3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
1Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница
ФудбалБорусија Дортмунд еден месец без повредениот АдејемиКарим Адејеми, кој постигна хет-трик во убедливата победа на Борусија Дортмунд од 7-1 против Селтик во Лигата на шампиони ќе биде надвор од теренот три до четири недели поради повреда.Германските медиуми објавија дека станува збор за повреда на бутниот мускул, но сè уште не ја потврди природата на повредата на напаѓачот. Според сите проценки, Адејеми сигурно ќе го пропушти саботниот натпревар во Бундеслигата на гостински терен против Унион Берлин, како и дуелот закажан за 18 октомври, по репрезентативната пауза, во кој Борусија ќе го пречека Ст. Паули. Поради слична повреда, Адејеми веќе двапати мораше да паузира, а тоа беше во сезоната 2022/2023. Во случајот со првата повреда тој не беше на теренот еден месец, а во повторениот случај отсуствуваше два месеци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Македонија„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекариОдбраната посочи дека од 31 пациент кои му се ставаат на товар на Нино Васев, тој учествувал во лекувањето на шест. Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот Нино Васев, доктор Владимир Даниловски, на денешното рочиште во основниот кривичен суд Скопје. Одбраната посочи дека од 31 пациент кои му се ставаат на товар на Нино Васев, тој учествувал во лекувањето на шест. Дополнително, од вкупно 35 лекари на Клиниката за онкологија, во лекувањето на овие пациенти учествувале 28 лекари. Во случајот се обвинети поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски за несовесно лекување пациенти. Обвинението ги товари за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти наводно биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 на 04-ти, 05-ти и 06-ти септември! Кавадарци повторно се подготвува за својот најголем празник и фестивалот Тиквешки Гроздобер 2026. Децениска традиција која од година во година расте, се развива и денес претставува еден од најголемите и најпосетените фестивалски настани во Македонија. Програмата за годинашното издание, кое ќе се одржи викендот на 04-ти, 05-ти и -6-ти септември, беше официјално претставена на денешната прес-конференција од страна на Организаторот, Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанчо Рамов, а заедно со дел од артистите и учесниците - Илчо Нечовски од Дупер, DJ Александар Галоски и Кирил Димитров - Урошев(RPM Classics). Од традиционална манифестација посветена на грозјето, виното и Тиквешијата, во изминатата деценија Тиквешки Гроздобер израсна во голем современ фестивал кој секоја година привлекува огромен број посетители од цела Македонија и регионот. И оваа година Кавадарци ќе понуди богата и разновидна програма за сите генерации, со музички настапи, традиционални содржини, култура, забава и препознатливата атмосфера по која Гроздоберот е познат. Посебен акцент и годинава е ставен на македонските артисти и домашната музичка сцена, со што фестивалот продолжува да биде голема платформа за промоција и поддршка на македонската музика, култура и творештво. Но, Тиквешки Гроздобер одамна е повеќе од музичка програма. Тоа е фестивал со најдолга традиција, силен локален идентитет и препознатливост на национално ниво. Настан кој ја слави Тиквешијата, лозарството и винарството, но истовремено создава современа фестивалска приказна која секоја година го претвора Кавадарци во центар на случувањата во Македонија. Со посетеноста и програмската понуда во последните години, Гроздоберот го потврдува своето место меѓу најголемите македонски фестивали, а Кавадарци уште еднаш покажува дека традицијата може да се зачува и истовремено да се развива во модерен настан со публика за сите генерации. Тиквешки Гроздобер 2026 и традицијата продолжува... Кавадарци повторно станува фестивалски центар на Македонија! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаИзвештај на ДКСК за 2025: Примени биле 612 пријави, донесени 583 одлуки од надлежност на комисијатаВо ДКСК лани пристигнале 612 пријави со наводи за корупција, судир на интереси и непријавување на имотна состојба од службени лица, а Комисијата оформила 194 предмети по сопствена иницијатива. Издадени биле 111 прекршочни платни налози за прекршување на Законот за спречување на корупцијата, при што во Буџетот биле наплатени глоби во износ од 12.700 евра. Ова се дел од бројките од годишниот извештај за работата на ДКСК за 2025 година кој денеска пред пратениците го презентираше претседателот на Антикорупциска, Адем Чучуљ. Тој изјави дека генерално е задоволен од работата на комисијата и покрај проблемите и недостогот на кадар и поголем буџет. -До Јавното обвинителство доставивме 8 иницијативи за поведување на постапки за кривично гонење. Дополнително 3 иницијативи за утврдување на одговорност за службени лица и 6 друг вид на иницијативи за утврдување на одговорност на избрани и именувани лица односно службени лица. Имаме огромен број пријави, граѓаните не гледаат дека постоиме. Огромен број решени предмети, изречени налози и поднесени иницијативи до надлежното ЈО, изјави Чучуљ. Пратениците од власта и опозицијата со различни ставови околу борбата со корупцијата и улогата на Антокорупциската комисија. Според пратеничката Соња Мираковска од НСДП, која од опозициските пратеници единствено беше присутна на расправата, Комисијата како институција е непрепознатлива, а извештајот е само обична статистика. Од владејачкото мнозинство, пак, со критики за, како што посочија, незаинтересираноста на опозицијата. -Вас ве формиравме како тело да бидете совест во оваа држава, луѓето да ве препознаат како совест. Вие давате препораки ама овде не ни давате никаков извештај за тоа што понатаму се случува со вашите препораки. Колку се процесуирани, дали некој ги прифаќа, дали вие во јавност артикулиратвте некој проблем. Не сте само вие проблемот, туку и Собранието. Работата не оди на добро. Дали ќе оди догодина ќе видиме, но сега ова што се работи не е добро, изјави Мираковска. -Моментално на сите можни извештаи на ДКСК од СДСМ има 0 пратеници, од ДУИ има 0 пратеници и од Левица има 0 пратеници. Тоа зборува се за опозицијата. Колку опозицијата смета и дали смета дека има девијантни појави. ДКСК актуелнава што е сега и претходната што беше, и двете беа изгласани во рамки на ова Собрание кога СДСМ и ДУИ беа на власт. Значи и двете комисии, едната што ја фалите, другата што ја кудите, беше изгласана од СДСМ и од ДУИ, изјави Пренџов. Во однос на извештајот на ДКСК за финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините Чучуљ оцени дека Комисијата немала обемна работа во однос на локалните избори. ДКСК, оформила 43 предмети поврзани со пријави за изборни нерегуларности, а од нив само за еден случај доставиле иницијатива до надлежно Јавно обвинителство каде што сметале дека има елементи за сторено кривично дело. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook