Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари
2Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари
3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
МакедонијаБожиновска - Ѓедовиќ Хандановиќ: Гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија треба да биде готов до крајот на 2027.Гасниот интерконектор меѓу Србија и Македонија треба да биде изграден до крајот на 2027 година, а гасот низ него да протече на почетокот на 2028 година.Гасниот интерконектор меѓу Србија и Македонија треба да биде изграден до крајот на 2027 година, а гасот низ него да протече на почетокот на 2028 година, најавија министерките за енергетика и рударство на двете земји Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и Сања Божиновска по средбата во Белград и состанокот на заедничката работна група на за реализација на гасниот интерконектор. Овој проект, како што нагласи Ѓедовиќ Хандановиќ, е уште еден доказ за силната билатерална соработка меѓу Србија и Македонија, заснована на доверба, заеднички интереси и јасна визија за регионална енергетска стабилност. Таа посочи дека е планирано интерконекторот да биде долг 144 километри, неговата проценета вредност е 153 милиони евра и дека парите за него се обезбедени. - При крај сме со идејните проекти, кои ќе бидат готови во следните неколку месеци. Исто така, со помош на Европската Унија, ја завршивме студијата за изводливост и студијата за проценка на влијанието врз животната средина и продолжуваме понатаму. Планот е да добиеме дозвола за градба кон средината на 2026 година и веднаш потоа да започне изградбата. Капацитетот на гасоводот е 1,5 милијарди кубни метри гас, изјави Ѓедовиќ Хандановиќ за новинарите по разговорите со македонската делегација. Министерката Божиновски, пак, нагласи дека Македонија има помалку километри во делот кон Србија, околу 23, и дека очекува конекторот да биде готов до крајот на 2027 година и оперативен од почетокот на 2028 година. Кажа дека министерството што го води има добра соработка со сите соседи и дека од темите што се дискутираа денеска, гасното поврзување е најважно. - Во моментов имаме само една врска, кон Бугарија, но почнавме да градиме интерконектор кон Грција, а со тоа нашата земја ќе стане и земја за транзит на гас, а преку нас, од Република Грција, ќе бидеме дел од транзитот кон Источна Европа. Што се однесува до временските рамки, на техничко ниво што веќе ги договоривме, се надевам дека ќе ги спроведеме и дека ќе изградиме интерконектор со Грција до крајот на 2027 година, рече Божиновска. Таа, исто така, ја истакна добрата соработка со Србија во рамките на Енергетската заедница и оцени дека помагањето на соседите е најважно. На денешната средба со Белград е договорено состаноците на работните групи да се одржуваат на секои два месеца, дека динамиката ќе се следи и оти е многу важно навремено да се координираат активностите околу завршувањето на интерконекциите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаЈО: Предложен притвор за загрозување на сигурноста во КумановоОсновното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Куманово, поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста .Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Куманово, поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик и предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Согласно зајакнатиот механизам за итна меѓуинституционална координација и постапување во предметите поврзани со семејно насилство, во конкретниот случај веќе се преземаат дејствија за обезбедување на доказите, особено имајќи предвид дека насилничкото однесување на осомничениот 54-годишник се повторува. Против него веќе е поднесено едно обвинение за телесна повреда на неговата ќерка при вршење семејно насилство под дејство на алкохол, кое е во фаза на судење. Дејствијата на загрозување на сигурноста што сега ги презел вклучуваат не само вербални закани дека ќе ги запали ќерката и внуката, туку и конкретни дејствија со кои тој истурил две шишиња бензин во домот. По пријавата на настанот итно е изготвена проценка на ризик која укажува на сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство и на ризик од повторување на насилството. Овие проценки упатуваат на оправдан страв дека осомничениот би можел не само да ги повтори до сега сторените дела, туку дека би можел да стори и потешко дело, односно да го стори делото со кое се заканува. Поради ваквите околности јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга поблага мерка и предложи најстрога мерка за обезбедување присуство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамариОсновното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство.Обвинетиот, на 10 ноември, во неговиот дом во Битола, телесно ја повредил неговата девојка. По вербална расправија меѓу нив, ја удирал по лицето со тупаници и шамари, па ја стегал за вратот и устата, со што и нанел површинска телесна повреда и неколку нагмечувања и крвни подливи. Обвинетиот во текот на постапката за прибирање докази беше обезбеден со мерка притвор, имајќи ги предвид ризиците тој да се обиде да го избегне кривичниот прогон и да го повтори насилното однесување. Притоа обвинителството ги ценеше информациите дека тој непосредно по настанот избегал од полициска станица и неколку дена не бил достапен. Сметајќи дека овие ризици и натаму постојат, јавниот обвинител со поднесеното обвинение му предложи на судот да ја продолжи притворската мерка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ФудбалКомо без првата ѕвезда,Кен ги пропушта дуелите со ПСЖ и Барселона?!Фудбалерот на Комо, Моиз Кен, ќе отсуствува од терените најмалку два месеца поради повреда, потврди тренерот на најпријатното изненадување во европскиот фудбал , Сеск Фабрегас.26-годишниот италијански репрезентативец ја повредил десната нога за време на натпреварот против Белгија во Лигата на нации, но најновиот проблем се појавил на левата нога, објасни Фабрегас. Од Комо претходно соопштија дека по враќањето од репрезентативните обврски, Кен морал да побара медицинска помош поради повреда заработена на тренинг. Поради оваа принудна пауза, напаѓачот би можел да ги пропушти и важните натпревари во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и Барселона, кои се на програмата во јануари. Италијанскиот клуб моментално се наоѓа на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите, во која учествуваат 36 екипи, а во вторник ќе биде домаќин на АЕК. До крајот на лигашката фаза, тимот го очекуваат уште дуели со Реал Бетис, како и два големи предизвици против ПСЖ и Барселона. Кен пристигна во Комо на почетокот на сезоната од Фиорентина, како позајмен играч на една година, а неговото отсуство претставува голем проблем за Фабрегас, кој до јануарскиот преоден рок на располагање го има само Тасос Дувикас како класичен напаѓач. Комо моментално е на петтото место во Серија А, а во сабота на домашен терен ќе го пречека Каљари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter