде Меалха. Велшката пејачка потоа беше ставена во индуцирана кома „за да се олесни нејзиното закрепнување“, претходно соопшти нејзиниот тим. Откажани концерти до крајот на август Сите концерти на Бони Тајлер се откажани до крајот на август. Нејзиниот менаџмент им се заблагодари на фановите за нивната поддршка. „Би сакале да им се заблагодариме на сите низ целиот свет за огромниот излив на сочувство и пораките за поддршка“, се вели во нивното соопштение.Тагови: Бони Тајлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook