Борисов за ФАЦ: Компромисот е возможен, но треба да се познава историјата

-Единствената земја што сака пристапните разговори со нашата соседна република да започнат дури и повеќе од Германија е – Бугарија. 

Коментирајќи зошто Бугарија става вето на отворањето на разговорите со ЕУ за Македонија, бугарскиот премер Бојко Борисов за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг порача дека виновни за тоа се „бугарските комунисти“ и „сталинистичка Москва“, бидејќи тие се обиделе Бугарите да ги претворат во Македонци насилно по Втората светска војна.

На новинарско прашање дали има излез од овој ќор-сокак, Борисов како и по средбата со Бујар Османи, вели дека проблем меѓудругото, се тврдењата за македонско малцинство во Бугарија.

-Единствената земја што сака пристапните разговори со нашата соседна република да започнат дури и повеќе од Германија е – Бугарија. Но, за мене беше големо изненадување што неодамнешната резолуција на Европскиот парламент за Бугарија го покрена прашањето за наводно македонско малцинство во Бугарија. Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство треба да има во Бугарија, ве молам? Не знам ништо. Само од резолуцијата дознав дека наводно има. Треба да го кажам ова бидејќи тој развој на настаните навистина ме вознемирува – вели Борисов

На забелешката на новинарот дека ниту премиерот Зоран Заев, ниту кој било од важните политичари во Скопје не тврдат дека во Бугарија има македонско малцинство, Борисов вели "компромисот е можен, но треба да се познава историјата.

-Правиме што можеме за нашата комисија на историчари да најде компромиси. Отсекогаш сум велел дека иднината е важна. Но, исто така треба да знаете историја. По Втората светска војна, бугарските комунисти и комунистичката интернационала контролирани од сталинистичка Москва, сакаа Бугарите во Македонија да ги претворат насилно во Македонци од идеолошки причини. Бугарите таму беа принудени да се нарекуваат Македонци. Доколку се појават одредени погрешни прикази во текот на процесот на пристапување во ЕУ, а јас не реагирам, моите политички противници ќе речат: Борисов ја продава бугарската историја и се поклонува на притисоците од европските партнери“, вели Борисов во интервјуто, чиј превод на бугарски јазик го објави самиот на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Откако Бугарија месецов одлучи стави вето, поради, како што тврдат, прекршување на Договорот за добрососедство, тимови од министерствата за надворешни работи на двете земји интензивно разговараат во обид да најдат решение, а шефот на македонската дипломатија најави дека е можен нов документ во форма на Патоказ за исполнување на договорот.

Последна шанса за почнување на преговорите до крајот на годината кога завршува германското претседателство со ЕУ, се смета министерскиот состанок на осми декемрви.

Буркина Фасо ги забрани Би-Би-Си и Гласот на Америка поради известување за масовни гробници

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците Би-Би-Си и Гласот на Америка на две недели поради нивното известување за масовни гробници.

Би-Би-Си и Гласот на Америка објавија податоци од извештајот на Хјуман рајтс воч за масовни убиства на цивили од страна на вооружените сили на земјата.

Според извештајот објавен од ХРВ вчера, војската убила околу 223 цивили, меѓу кои 56 деца, во селата за кои верувале дека соработуваат со бунтовниците.

Портпаролот на владата на Буркина Фасо, Тонсир Мирјан Корин Сану, рече дека двете радио станици ќе бидат суспендирани на две недели и ги предупреди другите медиуми да избегнуваат известување за тие случувања.

ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“

Европската комисија донесе одлука за прогласување на веб страницата за електронска трговија со седиште во Сингапур, „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“ согласно Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ваквата одлука е донесена откако е утврдено дека „Шејн“ во просек месечно има над 45 милиони корисници во ЕУ, што е услов една интернет страница да добие статус на „многу голема онлајн платформа“.

Согласно оваа одлука, најдоцна до крајот на август „Шејн“ ќе мора да се усогласи со строгите правила што важат за „многу големите онлајн платформи“ согласно Законот за дигитални услуги, како што се засилување на мерките за заштита на корисниците, вклучително и на малолетниците и соодветна проценка и ублажување на сите можни системски ризици кои произлегуваат од нејзините услуги, како што се ширење на илегални содржини, продажба на фалсификувани или забранети стоки и заштита на брендови и интелектуална сопственост.

Врз основа на ДСА, Европската комисија на 25 април минатата година прогласи 19 веб страници, социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за е-трговија за „многу големи онлајн платформи“, кои до крајот на август мора целосно да се усогласат со строгите правила на Законот што се предвидени за платформите со ваков статус .

Дополнително, ист статус Еврокомисијата на 20 декември 2023 година им го додели на уште три сајтови, кои треба да се усогласат со ДСА до крајот на месецов.

Со најновата одлука, статус „многу големи онлајн платформи“ имаат вкупно 23 сајтови, социјални мрежи, пребарувачи и страници за е-трговија и тоа „АлиЕкспрес“, „Амазон“, „Бинг“, „Букинг“, „Википедија“, „Гугл Мапс“, „Гугл Плеј“, „Гугл Срч“, „Гугл Шопинг“, „Еп Стор“, „Заландо“, „Икс“, „ИксВидеос“, „Инстаграм“, „Јутјуб“, „Линкедин“, „Пинтерест“, „Порнхаб“, „Снепчет“, „Стрипчет“, „ТикТок“, „Фејсбук“ и „Шејн“.

Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија

Шведската елитна лига нема да воведе систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалските клубови го изразија своето противење на технологијата, изјави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Шведска (SvFF), Фредрик Рајнфелд.

ВАР постојано е во центарот на контроверзи во лигите каде е воведен, со поплаки поврзани околу обемната анализа и одложувањата кои често траат неколку минути.

Во јули 2023 година, шведската професионална фудбалска лига, која ги претставува клубовите во првите две дивизии, порача дека мнозинството клубови во земјата „активно се противат“ на воведувањето на ВАР.

„Ако броев правилно, имаме 18 елитни клубови и две области кои рекоа дека не сакаат да воведат ВАР“, изјави денеска Рајнфелд, кој е поранешен премиер на Шведска, за весникот Афтонбладет.

„Ние го почитуваме тоа. Затоа на претходниот состанок на Претставничкиот комитет воопшто не изнесовме предлог за ВАР и не го предвидувам тоа ниту во иднина. Јас сум за почитување на демократските правила на игра“, истакна првиот човек на шведскиот фудбал.

притисни ентер