3Два разорни земјотреси ја потресоа Венецуела се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен (ВИДЕО)
РакометБорко Ристовски следната сезона на голот на БарселонаГолманот на македонската ракометна репрезентација и член на бундеслигашот Рајн Некар Ловен, Борко Ристовски во новата сезона ќе застане на голот на каталонскиот гигант и актуелен европски шампион Барселона. Тој ќе дојде на местото на Даниел Шариќ, кој ја напушта Барселона. Ристовски според шпанските медиуми потпишал договор на две години. Македонскиот репрезентативец со преминот во РНЛ и одличните партии го привлече вниманието на Барселона која на крајот на сезоната ќе остане само со шпанскиот репрезентативен голман Гонсало Перез де Варгас. По најавите дека каталонскиот клуб ќе му испрати понуда, Ристовски изјави дека е во дилема каде да ја продолжи кариерата, бидејќи и неговиот сегашен клуб РНЛ му понуди продолжување на договорот. Сепак, Барселона од идната сезона е новиот клуб за Ристовски, а вкупно трет во Шпанија бидејќи претходно тој бранеше за екипите на Теукро (2006 и 2007) и Алгесирас (2007). /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТрамп ја продолжи вонредната состојба за Западен БалканАмериканскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан, потег што останува на сила поради, како што се наведува, заканите за националната безбедност и надворешната политика на САД.Според објавата во федералниот регистар, мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Вонредната состојба првпат ја прогласи американскиот претседател Џорџ Буш 2001-ва година, со извршна наредба која овозможува замрзнување на средствата на поединци и организации што ја загрозуваат стабилноста на регионот. Во документот се споменува и Охридскиот рамковен договор, кој беше вклучен во дополнителните мерки преку измените на извршната наредба од 2003 година.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВо изминатите 24 часа најмногу дожд во ГевгелијаДадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 20 Гевгелија, 14 Претор, 4 Тополчани, 3 Скопје Петровец, 1 Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
СветДва разорни земјотреси ја потресоа Венецуела се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен (ВИДЕО)Два разорни земјотреси ја потресоа Венецуела загинаа најмалку 32 лица , а најмалку 700 се повредени,се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен.Земјотресите соборија голем број згради. Луѓето во урнатините бараат помош. Во Каракас прогласена е вонредна состојба. Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, бил со јачина од 7,5 степени според рихтеровата скала. Главниот аеродром во Каракас е затворен, возовите не сообраќаат, обемот на штетата сè уште се проценува, но се верува дека е огромна. Зградите се без струја, а метрото е целосно затворено, јавува Ванеса Силва од Би-Би-Си од Каракас. Земјотресите, можеа да се почувствуваат дури до Богота, Колумбија. Венецуела славеше национален празник , а многу луѓе биле дома кога се случија земјотресите. Тагови: Венецуела земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook