Бошњачките партии на Косово се жалат дека се под притисок за бугарска асимилација - Канал 5

Бошњачките партии на Косово се жалат дека се под притисок за бугарска асимилација

Бугарија се обидува да креира бугарска заедница на Косово, обвинуваат тамошните бошњачки партии кои тврдат дека се прави асимилација преку нивното малцинство. 

Бошњачките партии на Косово се жалат дека се под притисок за бугарска асимилација

Им се нудело да се потпишат на документи дека се Бугари, па на тој начин им се отворал патот до студии и стипендии во Бугарија. Во истражување на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на сведоштва од припадници на бошњачката заедница на Косово, пишува дека документите со променети податоци ги добивале од локалци, а комуникација со бугарските власти за пријавување на студенти од Косово на Универзитетите во Бугарија постоела уште од пред многу години.

Во Косово нема бугарска заедница и тоа ќе го покажат резултатите од пописот, тврди за Канал 5 косовската вицепремиерка Емилија Реџепи, која е дел од бошњачката Нова демократска партија.

За бугарски обиди за асимилација сведочат и други политички партии на Бошњаците.

„ Во Бугарија, во моментов, студираат 189 студенти, на сметка на Бугарија. Секој што се чувствува Бугарин ќе дојде во нашата канцеларија и само ќе каже дека е Бугарин. Ние нема да издаваме никаков сертификат. Денес сум Бугарин, утре пак ќе бидам Босанец. “, изјавил Адеми за РСЕ.

На пописот на населението на Косово кој заврши на 24 мај, имаше опција граѓаните да се изјаснуваат за графата „друга етничка припадност“ и да наведат конкретно која, а колку се изјасниле како Бугари се најавува дека ќе биде појасно на средината на овој месец.

Досега бугарските власти експлицитно бараа прифакање на заедницата од косовските институции, но од нив нема одговор ниту реакција на случувањата со документите кои водат до студентски привилегии во Бугарија.

За бугарска асимилација која се спроведува и официјално преку пописот на населението, обвинуваат и Македонците во Албанија, кадешто нашинците уверуваат дека во изминатиот период се нуделе пасоши, работа и други привилегии во Бугарија како земја-членка на Европската Унија. Инаку, на пописот во соседна Албанија бројот на Македонците е драстично намален, а на Бугарите од нула пред 10тина години сега е над 7.000.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 31.08.2026 до 04.09.2026 зема 205 примероци за физичко-хемиска и 205 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избраните

Илон Маск официјално претстави спортски двосед без волан во Тексас – „Tesla Cybercab“.

Официјално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избраните

„Cybercab“, кој беше претставен на голем број фанови и влијателни лица на роботски такси, беше додаден на постојните роботски такси на „Tesla“, кои досега се состоеја од теренски возила и „Model Y“, објавува Ројтерс.

Златниот „Cybercab“, со врати што се отвораат нагоре, ја симболизира стратегијата на Илон Маск, кој ја фокусираше иднината на целата компанија на софтвер за автономно возење и роботика.

Неговиот пристап ја зголеми вредноста на акциите на компанијата на 1,4 трилиони долари (1,20 трилиони евра), што е повеќе од вкупната вредност на неколку од водечките светски производители на автомобили.

Само неколку часа по презентацијата во Остин, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на САД (NHTSA) објави дека ќе започне ревизија на околу 1.000 вакви возила, така што не секој ќе може да се вози на почетокот.

Целта е да се утврди како „Tesla“ заклучила дека возилата се во согласност со федералните безбедносни прописи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта кои во учебната 2025/2026 година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари, а дел од нив се и добитници на медали, високи награди и признанија. На средбата присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер