МакедонијаБожиновска: Да ги задржиме младите инженери, потребни ѝ се на државатаМладите инженери ѝ се потребни на државата. Тие денес се соочуваат со дилема - дали да останат или да заминат. Ова е реалност што не треба да ја игнорираме. Ако сакаме да останат тука, мора да создадеме средина во која ќе бидат охрабрени, поддржани и мотивирани за развивање на своите идеи и иновации, мора да им обезбедиме услови и проекти, но не декларативно, со зборови, туку конкретно, во пракса - порачаа учесниците на денешниот настан по повод Денот на македонските инженери. Како што беше истакнато, инженерството е една од темелните професии во развојот на земјата. Македонија ќе биде посилна, помодерна и поотпорна онолку колку што ќе знае да ги почитува, поддржува и задржи своите инженери. - Мојата порака денес е јасна, инженерството во Македонија треба да остане силно во знаењето, но и отворено кон иднината. Да ја чува својата професионална строгост, но и да ги пречекува новите генерации. Македонија има млади луѓе со знаење, потенцијал и капацитет да бидат дел од европската и светската инженерска сцена. Државата мора да создаде средина во која тие ќе бидат охрабрени, поддржани и мотивирани да ги развиваат своите идеи и иновации. Затоа денес сакам да се обратам особено до младите инженери. На Македонија ѝ требате. Не како симболична поддршка за иднината, туку како реална сила на сегашноста. Потребни ни се вашиот ум, вашата љубопитност, вашата дисциплина, вашата храброст да поставувате нови прашања и да барате понапредни решенија - истакна министерката за енергетика Сања Божиновска во обраќањето. Инженерството, посочи Божиновска, не гради само објекти и системи, туку гради доверба во иднината. Денес тоа има уште поголема важност зашто живееме во време кога енергетиката, индустријата, дигитализацијата, климатските предизвици, инфраструктурата и конкурентноста повеќе не може да се гледаат како одвоени сектори. - Денес сакам искрено да ви оддадам признание за сè што сте направиле, но и да упатам повик за уште посилно заедничко дејствување. На Македонија ѝ е потребна инженерска мисла во институциите, во компаниите, во науката, во локалниот развој, во енергетиката, во дигитализацијата и во секоја реформа што сака да биде вистинска, а не само декларативна. Кога зборуваме за иднината на инженерството, не зборуваме само за традицијата што ја одбележуваме денес, туку и за новата фаза во која влегува професијата. Пред инженерите не е само предизвикот како традиционалното инженерство да го задржи својот темел, туку тоа истовремено да се развива во свет на вештачка интелигенција, автоматизација, податоци и нови дигитални алатки. Верувам дека иднината им припаѓа на луѓето што знаат како технологијата да ја стават во служба на јавниот интерес. Затоа инженерите и понатаму ќе бидат клучни, како проектанти и изведувачи, но и како толкувачи на новото време, како професионалци што знаат каде иновацијата навистина носи вредност - нагласи министерката. Според неа, Министерството за енергетика многу јасно гледа дека ниедна сериозна реформа не може да се спроведе без силна стручна основа. - Енергетската транзиција не е само политичка одлука. Таа е инженерски процес што бара планирање, систем, прецизност, анализа, одговорност и знаење, бара луѓе што умеат да го претворат концептот во решение, а решението во функционален систем што ќе работи долгорочно и сигурно - предочи Божиновска. Таа упати и посебна почит кон жените во инженерството, чиј придонес, рече, е реален, суштински и неопходен. - Министерството повеќепати досега јасно порача дека зелената транзиција не може да го достигне својот полн потенцијал ако не е инклузивна и ако жените не се активни носители на промените. Сакаме повеќе жени во енергетиката и мора системски да ги охрабруваме девојчињата и младите жени да избираат технички и научни професии, да создадеме менторство и фер можности за напредување - потенцира Божиновска. И претседателот на Инженерската институција на Македонија, Андреј Лепавцов, укажа дека инженерството е многу повеќе од професија. Во нашата земја, рече, отсекогаш имало клучна улога - од инфраструктурата што ги поврзува градовите до енергетските системи што ги напојуваат домовите, од системите за наводнување до иновациите во технологијата и индустријата. Лепавцов се осврна и на модернизација на патната и железничката инфраструктура (на коридорите што треба подобро да нè поврзат со регионот и Европа), на водната инфраструктура, енергетските проекти и дигитализацијата напоменувајќи дека овие процеси бараат знаење, координација, време и трпение, а токму инженерите, рече, ќе бидат тие што ќе треба да најдат одржливи и паметни решенија. - Инженерството е одговорност и мост меѓу имагинацијата и реалноста. Секој пат по кој се движиме, секоја зграда во која влегуваме, секој систем на кој се потпираме - не се случајност. Тие се резултат на внимателно размислување, прецизни пресметки и упорност без откажување, сè до конечно решение. Инженерите по својата суштина се решавачи на проблеми. Таму каде што другите гледаат пречки, гледаат предизвици што чекаат да бидат разбрани, таму каде што другите се двоумат, инженерите почнуваат да создаваат решенија. Овој начин на размислување е особено важен во свет што се менува побргу од кога било. Секој инженер тука има своја приказна. Години учење, долги ноќи исполнети со решавање проблеми, моменти на сомнеж и моменти на пробив. Зад секој успех стои труд што често останува незабележан. Сепак, и покрај предизвиците, инженерите продолжуваат напред, не за признание, туку за резултати - истакна Лепавцов. Според него, македонските инженери се во срцето на напредокот. Нивната работа не е секогаш видлива, но нејзиното влијание е неспорно и незаменливо. - Ние не градиме само објекти и не проектираме само системи. Ние влијаеме на тоа како луѓето живеат. И тоа е голема одговорност, но и привилегија. Затоа, да продолжиме да работиме посветено. Да бидеме гласни и етични кога треба, но прецизни секогаш, што е одлика на нашата професија. Да не се плашиме од новото, но и да го почитуваме искуството. И најважно - да не заборавиме зошто сме го избрале овој пат. Тоа што ќе го изградиме, ќе зборува за нас. Во Македонија инженерите отсекогаш биле тивки носители на развојот. Не сме секогаш гласни, но сме присутни во секој важен чекор напред. Од старите инфраструктурни решенија што со децении функционираат до новите технологии што полека си го наоѓаат местото кај нас. Но, денес, можеби повеќе од кога било, се наоѓаме во еден интересен момент. Пред нас се отвораат нови проекти и нови можности. Се зборува и веќе се работи на модернизација на патната и железничката инфраструктура, особено на коридорите што треба подобро да нè поврзат со регионот и Европа. Тоа не се само градежни зафати - тоа се проекти што директно влијаат врз економијата, мобилноста и иднината на државата - рече претседателот на Инженерската институција. Од настанот беше испратена порака и до поискусните инженери, кои придонесоа во изградбата на државата - дека нивното знаење е повеќе од важно, дека треба да го пренесат и да им помогнат на помладите, но и да им остават простор да пробаат поинаку зашто инженерската професија не е само формули и стандарди, туку и креативност, интуиција и способност за носење одлуки кога нема совршено решение. Оддадена им беше почит и на инженерите што веќе не се живи, а ги поставија темелите врз кои денес градиме, како и на професорите и едукаторите што ги инспирираат идните генерации. На настанот, со кој воедно се одбележа и 106 години инженерско здружување во Македонија, покрај владини претставници, присуствуваа и претставници од бизнис-заедницата и Комората на овластените архитекти и инженери. Тагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook