Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината
2Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината
3Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница
МакедонијаБорозан: Македонскиот идентитет е зачуван - Мицкоски е незадоволен затоа што му ја одзедоа лагатаПретседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет и македонски јазик се заштитени и сочувани.В лице на Мицкоски и пред целата јавноста кажа: „Ве чекаме во Европа со вашиот идентитет и јазик, веруваме дека македонската култура и македонскиот јазик можат да ја направат нашата Унија побогата„. А Мицкоски вели дека не е задоволен од пораките на Фон дер Лајен. Незадоволен е затоа што му ја одзедоа лагата. Нема повеќе лаги дека тој нешто чува, затоа што претходната влада веќе го зачува македонскиот идентитет. Единствениот што го загрозува националниот интерес е токму тој - арамијата Мицкоски. Затоа што национален интерес на Македонија е членство во ЕУ. Му потонаа сите лаги дека нешто штити. Нас не нарекуваше предавници. Велеше никогаш Северна, најавуваше укинување на Преспанскиот договор, враќање на името, подобра преговарачка рамка. Дојде на власт и Преспанскиот договор стана ремек-дело на дипломатијата. Силјановска рече: македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со договорот од Преспа. Сега тоа, во лице, го кажува и претседателката на Европската Комисијата. А тој е незадоволен. Незадоволен е затоа условите остануваат, Основи, реформи, и европско обвинителство. Лаура Ковеши пред членство. А потоа ќе мора да се одговара. Тоа Мицкоски не го сака. Затоа е незадоволен. Нема повеќе предавници. Затоа што тој е единствениот предавник на интересот на граѓаните, заради личен интерес. Ветуваше подобри услови а за две и пол години не успеа ништо. Никаде ги нема. Нема гаранции. Нема нова преговарачка рамка. Прашањето е што ќе прави сега Мицкоски? Избори, за да избега од следниот чекор? Или нова лага, нови анти-ЕУ кампањи? Арамија е незадоволен од вистината. Народот е незадоволен од бандата. Правдата мора да биде задоволена. Прес конференција на СДСМ, Маја БорозанТагови: Маја Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаРибокрадци во Дојран, мештаните бараат казни На социјалните мрежи се појави објава со фотографии од двајца рибокрадци во Дојранското Езеро. Во објавата се вели и дека езерото нема концесионер. Во коментарите на ФБ се бара итна реакција на надлежникте и казни за рибокрадците. Секако, побарано е Министерстото за екологија и Општината да се грижат повеќе за езерото и што е можно побргу преку транспарентна постапка да биде избран концесионе, кој одговорно ќе стопанисува со Дојранското Езеро. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општинатаДенеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака .Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака во која што зборуваме за единство, зборуваме за заедништво, зборуваме за обединување, нешто што е поразлично од тоа што го зборува нашиот противкандидат и луѓето коишто застанаа против кандидатот. Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво. Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо. Затоа би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори да размислат добро за кого ќе гласаат бидејќи следните избори, пораката којашто ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија. Бидејќи едната опција е опцијата којашто нуди криминал и поделби, а опцијата којашто ние ја промовираме, позади којашто застанавме, позади идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче Цоки, е опција на развој, опција на обединување, опција на иднина, опција на иднина, опција на 21 век. Немојте да дозволите да ве делат затоа што после 1ви ноември ќе дојде 2ри ноември, тие ќе заминат и можеби никогаш повторно нема да се вратат, ќе уживаат во она коешто вие им го овозможувате, а вие ќе останете да живеете едни покрај други и едни до други. Затоа да ја препознаеме заедно оваа шанса, да го заокружиме бројот 1 и на 1ви ноември да славиме заедно голема победа за Брвеница и за Македонија и да биде Стојанче Цоки идниот градоначалник на општина Брвеница. Ви благодарам и се гледаме во победничка Брвеница на 1ви ноември со заокружен број 1, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРадичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во БрвеницаПочитувани мои сограѓани, денес со мене е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Бевме во теренска посета во неколку населени места, Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.Најнапред сакам да се заблагодарам на претседателот што ми ја дава поддршката за сите проекти коишто се во фаза на реализација, а тоа се неколку коишто ги набројавме претходните денови. Благодарност до сите граѓани коишто ми ја доверија довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно, рече Стојанчо Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter