Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
1Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
2Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
3Илон Маск на удар на демократите, почнуваат голема истрага: Ќе ги следиме фактите, ќе примениме закон
Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
1Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
2Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
МакедонијаБожик – празник на Христовото раѓањеКого и што славиме на Божик?На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден. Бог постанал човек. Бог дошол на земјава. Христос е Син Божји Којшто е роден како човек од Дева Марија. Он е во сè еднаков со нас луѓето, освен во гревот – нема грев, безгрешен е. Каде се родил Исус и зошто? Една ноќ, во градот Витлеем – во пештера, се родил Господ Исус Христос. Он е Спасител. Дошол за да нè спаси. Дошол за да можеме ние да бидеме како Него во своите животи. Да бидеме добри, како што е добар Бог – добри секогаш, со секого и секаде. Раѓањето на Господ Исус Христос Богородица живеела со Јосиф во Назарет. Таа година, дошла наредба од римскиот цар Август да се изврши попис на населението. Според законот за пописот, требало секој да отиде во родното место на неговите родители и дедовци, од каде што потекнувал, и таму да се попише. Потеклото на Јосиф и Марија било од Витлеем, од родното место на царот Давид, бидејќи и тие биле од неговиот род. Уште во Назарет Јосиф знаел дека Марија ќе постане мајка. Нему му се јавил ангел Господов и му кажал дека зачнатото во неа е од Светиот Дух. Му го кажал и тоа дека таа ќе роди Син и му рекол: – Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот. Сето тоа било предвидено и претскажано со векови порано. Во Библијата било запишано тоа што го рекол пророкот Исаија и се исполнило. А тој рекол: И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог! Тие тргнале кон Витлеем. Патот бил долг и тежок. Многуброен народ одел кон царскиот град – кон градот Давидов. Кога стигнале таму, веќе немало место каде да ноќеваат. Затоа се сместиле во една пештера, близу до градот. Таму пастирите, во невреме, ги засолнувале своите стада. Во таа ноќ се случил најзначајниот настан во животот на човештвото. Таа света ноќ, пресветата Дева Марија Го роди Богочовекот, Спасителот на светот, Го роди Христа Господа. Таму, в пештера, Го роди Богомладенецот. Самата Го пови и Го стави во јаслите, како во лулка. А таму се става храната – слама или сено, за да се нахранат кравата, магаренцето, јагнето. Синот Божји не се роди во царска палата, туку во пештера. Кој прв ја дозна веста за раѓањето? Пораката до пастирите ја открива важноста на Христовото раѓање за сите луѓе Ноќта таму, на падините крај пештерата, пастирите ги чувале своите стада. Наеднаш, ги осветлила силна небесна светлина и ангел Божји им рекол: Ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ. Потоа, веднаш, на небеската бесконечност се појавиле безброј ангели и сите, гласно, како најдобар хор запеале: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја! Во овие три пораки е содржана целата порака за спасение на луѓето: Слава на Бога во висините, значи: Бог не е од овој свет и не Го барајте Бога меѓу созданијата. Ништо одовде и никого не обожувајте (а до доаѓањето на Христа, луѓето сметале дека се богови некои природни појави, па имале „богови“ животни од сите видови и „богови“ луѓе). Бог е дух и во духовните сфери, во висините. Тој Бог прославувајте Го, а не лажните богови. Имајте вистинска вера во вистинскиот Бог, за да се спасите! А на земјата мир градете со сите и со сè. Прво, бидете во мир со себеси, внатре имајте мир, бидете смирени, а не вознемирени; а потоа, ширете го тој мир, па бидете во мир и со природата и не се однесувајте како злосторници кон неа, оти од неа живееме; и трето, бидете во мир со луѓето, за да бидете измирени и со Бога и да има мир на земјава. И тогаш, меѓу луѓето ќе има постојано добра волја – секој секому ќе му прави добро. Тоа е почеток на рајот на земјава. Такво е спасението. Само толку е потребно! Пастирите – први очевидци и први гости кај Господа Пастирите, не чекале многу. Светлината ја виделе и гласот го чуле. Разбрале сè. Сè им било јасно. Во нивната пештера се случило најважното чудо Божјо – Бог станал Човек. Бог дошол на земјава, меѓу нас луѓето, за да биде со нас, та и ние да бидеме со Бога. Пастирите први отишле кај Господа. Отрчале во пештерата и таму Го нашле Спасителот. Му се поклониле. Тие биле први посетители – првите Негови гости. Гледате, за Христа не дознале први големите и силните од овој свет, туку безначајните пастири. Зошто? Затоа што тие биле луѓе смирени и кротки, луѓе со добра душа и со чисто срце. Таквите ќе Го видат Бога! Потоа, тие кажувале на секого и секаде, за тоа што го виделе и чуле. Истрајноста на мудреците да Го најдат новородениот Спасител. Но, не биле само пастирите што посакале да Го видат Господа. И други луѓе, од далечни земји, добиле знак за раѓањето на Спасителот на светот, и веднаш тргнале да Го видат Бога. Од далечниот Исток, пристигнале тројца мудреци коишто на небото забележале нова и многу сјајна ѕвезда. Тие биле многу учени луѓе – мудреци, важни научници и проучувачи на пројавите на земајава и на небото. Луѓе што ги проучувале и ѕвездите на небото. На тој начин дознаеле дека една необична ѕвезда го најавила раѓањето на Спасителот. И не чекале, туку тргнале по ѕвездата, од нивната далечна земја – од Персија и дошле да Му се поклонат на Богомладенецот. Ѕвездата ги водела до таму: таа светела и дење и ноќе и ги довела до пештерата. Тројцата мудреци Му подариле на Господа три дара: злато – како на Цар; ливан (темјан) – како Бог и смирна – како човек, Којшто ќе пострада и ќе умре на крст, заради нас и заради нашето спесение. Ѕвездата значи дека Христос е светлина на светот. Светлина којашто никогаш нема да престане. Радост заради Божјата близина Како што тогаш се радувале пастирите, мудреците и сите луѓе, затоа што се родил Спасителот на светот, така и ние се радуваме секој Бадник и Божик, прославувајќи го Христовото раѓање. Тоа е празник на целото христијанско семејство. На Бадник сите заедно вечераме, а утредента – на Божик, одиме в црква. Најмногу се радуваат децата, со најискрена радост за новороденото Дете – Богомладенецот Христос. И Бог најмногу ги сака децата, бидејќи се најчисти и безгрешни. Затоа рекол дека треба да станеме како деца, за да влеземе во царството небесно, а децата се: добри, незлобиви, радосни, чесни, чисти и полни со љубов. Тоа ја прави голема Божикната радост во семејствата. Честит Божик и од Бога благословено Новото Лето Господово. Христос се роди! Вистина се роди!Тагови: Божиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДвајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)Додека Емануел Макрон го пречекуваше словачкиот претседател Петер Пелегрини, двајца членови на почесната гарда на Елисејската палата се струполија на само неколку чекори од францускиот претседател.Двајца членови на почесната гарда на Елисејската палата се струполија до францускиот претседател во среда, додека Емануел Макрон го пречекуваше словачкиот претседател Петер Пелегрини. Снимките снимени од словачката телевизија покажуваат како еден стражар се затетеравува, го испушта својот меч, а потоа се струполи на земја. Емануел Макрон и неколку други веднаш му се приближија на човекот, кој изгледаше дека ја изгубил свеста. A member of the honor guard collapsed on Wednesday as Slovak President Peter Pellegrini arrived at the Élysée Palace in Paris for a visit. French President Emmanuel Macron and staff members approached the guard before staff carried him away. Macron then greeted Pellegrini. The guard’s condition and the cause of the collapse are not known. — CBS News (@CBSNews) November 11, 2026 Потоа францускиот претседател го поздрави Питер Пелегрини, кој се приближуваше кон влезот на палатата, кога друг стражар, овој пат надвор од кадарот, исто така се струполи. Може да се слушне звукот на мечот на друг стражар како паѓа на земја, а може да се види и реакцијата на Емануел Макрон. Еден човек, за кој се верува дека е зад камерата, прашува: „Што е ова, по ѓаволите?“ When Emmanuel Macron walks by, the guard suddenly collapses to the ground. He starts convulsing and is rushed in. Macron’s expression as all this is happening sends chills down my spine. https://t.co/9CvUPcT9wG — Matt Wallace (@MattWallace888) November 11, 2026 Потоа стражарот беше изнесен од персоналот на Елисејската палата. „Двајцата претрпеа вазовагална синкопа и веднаш беа третирани“, соопшти денеска придружбата на францускиот претседател. „Тие се неповредени и се добро.“ Што е вазовагална синкопа и што ја предизвикува? Вазовагалната синкопа е краткотрајно губење на свеста предизвикано од ненадеен пад на крвниот притисок и забавување на срцевиот ритам, привремено лишувајќи го мозокот од крв и кислород. Тоа е најчестата форма на несвестица и обично не е знак на сериозен медицински проблем. Вазовагалната синкопа може да биде предизвикана од: • продолжено стоење, особено на едно место; • високи температури и затнати простори; • дехидрација; • силен стрес, страв или емоционален шок; • болка или исцрпеност. Лицето обично прво доживува вртоглавица, гадење, слабост, потење и заматен вид, а потоа може накратко да ја изгуби свеста и да се онесвести. Опоравувањето е обично брзо, особено ако лицето легне и ги крене нозете. Почесните гарди мора да стојат подолг временски период, често во униформа и под полна опрема, за време на церемонијата. Оваа положба, во комбинација со топлина, замор или несоодветен внес на течности, може да предизвика вазовагална синкопа. Затоа е можно двајцата мажи да се онесвестиле за време на церемонијата, иако не е сигурно која била непосредната причина во нивниот случај.Тагови: Емануел Макрон гарда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ТехнологијаХуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно Хуманоидните роботи наскоро би можеле да станат вообичаена глетка во фабриките и магацините, а нивното производство во Соединетите Американски Држави би можело да достигне дури 1,5 милиони единици годишно до 2035 година. Ова го предвидува инвестициската банка JPMorgan, која очекува индустријата за хуманоидна роботика брзо да се развива во текот на следната деценија. Според анализа објавена од Ројтерс, американското производство на хуманоидни роботи би можело да достигне помеѓу 300.000 и 400.000 единици годишно до 2030 година. Пет години подоцна, тој број би можел да биде речиси четири пати поголем. Најголема побарувачка се очекува во производството, логистиката и магацините, каде што роботите би можеле да преземат повторувачки рачни задачи. Недостатокот на работна сила и сè поповолните оперативни трошоци дополнително го стимулираат интересот на компаниите за оваа технологија. JPMorgan проценува дека трошоците за ангажирање хуманоидни роботи веќе се приближуваат до трошоците за човечки труд. Според нивните пресметки, користењето роботи во повеќе смени би можело да им заштеди на некои компании околу 100.000 долари годишно. Сепак, масовното производство е сè уште далеку од едноставно. Аналитичарите предупредуваат дека роботските раце, актуаторите, системите за вештачка интелигенција и производствениот капацитет претставуваат најголеми пречки за понатамошен развој. Роботите мора сигурно да манипулираат со предмети, да се движат низ сложени средини и да извршуваат задачи без постојана човечка помош. Повеќето американски производители, со исклучок на Тесла, моментално планираат да произведуваат помеѓу 10.000 и 30.000 хуманоидни роботи годишно. Меѓу компаниите што JPMorgan ги издвојува се Тесла со својот робот Оптимус, Бостон Дајнамикс со својот Атлас, Фигура АИ, Агилити Роботикс и Аптроник. Се очекува силен раст и на пазарот на компоненти. JPMorgan проценува дека пазарот за клучни делови за хуманоидни роботи, вклучувајќи мотори, актуатори и системи за машински вид, би можел да достигне речиси 30 милијарди долари до 2035 година. Доколку предвидувањата се остварат, хуманоидните роботи би можеле да станат важен дел од индустриското производство во следната деценија. Сепак, колку брзо ќе преминат од демонстративни видеа до секојдневна работа ќе зависи од нивната сигурност, цена и способноста на производителите да ги произведуваат во големи количини.Тагови: хуманоидни роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаГерманската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат Граѓаните се соочуваат со растечки трошоци и намалувања на јавните услуги, додека федералната влада троши милиони евра за мебел, осветлување и декорација, тврди Германското здружение на даночни обврзници.Од почетокот на тековниот мандат на Бундестагот во мај 2025 година, федералната влада потрошила околу 5,8 милиони евра за нов мебел, опрема за простории и декорација. Бројките беа објавени во одговорот на владата на пратеничко прашање од пратеничката група на Алтернатива за Германија (AfD) во Бундестагот. Бројките предизвикаа остри критики од Германското здружение на даночни обврзници. Претседателот на здружението, Рајнер Холцнагел, особено го критикуваше она што го опиша како несовпаѓање помеѓу повиците до граѓаните да штедат и трошењето во рамките на државниот апарат. „Наводно нема простор за намалување на финансискиот товар врз граѓаните, но кога станува збор за самиот државен апарат, ременот е доста лабав - кога станува збор за декорација и такви работи“, изјави Холцнагел за германскиот весник „Ноје Оснабрикер Цајтунг“. Министерствата за надворешни работи, одбрана и финансии се меѓу најголемите трошачи Шеснаесет федерални министерства потрошиле вкупно околу 5,8 милиони евра од мај 2025 година. Оваа сума вклучува не само класичен мебел, туку и ламби, теписи, завеси, слики, скулптури и украсни растенија. Министерството за надворешни работи издвоило пари специјално за мебел и декорација. Од почетокот на тековниот мандат, потрошило вкупно 840.062 евра за мебел, ламби, теписи и декорација. Само во 2026 година, околу 256.000 евра биле издвоени за ламби, теписи и завеси. Министерството за одбрана е на второ место со околу 813.000 евра. Федералното министерство за финансии, исто така, евидентирало значителни трошоци. Одделот предводен од министерот за финансии Ларс Клингбеил (SPD) инвестирал повеќе од половина милион евра во мебел, опрема и декорација од мај 2025 година. Министерството за финансии е на врвот на листата по трошоци за декорација Податоците за трошоците за декорација се особено интересни. На прво место е Министерството за финансии, кое од мај 2025 година издвои вкупно 45.077 евра за оваа намена. Ова значи дека овој оддел учествува со повеќе од една четвртина од вкупните трошоци за декорација на федералната влада. Министерството за финансии, исто така, евидентираше значителни трошоци за опремување на канцеларии на највисоко ниво на управување. Само во 2026 година, досега се потрошени 47.737 евра за реновирање и повторно опремување на овие канцеларии. За Здружението на германски даночни обврзници, овие бројки се причина да се преиспита политиката на трошење на федералната влада. Холцнагел смета дека оние кои бараат заштеди од граѓаните мора да ги применуваат истите стандарди и во своите институции и министерства. Според него, Комитетот за буџет на Бундестагот има посебна одговорност, што сега може да покаже колку сериозно политичарите ги сфаќаат најавените мерки за штедење. Оваа контроверзност повторно го отвора поширокото прашање за одговорноста на федералната влада во ракувањето со парите на даночните обврзници. Особено во време кога јавните финансии се под притисок, граѓаните внимателно ќе следат на што политичарите ги трошат своите пари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20