Босанската полиција застрела мигрант кој пукаше кон полицајците - Канал 5

Босанската полиција застрела мигрант кој пукаше кон полицајците

Босанската полиција застрела мигрант кој отвори оган врз полицајци од напуштена куќа во близина на градот Требиње во босанската Република Српска.

Босанската полиција застрела мигрант кој пукаше кон полицајците

Полицијата во Требиње посочи дека лицето е убиено околу 23 часот по локално време.

Полицијата и жандармеријата вчера го опколија селото Зови До, каде засега непознато лице за кое се претпоставува дека е странец пукало од огнено оружје. Нема повредени полицајци, пренесе БТА.

Жителите на селото изјавиле дека лицето вчера рано утрото фрлило експлозивна направа врз локален жител. Нема информации за повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно му е намалена затворската казна на Диди, ќе излезе еден месец порано

Шон Диди Комбс ќе биде ослободен од затвор порано од планираното, и покрај неговата неодамнешна вмешаност во тепачка што го одведе во самица. 

Повторно му е намалена затворската казна на Диди, ќе излезе еден месец порано

Диди Комбс (56), кој беше ослободен од најтешките обвиненија за трговија со луѓе и рекетирање минатиот јули, но беше осуден за организирање проституција, треба да биде ослободен на 24 јануари 2028 година, според новите податоци.

Хронологија на промените на датумот на ослободување

Комбс првично требаше да биде ослободен од затвор на 8 мај 2028 година, но датумот подоцна беше поместен за 4 јуни истата година поради обвинувања дека консумирал алкохол и остварил нелегален телефонски повик додека бил во затвор. Неговиот адвокат ги негираше обвинувањата.

Во октомври минатата година, датумот на ослободување беше поместен за 25 април 2028 година, врз основа на законот FIRST STEP Act, реформа на затворскиот систем донесена за време на мандатот на Доналд Трамп, со што се овозможи предвремено ослободување на десетици илјади осуденици.

Датумот потоа беше ревидиран на 15 април 2028 година, а минатиот месец повторно беше поместен на 23 февруари 2028 година. Според најновите податоци од Федералното биро за затвори, Комбс сега треба да биде ослободен на 24 јануари 2028 година.

Федералното биро за затвори не сакаше да објасни зошто датумот е повторно променет. „Поради приватноста и безбедноста, не коментираме за условите на затворениците, вклучително и плановите за ослободување или причините за промена на датумите за ослободување“, изјавија тие за Дејли меил.

Тепачка во затворот

Новата затворска казна беше објавена една недела откако Комбс се тепаше со друг затвореник во федералниот затвор Форт Дикс во Њу Џерси. Според TMZ, кој се повикува на повеќе извори, раперот нападнал друг затвореник откако бил вербално навредуван.

Изворите тврдат дека по туркањето избувнала тепачка. Чуварите брзо интервенирале и ги разделиле, а Комбс наводно завршил во самица по инцидентот. Портпаролот на затворот Форт Дикс одби да потврди дека инцидентот се случил.

„Не објавуваме информации за сместувањето на затворениците, ниту коментираме дали некој е предмет на обвиненија, истраги или дисциплински мерки“, изјави тој за Дејли Меил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 25 лица загинаа во тешка автобуска несреќа во Алжир (ВИДЕО)

Најмалку 25 лица загинаа, а 44 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи кога автобус падна во клисура во покраината Бумердес, во северен Алжир, соопшти Цивилната заштита.

Најмалку 25 лица загинаа во тешка автобуска несреќа во Алжир (ВИДЕО)

Несреќата се случила на регионалниот пат RN24, кога автобусот што патувал од Сетиф се лизнал и паднал во клисурата, објавува порталот TSA Algerie.

Причината за несреќата сè уште не е објавена.

Цивилната заштита на Алжир распоредила големи човечки и материјални капацитети, вклучувајќи 11 возила на брза помош, а спасувачката операција продолжила до раните попладневни часови.

На местото на несреќата отиде и алжирскиот премиер Сифи Гриб, кој ја обиколи областа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хејли Бибер облече мини бикини од колекцијата на Кајли Џенер (ФОТО)

Откако Khy, модниот бренд на Кајли Џенер, и популарниот бренд за костими за капење Frankies Bikinis лансираа заедничка колекција, Хејли Бибер покажа еден од новите модели на Инстаграм. 

Хејли Бибер облече мини бикини од колекцијата на Кајли Џенер (ФОТО)

Бибер и Џенер се познати по честите фотографии во костими за капење, па затоа не е изненадување што Хејли беше меѓу првите што носеа парче од колекцијата на нејзината најдобра пријателка.

Во понеделник, 29 јули, Бибер сподели серија нови фотографии на Инстаграм, каде што има 58,2 милиони следбеници. Меѓу нив беше и селфи направено на даска за веслање, на кое позира во розово бикини. На фотографијата, таа е без шминка, а нејзиното лице изгледа свежо и сјајно.

Бикини од новата колекција

Станува збор за дводелен костим за капење со метален ефект во светло розова, речиси магента нијанса. Комплетот се состои од многу мал горен дел и долен дел од потесен крој. Цената на комплетот од колекцијата Khy x Frankies Bikinis е 235 евра. Горниот дел чини 130 евра, а долниот дел чини 105 евра.

Иако колекцијата ја промовираа Кајли Џенер и Хејли Бибер, костимот за капење е сè уште достапен за купување во неколку големини.

@frankiesbikinis someone is always watching in this city. fever dream, the second chapter of @Khy by Kylie Jenner ♬ original sound - Frankies Bikinis

Одраз на модните трендови

Целата колекција се карактеризира со животински дезени, контрастни рабови и бои инспирирани од естетиката на почетокот на 2000-тите, со што ги следи актуелните трендови во дизајнот на костими за капење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер