ЖивотБожикна елка од 5,2 милиони евра е поставена во Минхен, но не е најскапата на светот (ВИДЕО)Во пресрет на празниците, познатата компанија Pro Aurum слави 35 години, па своето седиште во Минхен го накити со елка вредна 5,2 милиони евра.Блескавата креација е висока три метри и украсена со 2.024 златници (направени во чест на Виенската филхармонија). Целиот проект е реализиран во соработка со Државната ковница на Австрија. Компанијата од Германија тргува со благородни метали и истакнува дека нивната „елка“ не е на продажба, пишува Њујорк пост. „Тоа го илустрира безвременското значење на благородниот метал на импресивен начин“, изјави портпаролот на Pro Aurum, Бенџамин Сума. Наместо традиционалната ѕвезда, горниот дел е украсен со голем златник од 24 карати. Вредноста на елката во Минхен ги остава луѓето без зборови, но треба да се нагласи дека не е најскапата на светот. Таа чест му припаѓа на примерокот кој претходно беше поставен во фоајето на луксузниот хотел Emirates Palace во Абу Даби. Таа е украсена со голем број украси од чисто злато, дијаманти, бисери, сафири и смарагди и вредеше неверојатни 10,8 милиони долари!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Живот2025 година е меѓу најсушните години во последните неколку деценииВо 2025 година, реките ширум светот ја доживеаја една од најсушните години во последните неколку децении, соопшти во четвртокот Светската метеоролошка организација (СМО).Се ова укажува на намалување на залихите на површински води на Земјата и предизвикува загриженост за нивната достапност во иднина. Глобалните залихи на вода се намалуваат веќе една деценија Залихите на копнени води – вклучувајќи ги подземните води, езерата, вегетацијата, мразот и снегот – се намалуваат веќе една деценија, се наведува во извештајот на СМО за состојбата на глобалните водни ресурси. Таа агенција на Обединетите нации предупреди на „сериозни идни последици“ од овој тренд, бидејќи таквите резерви делуваат како еден вид заштитен тампон за планетата за време на исклучително сушни години, каква што е тековната. „Сега ги трошиме нашите ’заштеди‘. Глобалните резерви на копнени води покажуваат тренд на опаѓање уште од периодот 2014–2016 година. Ова е постојан сигнал што трае веќе една деценија“, изјави генералната секретарка на Светската метеоролошка организација (WMO), Селесте Сауло, во соопштението објавено заедно со извештајот. Податоците на СМО (Светската метеоролошка организација) покажуваат дека во повеќе од една третина од речните сливови во светот е забележан проток на вода под нормалата, со што оваа година стана една од најсушните за реките на глобално ниво, откако пред 35 години започна собирањето на податоци. Сепак, во некои речни сливови – како што се делови од Јужна Азија – е забележан вишок на вода, што укажува на сè понестабилни и непредвидливи циклуси на водата, се наведува во извештајот. Исто така, во 2025 година е забележано значително губење на глечери во сите региони – со што се одбележува четвртата последователна година на овој тренд – а во извештајот се истакнува дека тоа ќе доведе до долгорочна несигурност во водоснабдувањето.Тагови: климатски промени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Месечни стипендии до 5.000 денари за учениците од ЦентарМесечни стипендии до 5.000 денари за учениците од Центар, поддршка за талентот, успехот и развојот на младите.Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: култура, наука, техника и посебни вештини, како и спорт. Дополнително се доделуваат стипендии на осум талентирани ученици од семејства со висок социјален ризик. Висина на стипендиите во категориите култура, наука, техника и посебни вештини, изнесува 4.000 и 4.500 денари месечно, додека за спортските стипендии се предвидени 3.500, 4.500 и 5.000 денари месечно, во тек на осум месеци во тековната учебна година. „Го исполнивме предизборното ветување за зголемување на ученичките стипендии за 50 проценти. Со оваа мерка обезбедуваме поголема поддршка за знаењето, креативноста, талентот и спортскиот дух на нашите ученици. Тие се нашата иднина и заслужуваат услови во кои ќе можат да се развиваат и да ги остваруваат своите амбиции“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Секој ученик може да аплицира само во една категорија. За пријавување потребно е да се достават потврда од училиште дека е редовен ученик/чка, кратка биографија, контакт од родител или старател, фотокопии од свидетелства, добиени дипломи, признанија и награди, како и потврди од надлежните федерации или акредитирани организации, согласно категоријата за која се аплицира. Документите се поднесуваат во Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје, со соодветна назнака за категоријата. Крајниот рок за поднесување на документите е 23.9.2026 година. Огласите се објавени на веб-страницата на Општина Центар, каде што се наведени сите услови и потребни документи за аплицирање: ОГЛАС за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2026/2027 година | Општина Центар ОГЛАС за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во учебната 2026/2027 година | Општина Центар ОГЛАС за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науката, техниката и посебните вештини од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2026/2027 година | Општина ЦентарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамИџе во Бузет: Големо финале на европскиот шампионат на ридски патекиИгор Стефановски - Иџе е подготвен за последниот предизвик во сезоната. Овој викенд, од 18 до 20 септември, Бузет, Хрватска, ќе биде домаќин на големото финале на FIA Европскиот шампионат на ридски патеки (FIA EHCC). По одличниот настап и успешниот старт со новиот прототип „Нова прото“ во Словенија, Иџе сега го насочува фокусот кон култната трка 45- Buzetski dani 2026, која традиционално привлекува голем број врвни европски возачи. Официјалната листа на пријавени брои дури 242 возачи, а во Категорија 2, во која од оваа сезона настапува Иџе со новиот болид, се пријавени најдобрите имиња од европската елита. „Очекуваме добар резултат и сакаме таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна. Бузет има посебно место во мојата кариера“, вели Иџе, кој со нетрпение го очекува настапот. Стефановски ветува спектакл за верната публика во Бузет. Бузет има посебно значење за неговата кариера. Токму на оваа патека минатата сезона Иџе ја возеше својата 200-та трка во кариерата, а сезоната во FIA Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со одлично трето место во Група 1. Оваа година предизвикот е уште поголем. Со преминувањето на Ново прото, Игор Стефановски - Иџе и официјално се пресели во Категорија 2, најпрестижната и технолошки најнапредната категорија во европскиот автомобилизам на ридски патеки. Последниот викенд од европскиот шампионат носи нова битка, силна конкуренција и уште еден спектакл на легендарната патека во Бузет. Иџе е подготвен. Бузет и неговата публика го очекуваат. Македонија ќе има нова шанса да навива за својот шампион.Тагови: Игор Стефановски Иџе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter