3По повод Светскиот ден на бегалците, УНХЦР ги мобилизира младите да застанат со бегалците и да го бранат азилот
КултураБожикна пештера на плоштад Македонија – Пренеси ја божиќната радост до секое срце!Во срцето на градот Скопје, на Плоштад Македонија, од денеска, ќе биде поставена Божикна пештера која ги најаваува Бадник и Божик - Рождеството Христово, најголемиот христијански празник.Како што соопштуваат од Здружението Бадникови Поворки, тоа е најубавата и најимпозантна Божикна пештера во регионот, која претставува вистинско ремек-дело на уметноста и традицијата. -Оваа величествена божикна пештера е изработена по идеја на Ангел Мицевски, кој со својата непресушна креативна визија го осмисли целокупниот проект. Реализацијата, пак, е дело на искусниот вајар, Зоран Тошески кој заедно со својата сопруга Македонка, со посебно задоволство ја прифатија идејата за изработка на пештерата, волонтерски посветувајќи се на целиот проект и деноноќно работејќи со огромен труд. Зоран успеа да создаде дело кое на идните генерации ќе им сведочи за љубовта кон Бога, кон доброто и убавото. За пештерата да блесне во сиот сјај, се погрижи Влатко Павловски, кој исто така волонтерски се приклучи кон нашата мисија, стои во соопштението од организаторите. Генерален покровител на Божикната пештера, односно на овогодишните Бадникови поворки во Скопје, е градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, а поддршка дадоа и Град Скопје, но и сите скопски општини. -Нивната поддршка на нашата мисија за утврдување на православната традиција, создава автентична празнична атмосфера за сите во центарот на градот. Особено сме им благодарни и на сите наши волонтери и помагатели кои со своето време, труд и ентузијазам ја направија оваа иницијатива возможна. Тие се вистински херои на нашата заедница и дел од најсветлата приказна на оваа празнична сезона, се наведува во соопштението. Воедно, од Здружението ги покануваат сите граѓани, да ја посетат на плоштадот Македонија Божикната пештера, која, посочуваат, претставува можност за автентично да се подготвиме за празникот на Христовото раѓање. -Да ги отвориме срцата, да се радуваме со нашите најмили, уживајќи во оваа прекрасна глетка, која ќе ги топли душите на сите посетители. Да ја пренесеме божиќната радост во сечие срце и во секој дом! Ви посакуваме топли празнични моменти и ве очекуваме на Плоштадот Македонија!, порачуваат од Здружението Бадникови поворки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Мелони ме замоли да се сликам со неа, ми беше жал за неаПретседателот на САД, Доналд Трамп, денес во емисијата „Aria che Tira“ на телевизијата „La7“ изјави дека италијанската премиерка Џорџија Мелони го „молела“ да се слика со неа на самитот на Г7 оваа недела.На почетокот на интервјуто, Трамп веднаш го сврте разговорот кон Мелони, прашувајќи „како е вашата премиерка?“ „Што рече таа кога се сретна со мене? Веројатно е среќна што разговарав со неа“, додаде тој. „Не морав да разговарам со неа. Не знам што да кажам. Ме замоли да се сликам со неа. Толку многу сакаше да се слика со мене. Не би го прифатил тоа, но ми беше жал за неа“, рече тој. Мелони беше голем пријател на Трамп и единствениот европски лидер поканет на неговата инаугурација минатата година. Односите се заладија кога италијанската влада, на почетокот на војната во Иран, го отфрли барањето на САД да користи воздухопловна база во Сицилија за напади за време на војната. Трамп ја обвини Италија дека не е од помош и рече дека Мелони се променила. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче со земјоделците од Иванковци: Катастрофална состојба со откупот на пченица и јачменПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, со земјоделци од велешкото село Иванковци, разговараше за состојбите во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците производители на пченица и јачмен.Земјоделците посочија дека состојбата е катастрофална, се соочуваат со неизвесност, доцнење на субвенциите, а производствените трошоци кои се драстично зголемени. Дополнителен проблем е што од Министерството за земјоделство, кое треба да ги следи производствените трошоци и да реагира доколку откупната цена на јачменот и пченица е ниска, нема никаква реакција. Земјоделците на средбата посочија дека ниту откупната цена на јачменот, ниту на пченицата, не се јавно објавени. Жетвата на јачменот е веќе на средина, земјоделците го предаваат, а не знаат по која цена. На дел им се откупува по 9 денари за килограм,, што за нив значи директна загуба. Претседателот Филипче посочи дека со погубните политики на власта земјоделството пропаѓа. „Земјоделството пропаѓа. Ако државата не ја пресмета производната цена во соодветно време и да даде помош согласно зголемените трошоци, бидејќи ние не знаеме од сега дека порасна цената на ѓубривата, знаеме од кога почна војната на Блискиот Исток, ако немаме Влада која ќе помогне да се има реална цена, што ќе даде дополнителна субвенција, интервентна мерка, а влијае за да има непречен откуп, како што нема, тогаш вие земјоделците сте оставени сами на себе“, рече Филипче. На средбата Филипче посочи дека СДСМ има план за развој на земјоделството, според потребите на земјоделците, како и план кој го цени трудот на земјоделците. „Прво, соодветна производна цена по јавна и јасна методологија, за да се знае колку е трошокот. Ако остане неоткупен производ, државата да води грижа за тоа. Потоа окрупнување на земјиштето, намалување на земјоделска такса од 2%, средување на состојбата со каналите за наводнување, педолошки анализи на почва и друго и сето тоа да биде стратегија за развој на земјоделството, но да бидеме искрени, сето тоа се прави со помош од ЕУ“, рече Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВасев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Шоу бизПочина американскиот хип-хоп продуцент Теј КитХИП-ХОП продуцентот Теј Кит, кој беше номиниран за Греми и работеше со уметници како Бијонсе, Тревис Скот и Фјучр, беше пронајден мртов на 29-годишна возраст.Продуцентот познат по хитовите на „Travis Scott“ „Sicko Mode“ и „Nonstop“ на „Drake“ беше пронајден мртов од полицијата во неговиот стан во Нешвил. Работел со познати музичари Кит, чие вистинско име е Брајтавиус Чемберс, работел и со ѕвезди како „Eminem“, „Cardi B“, „Megan Thee Stallion“, „J. Cole“ и „21 Savage“. Во соопштението од полициската станица на Метро Нешвил се вели: „Не се сомневаме дека е извршено казнено дело во врска со смртта на 29-годишната Брајтавиус Чемберс, познат и како музички продуцент номиниран за Греми, Теј Кит.“ View this post on Instagram A post shared by Tay Keith (@taykeith) Тој беше номиниран за Греми Кит беше номиниран за Греми во категоријата најдобра рап песна за „Sicko Mode“, која исто така се искачи на врвот на американските музички листи. Тој беше повторно номиниран во 2024 година за неговата продуцентска работа на песната „Rich Flex“ од „Drake“ и „21 Savage“. Кит ја основа музичката издавачка куќа „Drumatized Music Group“ со седиште во Мемфис со својот менаџер Камбријан Стронг. Двајцата беа именувани на листата „30 под 30 музика“ на Форбс за 2024 година, а списанието Билборд го именуваше Кит за еден од највлијателните продуценти на 21 век. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВасев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06