МакедонијаБожикна литургија во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во БитолаЕпископот велички Никола претпладнево во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола со свештенослужители одржа Божиќна литургија. Според востановената традиција на утринската богослужба учествуваше и градоначалникот Тони Коњановски, годинава придружуван од заменик градоначалничката Марина Крстиќ и членови на Советот на Општина Битола. -На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Како што тогаш се радувале пастирите, мудреците и сите луѓе, затоа што се родил Спасителот на светот, така и ние се радуваме секој Бадник и Божик, прославувајќи го Христовото раѓање. Тоа е празник на целото христијанско семејство. За да имаме порадосни празници и поблагопријатни времиња можеме само доколку повеќе го градиме мирот помеѓу нас, единството и слогата, разбирањето и почитувањето, како и достоинството свое и на другите. Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во мир и разбирање, а секој дом да биде исполнет со семејна топлина и благосостојба. Нека ни е среќен големиот христијански празник Божик! Хритос се роди! Вистина се роди!, истакна градоначалникот Коњановски.Тагови: Божиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сексипилната Никол повторно во бикиниСветската музичка ѕвезда Никол Шерцингер уште еднаш покажа дека и нема рамна кога е во прашање изгледот, иако наполни 48 години.Мегапопуларната Никол Шерцингер ја покажа својата фигура што го одзема здивот додека споделуваше серија заводливи фотографии по повод нејзиниот 48-ми роденден. Ѕвездата од „Pussycat Dolls“ изгледа прекрасно во објава на Инстаграм додека ужива на егзотичните Хаваи, во серија фотографии и видео. „Последен ден на овие години, се чувствував слатко на зајдисонце, како дома на нејзината омилена плажа“, напиша Никол за себе. Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Скопје повторно работат над 220 фонтани за пиење водаПовеќе од 220 јавни фонтани за пиење вода се повторно ставени во функција низ Скопје, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Тој во објава на фејсбук наведе дека градот мора да обезбеди основни услови за граѓаните, особено во летниот период, кога високите температури ја зголемуваат потребата од пристап до вода за пиење. Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните беа оставени надвор од функција. Во координација со ЈП „Водовод и канализација“ ги мапиравме, сервисиравме и повторно ги ставивме во употреба повеќе од 220 фонтани за пиење вода – наведе Ѓорѓиевски. Градоначалникот најави дека, покрај обновувањето на постојните, се работи и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХаос на дел од бензинските пумпи во Русија, властите го ограничуваат точењето горивоВо Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво.Во Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво, бидејќи кризата со снабдувањето се продлабочува поради украинските напади врз руските рафинерии. Мерката беше воведена откако гувернерот на Сибирската област Иркутск, прогласи режим на зголемена готовност поради недоволни залихи на гориво. Недостатокот на гориво се прошири низ многу руски региони откако украинските напади со беспилотни летала уништија околу една четвртина од вкупниот капацитет на рафинериите во Русија. Рускиот претседател Владимир Путин призна дека нападите врз енергетската инфраструктура создале проблеми со снабдувањето со гориво. Тој рече дека има недостиг, но дека, според него, тој не е критичен..Тагови: Бензин русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook