Бостон обезбеди плеј-оф - Канал 5

Бостон обезбеди плеј-оф

Екипата на Бостон е седмата од Источната конференција, која успеа да обезбеди учество во НБА плеј-офот. Бостон ноќеска на домашен терен го победи Детроит, додека конкурентот за место во завршницата Филаделфија загуби од Шарлот.

Бостон обезбеди плеј-оф
Најефикасен во триумфот на Бостон беше Џеф Грин со 34 поени.

На „Западот“ Јута загуби пред своите навивачи од Денвер, па така сега Лос Анџелес Лејкерс се на местото кое води во разигрувањето за титулата.

Резултати од ноќешните натпревари во НБА лигата: Торонто – Вашингтон 88:78, Шарлот – Филаделфија 88:83, Атланта – Њујорк 82:95, Кливленд – Бруклин 95:113, Бостон – Детроит 98:93, Милвоки – Минесота 98:107, Сан Антонио – Орландо 98:84, Јута – Денвер 96:113, Сакраменто – Хјустон 102:112, Портланд – Мемфис 76:94, Лос Анџелес Клиперс – Феникс 126:101 и Голден Стејт – Њу Орлеанс 98:88.

Двојки за вечерва: Бруклин – Чикаго, Денвер – Далас и Оклахома Сити – Сакраменто.

Пласман Источна конференција: Мајами 58-16 (победи-порази), Њујорк 48-26, Индијана 48-27, Бруклин 43-31, Атланта 42-34, Чикаго 40-33, Бостон 39-36, Милвоки 36-38, Филаделфија 30-44, ...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 56-19, Оклахома Сити 54-20, Денвер 51-24, Лос Анџелес Клиперс 50-26, Мемфис 51-24, Голден Стејт 43-32, Хјустон 42-33, Лос Анџелес Лејкерс 39-36, Јута 39-37,...




Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка.

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со кој се предвидуваат континуирани едукативни активности во Природонаучниот музеј.

Согласно договорот, учениците од основните училишта во Карпош во текот на учебната 2026/2027 година ќе имаат можност за неограничен број посети на Музејот, со обезбедени групни влезници. Дополнително, за учениците ќе се организираат тематски работилници, предавања, презентации и практична настава, реализирани од стручни лица и експерти од областа на природните науки. Целта на оваа соработка е да се поттикне интересот кај учениците за природните науки и природното наследство, но и наставните содржини да се изучуваат на поинтересен, подинамичен и практичен начин. Со оваа иницијатива, Општина Карпош продолжува да вложува во современо образование и создавање нови можности за учење и развој на најмладите.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење

Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштат.

Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење

Во периодот од 3 до 9 август 2026 година, сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи спроведе засилени акциски контроли на територијата на државата, насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците поврзани со пречекорување на дозволената брзина.

Контролите беа реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL.

Во текот на акцијата, полициските службеници континуирано ја следеа и мереа брзината на движење на возилата, со посебен фокус на патните правци и локации каде што, согласно сообраќајно-безбедносните анализи, постои зголемен ризик од сообраќајни незгоди предизвикани од несоодветна и неприлагодена брзина.

При контролите беа констатирани 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на дозволената брзина.

Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштата, превенција на сообраќајните незгоди и зајакнување на меѓународната полициска соработка во рамки на ROADPOL.

Овие активности се дел од континуираните напори на Министерството за внатрешни работи за намалување на бројот и последиците од сообраќајните незгоди, зголемување на дисциплината во сообраќајот и создавање побезбедни услови за сите учесници во патниот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

На 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба 

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата.

Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер