3Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
МакедонијаБожиновска: Цените на горивата остануваат стабилни - обезбеден дополнителен попуст за дизелот„Окта“ дополнително го зголеми попустот за дизелот од 2 на 3 денари за литар, односно воведе дополнителен попуст од 1 денар, со продолжување на мерката до 6 април. Ова е конкретен резултат на партнерскиот пристап и континуираната координација, со цел директни придобивки за граѓаните и стопанството - вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Таа додава дека преземените мерки од страна на Владата, меѓу кои и намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати и оти цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, нагласува таа, останува целосно посветено на следење на состојбите и, доколку е потребно, подготвено е да реагира со дополнителни мерки, со единствен приоритет - стабилен пазар и заштита на граѓаните и економијата. Министерката Божиновска истакнува дека Министерството преку интензивна и директна комуникација со компанијата „Окта“ иницирала и обезбедила унапредување на условите за попустите на нафтените деривати, со јасна цел - дополнително намалување на ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството. - Паралелно, со намалувањето на ДДВ-то од 18 на 10 %, обезбедивме дополнително намалување на цените за 6 до 7 денари за литар и спречивме ценовен шок на пазарот. Ова е пристап што дава резултат, со активна улога на државата и со заедничка одговорност со приватниот сектор да постигнеме заштита на животниот стандард и стабилност на економијата - нагласува министерката Божиновска. Од Министерството нагласуваат дека тоа што „Окта“ ја продолжува иницијативата за попусти на горивата и по првично предвидениот рок на крајот на март, при што мерката ќе трае до 6 април, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари за литар обезбедувајќи дополнителна поддршка за потрошувачите и придонесувајќи кон стабилизација на пазарот. - Овој чекор доаѓа како резултат на континуираната комуникација и координација помеѓу Министерството и компаниите, со јасна цел - некои од олеснувањата да се пренесат директно кон граѓаните и стопанството. Ова претставува потврда дека активната улога на државата дава резултати и дека преку партнерство со компаниите може да се обезбедат конкретни придобивки за граѓаните и стопанството - вели таа. Истовремено, според неа, клучна улога во стабилизирањето на цените има и владината мерка за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 %, која обезбедила директно намалување на цените за 6 до 7 денари за литар и спречила дополнителен ценовен шок. - Со оваа комбинирана интервенција спречен е значителен раст на цените на горивата, обезбедена е стабилност на пазарот, заштитен е животниот стандард на граѓаните, намален е притисокот врз транспортот и економијата. Спречивме ценовен шок, ја стабилизиравме цената и обезбедивме конкретно намалување за граѓаните - истакна министерката Сања Божиновска. Министерството нагласува дека одговорноста во вакви услови е заедничка и дека позитивниот пример со зголемениот попуст за дизел треба да биде следен и од другите учесници на пазарот, со цел бенефитите целосно да се рефлектираат во малопродажните цени. Паралелно, снабдувањето со горива се одвива непречено, државните резерви се стабилни, а сите надлежни институции се во постојана координација и вршат засилени контроли на пазарот. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на следење на состојбите и, доколку е потребно, подготвено е да реагира со дополнителни мерки, со единствен приоритет - стабилен пазар и заштита на граѓаните и економијата. Тагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните. Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот. Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните. -Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“. Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан ДистрибуцијаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter