Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЗабаваБожикна забава во Австралија: Десетици илјади на плажа, забавата излезе од контрола (ВИДЕО)Божик изгледа сосема поинаку во Австралија - за оние на јужната хемисфера летото штотуку започна.Австралијците решија да го прослават Божиќ со забава на плажа, која прерасна во масовно пијанство и целосно излезе од контрола. Сега се најавуваат забрани за следната година. @explorewithmahdi Sea of backpackers in Bronte beach, sydney 🌊🇦🇺 #brontebeach #aussie #sydney #christmasday #tourist #australia #newsouthwales #fyp #australiatiktok #aussietok #viral #australian #australiatravel #tiktokaustralia #australia🇦🇺 #viral #aussietiktok #traveltiktok #travellife #traveltok #backpacking #beach #movingtoaustralia ♬ Harry I think its Christmas Eve - Luna (spencer’s version) Полицијата на плажата Бронте во Сиднеј му помогна на маж кој се здобил со сериозни повреди на главата откако наводно паднал додека се обидувал да скокне од карпа во океанот. Со хеликоптер бил испратен лекарски тим, а мажот на возраст од дваесетина години итно бил пренесен во Св. Винсент и е во тешка состојба. На местото на наводниот инцидент интервенирала и полицијата, каде мажот останал без свест. Учесниците ја опишаа забавата на плажата во Сиднеј како „дива“ и „неверојатна“ на социјалните мрежи, а еден турист ја спореди со карневалот во Рио, пренесува New York Post. @joshtighe96 It gets quite busy at the beach on Christmas in Australia . . . #sydney #christmas #beach #bronte #australia #fyp #foryou #whvaustralia #travel #explore #solobackpacker #dji #drone #sea #ocean ♬ Feeding the Family - Spacey Jane Еден претприемнички диџеј ја постави својата опрема и звучниците на тревниот дел од паркот, пуштајќи музика за толпата што се сонча на плажата. Bondi Lines, платформа за информации за ноќниот живот, објави дека настанот е непропустлив дел од божиќната понуда на Сиднеј, особено за иселениците и патниците. Ко-основачот на платформата Калум Ведерал рече дека забавата постои со години и главно ја посетуваат иселениците и туристите со ранци, вклучувајќи ги и „Ирците и јужноамериканците далеку од дома“. @maxi.mdiaz Weihnachten mal anders 🎄#solotravel #beach #brontebeach ♬ LET'S GO - Jaden Bojsen & Sami Brielle „Тие немаат семејство овде и мислам дека е прилично посебно за нив што можат да дојдат на една од најубавите плажи во Сиднеј за да слават заедно, па ние го поддржуваме тоа“, рече тој. „Многу наши следбеници доаѓаат од Ирска, Обединетото Кралство и Јужна Америка. Тие не можат да седнат на божиќен ручек со своето семејство, но сепак сакаат да поминуваат време со други луѓе.“ Во текот на денот, учесниците доаѓаа на плажата со автобуси и автомобили, додека локалните жители споделуваа сцени од настанот снимајќи од балконите на нивните станови. Од друга страна, снимени се и полициските коњи во празнични украси како патролираат низ толпата, а забавата траела до утринските часови. Полицијата била присутна на местото за да ја надгледува толпата и да се осигура дека нема да се повтори лошото однесување од минатогодишниот настан, кога плажата и околината беа прекриени со скршено стакло, ѓубре и измет. Властите одлучија да испрати полиција откако градскиот совет ги предупреди посетителите на забавата кои планираат да присуствуваат на забавата да се однесуваат одговорно додека учесниците минатата година ја напуштија плажата Бронте покриена со ѓубре. Минатогодишната забава беше означена како „најлошата досега“ и „одвратна“, при што еден жител рече дека изгледа „полошо од земја од третиот свет“. Друг рече дека се чувствувале загрозени во близина на настанот и сакале да се преселат. Советникот на Вејверли, Џошуа Спајсер се огласи на социјалните мрежи за да ги увери гневните локални жители дека Советот презел акција за да спречи повторување на дивите сцени од минатата година. „Ова вклучува дополнителни ренџери, безбедносни служби и полиција, посветен тим за чистење со повеќе канти и камиони за отпад, продолжени патроли за спасувачи и мерки специфични за паркот Бронте, како што се рутите за евакуација и привремени тоалети“, напиша тој на Фејсбук. „Ова беше клучна приоритетна точка за нас и убедени сме дека овие мерки значително ќе влијаат на настанот оваа година“, додаде тој. Според сѐ што се виде, мерките не влијаеле значително на настанот. Според австралиските вести, оваа година биле поставени повеќе од 250 дополнителни канти за ѓубре, што немало претерано дејство. Водачот на локалниот совет на Вејверли, Вил Немеш изјави дека на овогодинешниот настан имало дури 15.000 луѓе. @10newsfirst Sydney’s Bronte Beach has been left trashed after thousands of people descended on the popular spot to celebrate Christmas Day. A video posted online by a local resident shows empty glass bottles, food and other rubbish strewn across a large majority of the beach’s barbecue areas and grass on Boxing Day. It’s understood an extra 250 bins were placed at the beach to cater for the huge numbers after the mess that was left last year sparked outrage among locals. Council cleanup crews arrived around 5am this morning to begin shovelling up the garbage. #10newsfirst #bronte #brontebeach #sydney #nsw #christmas #christmasday ♬ original sound - 10 News First Australia И покрај воведувањето на програмата „Summer Safe“, со повеќе полиција и контрола на толпата, Немеш рече дека е „разочарувачки што, и покрај нашите напори, сè уште има толку многу ѓубре “. „Јас лично бев на плажата Бронте од 19:00 до 00:30 часот, помагајќи му на нашиот тим за отпадоци и чистење“, рече тој. Некои велат и оваа година дека никогаш повеќе нема да дозволат вакво нешто. Останува да видиме дали ќе успее следниот Божиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
ХороскопДневен хороскоп за 11. ноември 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 11. ноември 2026 година.Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место. Кариера Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело. Здравје и совет Одморете си ги нозете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали. Кариера Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе. Здравје и совет Посветете му се на вашето хоби. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис. Кариера Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации. Здравје и совет Прифатете ги другите какви што се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Кариера Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба. Здравје и совет Радувајте се . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша. Кариера На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено. Здравје и совет Будете поумерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте. Кариера Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани. Здравје и совет Однесувајте се природно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Кариера Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата. Здравје и совет Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Здравје и совет Ќе ви се спие. Рак 22.6-22.7. Љубов Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Кариера Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе. Здравје и совет Повеќе живејте во сегашноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат. Кариера Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени. Здравје и совет Држете се до фактите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас. Кариера Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација. Здравје и совет Чувајте се од провев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБогдан Илиевски и Иво Рангеловиќ во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Богдан Илиевски и Иво РангеловиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
ЗабаваЦвеќе, вечера, внимание... Дали женските критериуми се навистина превисоки?Според „Вајс“ (Vice), мажите сè почесто им порачуваат на жените дека нивните критериуми за врска се превисоки. Купувањето цвеќе, плаќањето вечера или романтичните гестови некои мажи ги сметаат за материјализам и претерани очекувања. Ваквите коментари го отвораат прашањето: зошто од жените се очекува да се задоволат со минимум, додека вложувањето труд и внимание во врската се третираа како нешто посебно? Зошто желбите на жените често се етикетираат како „претерани“? Поради своите очекувања во врските, жените често се опишуваат како „нереални“, „пребирливи“ или дека „премногу бараат“. Сепак, јасното изразување на сопствената желба и очекувањето почит од партнерот не би требало да бидат основа за осуда. Секој има право да постави свои критериуми и сосема е разумно да се очекува партнерот преку своите постапки да покаже дека жената му е важна. Жените при запознавање и излегување често се соочуваат со одредени ризици кои ги надминуваат оние со кои се соочуваат мажите. Затоа, важно е и другата страна да покаже труд и подготвеност да вложи во врската. Мажот кој не се труди да остави добар впечаток, тешко може да очекува да разбуди интерес кај жената. Сè почести се и дискусиите за тоа колку еден маж треба да вложи во една врска. Некои мажи дури и ја исмеваат самата идеја дека жените уживаат кога добиваат цвеќе. Сепак, иако во некои западни земји ваквите гестови може да се сметаат за непотребен трошок, во словенските култури подарувањето букет и покажувањето внимание кон партнерката често се смета за стандарден дел од додворувањето. Од друга страна, некои мажи дури и скромните очекувања ги етикетираат како „материјализам“. Притоа, често забораваат дека вредноста на подарокот не е секогаш најважна, туку намерата што стои зад него. Во една врска, двете страни треба да се трудат да покажат грижа, внимание и подготвеност за заемно вложување. Затоа, мажите не треба да очекуваат дека се изземени од ваквите очекувања. Треба ли мажот да ја плати вечерата? Трендот на средби без обврска и краткотрајни врски го промени начинот на кој многу луѓе денес пристапуваат кон запознавањето. Врските понекогаш се сфаќаат несериозно, а луѓето сè повеќе се доживуваат како лесно заменливи. Прашањето дали мажот треба да ја плати сметката во ресторан и понатаму предизвикува поделени реакции. Иако двете страни би требало, во најмала рака, да понудат да го платат својот дел, јавното изразување незадоволство поради трошоците за средбата, особено кога мажот бил тој што ја поканил жената на вечера, остава впечаток дека тој е скржавец. Ако некој смета дека жената со која излегол не вреди колку една вечера, можеби би било подобро воопшто да не излегува со неа. Бидејќи ја потценува вредноста на нејзиното време, а ја преценува вредноста на вечерата. Притоа, често се заборава дека и жените вложуваат време и пари во подготовките пред излегување, од облека и шминка до фризури и други детали. Особено е проблематично кога од жените се очекува подеднакво финансиски да придонесуваат во врската и да останат емоционално стабилни и независни, додека се занемарува трудот што мажите би требало да го вложат во врската. Некои мажи тврдат дека врската не треба да биде трансакциска, но нивните постапки понекогаш укажуваат на сосема спротивното: тие очекуваат нивната партнерка да им пружи внимание, грижа и поддршка, додека самите не се подготвени да возвратат на ист начин. Германскиот писател Јохан Волфганг фон Гете понудил интересна перспектива за љубовта: „Девојките ги сакаме поради тоа што се, а момчињата поради ветувањето што би станале“. Наместо да прашуваат што жените носат во врската или колку се подготвени да придонесат за заеднички живот, мажите би требало да се фокусираат на личноста покрај себе. Личноста со карактер, некоја на која искрено и значи партнерот, ќе најде начин да го збогати неговиот живот. Освен тоа, ниеден однос не може да функционира без заемна зависност и поддршка еден на друг. Ниту една личност не може да живее сосема одвоена од другите луѓе. Зошто некои мажи веруваат дека жените имаат превисоки стандарди? Ако не се претпазливи, жените можат да се најдат во врска во која другата личност го искористува нивното внимание, време и труд. Не се ретки примерите кога жените по целодневна работа доаѓаат дома и ги преземаат речиси сите домашни обврски, како и грижата за децата, а потоа слушаат како облеката што посакуваат да ја купат е прескапа. Во такви ситуации, концептот за рамноправност понекогаш се користи како оправдување за себичноста. Некои мажи се повикуваат на еднаквоста за да ѝ порачаат на својата партнерка дека не треба да очекува ништо посебно од нив, истовремено земајќи го здраво за готово она што таа им го дава. Слични форми на манипулација се појавуваат и во дискусиите за феминизмот. Некои се претставуваат како заговорници на еднаквоста, а истовремено ги занемаруваат проблемите што директно влијаат на женското здравје и на квалитетот на живот на жените. Ендометриозата, на пример, е состојба на која сè уште не ѝ се посветува доволно внимание, но сериозно влијае врз секојдневието на оние жени што заболуваат од неа. Затоа расправата за „превисоките стандарди“ на жените не треба да се сведува на прашањето кој ќе ја плати вечерата, туку фокусот треба да биде ставен на почитта, заемноста и подготвеноста двете страни да вложат во односот. Да се очекува труд и внимание не е исто што и да се бара од партнерот да го задоволи секое барање. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21