Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа
2Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправа
Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
2Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
БалканБорисов : Православните цркви ќе бидат отворени за Цветници и за Велигден Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека православните цркви и храмови ќе бидат отворени на Цветници и Велигден и покрај кризата со коронавирус, објаснувајќи дека многу луѓе се очајни и ослабени.Борисов исто така ги покани Бугарите да останат дома и таму да се молат. Литургиите во поголемите цркви ќе бидат пренесувани во живо на државната телевизија. „Тоа е тешка одлука, но јас сум подготвен да се справам со предизвиците“, рече Борисов на конференцијата за медиуми. „Епископите ми кажаа дека многу луѓе се слаби во духот, очајни. Затоа не можам да издадам таков налог (да ги затворам црквите)“. Литургиите на Светата недела, а особено Велигден, обично привлекуваат илјадници верници во Бугарија. Министерот за внатрешни работи Младен Маринов рече дека полицајците околу црквите ќе водат ред и ќе одржуваат социјална дистанца. Бугарија прогласи вонредна состојба до 13 мај и забрани собири со повеќе од двајца возрасни. До денеска има 611 заразени и 24 смртни случаи од коронавирус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаШест уставни судови од Балканот ја усвоија Охридската декларацијаШест уставни судови од Балканот ја усвоија Охридската декларација, независноста, транспарентноста и ефикасноста во функција на поголема доверба во уставните судови.Шест уставни судови, членки на Форумот на балканските уставни судови (BCCF) едногласно усвоија Охридската декларација за време на 4. годишен состанок, кој се одржа од 12 до 14 ноември 2026 година во Охрид, во организација на Уставниот суд на Република Македонија. Целта на Декларацијата е да се утврдат заеднички насоки за зајакнување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на уставните судови, зголемување на довербата на граѓаните во уставното судство, како и одговорна примена на современите технологии и вештачката интелигенција во функција на заштитата на човековите права и владеењето на правото. Документот беше едногласно усвоен од претседателите и претставниците на шесте уставни судови кои се полноправни членки на Форумот: Уставниот суд на Република Македонија; Уставниот суд на Република Албанија; Уставниот суд на Република Бугарија; Уставниот суд на Република Косово; Уставниот суд на Црна Гора; Уставниот суд на Република Турција. На годишниот состанок учествуваа и претставници на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој има статус на набљудувач во Форумот, како и претставници на судови од Европа, Азија и Африка и на меѓународни судски институции и организации. Трите столба на довербата: независност, транспарентност и ефикасност Со Охридската декларација, уставните судови се заложуваат за натамошно унапредување на својата работа преку: - Зајакнување на независноста, непристрасноста и професионалниот и личниот интегритет на уставните судии; - Унапредување на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните; - Редовно информирање на јавноста за активностите и одлуките на уставните судови; - Објавување соопштенија за судските одлуки на јазик разбирлив за пошироката јавност; - Одржување редовни брифинзи со новинарите и комуникација преку социјалните медиуми; - Навремено одлучување по предметите во разумен рок, без неоправдано одолжување на постапките; - Примена на современи системи за управување со предметите и дигитални алатки за поефикасно функционирање на судовите. Во Декларацијата се нагласува дека довербата на јавноста претставува основен предуслов за авторитетот и легитимитетот на уставните судови, а се гради преку независно, непристрасно и професионално одлучување и квалитетно образложени одлуки засновани на Уставот. Вештачката интелигенција како помошна алатка, а не замена за судиите Посебно значење во Охридската декларација е дадено на примената на вештачката интелигенција во уставното судство. Уставните судови се согласни дека пристапот кон новите технологии треба да биде отворен, но претпазлив, имајќи ги предвид правните, етичките и организациските ризици поврзани со нивната употреба и ефектите врз правата на граѓаните. Вештачката интелигенција може да придонесе за поефикасна обработка на предметите, но не смее да ја замени независната судиска анализа, правното расудување и одлучувањето на уставните судии. Толкувањето на Уставот, оценувањето на правните аргументи и конечното одлучување по предметите мора да останат задача и одговорност на судиите. Уставниот суд на Црна Гора го презема претседавањето со BCCF во 2027 година На состанокот, покрај усвојувањето на Охридската декларација како завршен документ, едногласно беа донесени уште две одлуки: -Предавање на претседавањето со Форумот за 2027 година на Уставниот суд на Црна Гора. -Одржување на петтиот годишен состанок на Форумот во мај 2027 година во Црна Гора, во организација на тамошниот Уставен суд. Со организирање на овој настан, Уставниот суд на Република Македонија го заврши своето претседавање со Форумот, оставајќи основа за натамошно продлабочување на регионалната соработка и унапредување на стандардите за независно, транспарентно и ефикасно уставно судство. Со усвојувањето на Охридската декларација беше заокружен работниот дел на Четвртиот годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови, во чии рамки се одржа меѓународната конференција на тема „Современи предизвици за владеењето на правото: Улогата на уставните судови“. Преку три работни сесии, со учество на повеќе од 20 домашни и странски говорници, беа дискутирани прашањата за зголемување на довербата на граѓаните во уставните судови и предизвиците на уставното судство во дигиталната ера. На свеченото отворање се обратија претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот за правда, проф. д-р Јетон Шасивари,. Обраќање имаше и заменик - претседателот на Владата Александар Николоски. Преку видео врска се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Конференцијата обедини претседатели и судии на уставни судови од Европа, Азија и Африка, учествуваа потпретседателката и член на Венецијанската комисија, судија од Европскиот суд за човекови права, генералниот секретар на Конференцијата на африканските уставни институции, претседателите на уставните судови на Австрија, Турција, Азербејџан, Бугарија, Косово, Египет, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ и бегаат од надзорна расправаФилипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ.Не сносејќи никаква одговорност, се расфрлаа со лаги, манипулации и со нивните јавни говори се обидоа да го девалвираат банкарскиот систем. Излажаа за забраната на Алта банка, излажаа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без своите пари и што ли уште не излажаа. За на крајот да испадне дека сето тоа што го говореа е лага. Да излезе, дека тие биле првите кои влегле во деловни односи со Алта банка и Давор Мацура. Затоа денес бегаат од надзорната расправа и бегаат од вистината која излезе на виделина. Бегаат затоа што знаат што правеле и мислат дека и другите ќе прават како нив. Едноставно кај Филипче и СДС работи Фројд. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВикторија и Дејвид Бекам во Париз гордо позираа со својот син на премиерата на неговиот прв филмЏет-сет брачната двојка, Викторија и Дејвид Бекам му дадоа поддршка на својот син Ромео на премиерата на неговиот прв филм.Синоќа, тие присуствуваа на светската премиера на филмот *Forty Love* во Париз, каде што на црвениот тепих им се придружија Ромео и неговата девојка, Ким Турнбул. Ова беше значаен момент за Ромео, кој сега се испроба во актерството, пренесува *People*. Викторија на црвениот тепих се појави во црно сако со крој „oversize“ и нагласени раменици, искомбинирано со црни елегантни панталони и чевли со штикла и зашилен врв. Легендарниот фудбалер сега сопственик на Интер Мајами,изгледаше подеднакво елегантно во темно син костум, бела кошула и темна вратоврска. Својот изглед го заокружи со црвен шал околу вратот и кафеави чевли од велур. Ромео носеше костум со дворедно закопчување, искомбиниран со црно-бела кошула на риги и тесна вратоврска со кариран дезен. Ким Турнбул се појави во долг сатенски фустан во бургундска боја, со отворен грб и драпиран израз на деколтето. Ромео и Ким Турнбул започнаа врска во ноември 2024 година. Нивната врска не беше секогаш стабилна, а во јуни 2025 година, „Пипл“ (People) потврди дека тие раскинале. Подоцна истата година, тие се смирија. Во јануари оваа година, беа забележани во Париз во друштво на помладиот брат на Ромео, Круз, и неговата девојка, Џеки Апостел.Тагови: Викторија Бекам Дејвид Бекам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter