МакедонијаБожиновска: Интеграцијата на македонскиот во европскиот пазар на ел. енергија е наша целИнтеграцијата на македонскиот во европскиот пазар на електрична енергија е наша стратешка цел, вели Божиновска.Добро е да се чуе дека Европската Унија е оптимист кога станува збор за земјите од Западниот Балкан, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во обраќањето на Вториот Форум за интеграција на пазарот на електрична енергија (ЕМИФ), што попладнево се одржа во Европскиот парламент во Брисел. - Интеграцијата на македонскиот организиран пазар на електрична енергија во Единствениот европски пазар е од стратешко значење за државата. Министерството целосно го поддржува процесот што го спроведува Националниот оператор на пазар на електрична енергија - МЕМО. Станува збор за сериозен влог - зголемена ликвидност на пазарот, поконкурентни цени и поголема сигурност на снабдување, што директно влијае на економската стабилност и предвидливост, истакна Божиновска на панелот „Проширување на единствениот европски пазар на електрична енергија во 2026 година?“. Таа посочи дека процесот на пазарно поврзување на земјава започна уште во 2017 година со склучувањето на Меморандум за разбирање за енергетско поврзување со Албанија, Грција и Косово, а потоа и со Бугарија, за сега да работи на усогласување на националното со законодавството на ЕУ и на имплементација на Планот за поврзување на пазарите под надлежност на Агенцијата на Европската Унија за соработка на регулаторите за енергија. Во контекст на новата енергетска визија на земјава, Божиновска информираше дека минатата недела Собранието го усвои новиот Закон за енергетика, усогласен со законодавството на ЕУ со што се поставуваат темелите за модерен, чист и фер енергетски систем. - Создавањето посебно Министерство за енергетика, како и новиот Закон, се доказ за сериозноста со која пристапуваме кон секторот. Законот значи повеќе обновливи извори, намалување на загубите, отворен пазар и поголема улога за граѓаните, и како производители и како потрошувачи на енергија, додаде министерката. Божиновска оцени дека интеграцијата со европскиот пазар може да понуди заштита од финансиските ефекти на Механизмот на ЕУ за прилагодување на јаглеродните ограничувања (ЦВАМ), што би значело значајна економска корист за македонските компании. - Поради неизвесностите околу влијанието на ЦBAM, императив беше поврзувањето на пазарите да се случи пред 2026 година. Иако веќе сме надвор од таа временска рамка, реално е да се стремиме кон поврзување помеѓу четвртиот квартал на 2026 и првиот квартал на 2027 година, рече Божиновска. Таа повика на засилена соработка меѓу ЕУ и земјите кандидати за членство на забрзување на пазарното поврзување, бидејќи, како што рече, бенефитите од тоа се заеднички, почнувајќи од енергетската сигурност, па до поттикнување на економскиот раст. - Само со засилена соработка можеме да изградиме стабилен, интегриран европски електро-енергетски систем кој ќе им користи на сите, потенцира Божиновска. На ЕМИФ форумот учествуваше и делегација на МЕМО заедно со стотина претставници на енергетски берзи и регулаторите од ЕУ и од земјите кандидати за членство во Унијата, европратеници и претставници на Европската комисија. На собирот беше посочено дека интеграцијата на пазарите на електрична енергија ќе придонесе за ослободување на енергетската зависност на Европа од трети страни, за што како позитивен пример беа посочени соработката меѓу земјава, Албанија, Косово и Србија, меѓу Црна Гора и Италија и меѓу Србија и Унгарија. Дел од учесниците на ЕМИФ нагласија и дека поврзување на пазарите на електрична енергија ќе резултира и со намалување на цените на струјата, пред се во Источна Европа, каде што таа е значително повисока во споредба со онаа во земјите од Северна Европа, како и со избегнување на падови во системите и прекин на испораката на електрична енергија како неодамнешниот случај во Португалија и Шпанија. Дискутантите оценија и дека електро-енергетското поврзување за земјите кандидати за членство со пазарот на ЕУ ќе претставува и политички сигнал до нив затоа што со него ќе се постигне чекор напред во нивното приближување кон Унијата и ќе му се даде и поттик на процесот на проширување. Затоа, според дискутантите, нема да има целосна интеграција на овие земји во ЕУ, се додека не заврши нивното поврзување со пазарот на електрична енергија на Унијата. Организатори на Форумот беа Алпско-јадранско-дунавската берза за електрична енергија (АДЕКС), која е прва регионална берза за електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа, потоа Асоцијацијата на европски енергетски берзи (Европекс), како и Европската народна партија (ЕПП). ЕМИФ е замислен како единствена платформа за поттикнување на политичката перспектива за интеграција на регионалниот пазар на електрична енергија и за унапредување на дијалогот меѓу засегнатите страни и носителите на одлуки. Инаку, пред да учеството на Форумот, министерката Божиновска имаше средба и со директорот на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (ДГ ЕНЕСТ), Герт Јан Копман кого го информирала за она што досега го имаат направено Владата и новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини за овој кус период. Според Божиновска, Копман бил пријатно изненаден од досега сработеното од наша страна, а посебно изразил задоволство од финализирањето на тендерот за интерконекторот со Грција, како и од објавениот тендер за поврзување со Албанија. Копман го поздравил досегашниот напредок на земјава, за што како доказ го ја посочил исплатата на средства за предфинансирање во рамки на Планот за раст на Западниот Балкан, нагласувајќи при тоа дека е свесен за многуте обврски што ни претстојат во реализацијата на плановите од Реформската агенда. Копман на средбата најавил и дека ќе дојде во посета на земјава. Тагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter