БалканБорисов и Петков: Скопје треба да одлучи-внесување на Бугарите во Уставот или затворање Скопје треба да одлучи - внесување на Бугарите во Уставот или затворање на европскиот пат.Поранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за доброседство мора да се почитува и ги повикаа властите во Македонија да одлучат дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот или нејзиниот пат кон ЕУ ќе остане затворен. Лидерот на ГЕРБ Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент, истакна дека Бугарија и Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување, и никој не може да отстапи од него. Борисов смета дек Софија треба да остане и мирна и трпелива, да не изгледа агресивна бидејќи како што наведе „вината е кај колегите во Скопје“. Посочи дека „секој што ќе го прекрши добриот тон, а Бугарија тоа не го направи, ќе ги трпи последиците“. - Сè што направивме во Европската народна партија, во Европскиот совет, во Европската комисија, беше многу добро слушнато. Така функционираат европските институции. Не се закануваат, не навредуваат, а резултатот е Албанија оди напред. Таа го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги од Македонија треба да ги понесат последиците од нивното досегашно однесување, рече Борисов во пресрет на разгледувањето на декларацијата за Македонија поднесена од крајнодесничарската партија „Преродба“. Борисов вели дека ќе се обиде да ги убеди колегите во Комисијата за надворешна политика да не се однесуваат емотивно, туку да прагматично и разумно. И лидерот на ПП-ДБ Кирил Петков, вели дека Скопје треба да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во својот устав или да го запре патот кон ЕУ. - Времето покажа дека договорот што го направивме во времето на нашата влада - францускиот предлог - се покажа многу добар за Бугарија. Реално, целата Европска унија застана на страната на Бугарија. Република Македонија мора да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во нејзиниот устав или нејзиниот пат кон Европа е затворен. Многу се надевам дека ќе се преиспитаат, бидејќи она што се случи во моментов е дека Албанија се одделува од нив и побрзо ќе го продолжи патот кон ЕУ, изјави Петков. Одвојувањето на Албанија и Макеоднија на патотот кон ЕУ, го поздрави првиот човек на „Преродба“ Костадин Костадинов. Тоа според него се случи откако „Тирана го признала бугарското малцинство и му ги гарантирала сите уставни права“. - Отсега, Република Македонија има два пата – или ќе го признае присуството на Бугарите како државотворен елемент на својата земја и ќе ги вклучи во Уставот или ќе остане надвор од преговарачкиот процес, рече Костадинов. Во врска со Договорот за добрососедство, Костадинов смета дека откако Скопје одби да го почитува, и Софија веќе не треба да се држи до обврските што прозилегуваат од него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаРодители си го оставиле своето новороденче, па на полицијата ѝ рекле дека го нашле покрај пат- сега донесоа чудна одлукаДвајца многу млади родители од областа Неапол, кои се обиделе да го сокријат фактот дека штотуку добиле бебе и се преправале дека го пронашле, наводно одлучиле да го признаат својот син, кој е роден ноќта помеѓу петокот и саботата.Стравот од неуспех, неискуството и можеби целосниот недостаток на семејна поддршка се сите можни причини зошто младите родители првично одлучиле да не го признаат своето новороденче. Сепак, по само неколку часа и огромно медиумско негодување, се случил драматичен пресврт на настаните, објави Република. Деветнаесетгодишник од Пасторано, во областа Казерта, кој заедно со своето семејство се обидел да се преправа дека го пронашле новороденчето во Пињаторо Маџоре ноќта помеѓу петокот и саботата, наводно одлучил да го признае детето. Во исто време, мајката на бебето (16), која семејството ја поддржувало од самиот почеток, наводно донела иста одлука. Превртот на настаните дошол по еден ден поминат во доверливи разговори во болницата, додека телефоните на младите родители биле исклучени, подалеку од јавноста и негодувањето предизвикано од случајот. Конечната одлука сега ќе треба да ја донесат Јавното обвинителство во Санта Марија Капуа Ветере и Судот за малолетници во Неапол. Тие ќе ги проценат понатамошните правни чекори, како и можните мерки во врска со старателството и згрижувањето. Одлуката ќе ги земе предвид и извештаите од општинските социјални служби на Пињатаро Маџоре, кои беа активирани веднаш откако беше пријавено дека бебето е пронајдено. Двете семејства изјавија за време на интервјуата со истражителите дека не биле свесни за бременоста, но сега, според достапните информации, се подготвени да сторат сè што е потребно за да се осигурат дека детето ќе порасне со соодветна грижа и поддршка. Таткоto пријавил дека пронашол бебе покрај патот Сепак, правниот статус на таткото на детето останува отворен. 19-годишникот е осомничен за лажно претставување и симулирање на кривично дело. Тој се јавил на 911 и се претставил како минувач кој наводно го пронашол новороденчето покрај патот, на периферијата на Пињатаро Маџоре. Кога карабинерите пристигнале на местото на настанот, младиот човек им дал лажно име и немал документи со себе. Сепак, истражителите набрзо открија дека приказната не е онаква каква што беше претставена. Всушност, 19-годишникот бил татко на новороденчето и неколку часа претходно ѝ помогнал на својата девојка, која била девет месеци бремена, за време на породувањето дома. Младиот пар ја пресекол папочната врвца, го искапал и облекол бебето, а потоа решил да не го задржи. Истражителите моментално веруваат дека во овој случај немало суровост кон детето, туку дека станува збор за дезориентација и страв од двајца многу млади луѓе кои не се чувствувале подготвени за родителство. Малиот Матија на крајот бил префрлен во болница. Неговото здравје се подобрува. Бебето, тешко околу два и пол килограми, било примено на одделот за неонатална интензивна нега во болницата Кардарели во Неапол, откако претходно му била укажана прва помош во болницата Сантобоно. Кога пристигнала во здравствената установа, бебето имало блага хипотермија, но нејзината состојба сега се подобрува. Во меѓувреме, заедницата на Пињаторо Маџоре се обединила околу случајот. По почетниот шок, меѓу граѓаните започна спонтан бран на солидарност и донации. Граѓаните почнаа да донираат облека, креветчиња и други основни потреби потребни за новороденчето. Локалниот парохиски свештеник е исто така подготвен да помогне. Истата мрежа на солидарност, според локални извори, наскоро би можела да се прошири и до Пасторано, родниот град на деветнаесетгодишниот татко. Таму, неговото семејство наводно се подготвува да го пречека својот внук штом неговата здравствена состојба и законските процедури дозволат.Тагови: новороденче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШведска купува четири воени бродови од Франција за 3,5 милијарди евра Шведска потпиша договор со француската компанија „Навал груп“ за купување четири нови фрегати. Договорот беше склучен во Стокхолм на церемонија на која присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и шведскиот премиер Улф Кристерсон, пишува Ројтерс. Набавка вредна четири милијарди долари Шведска ја објави својата намера да нарача бродови од францускиот производител уште во мај. Вредноста на договорот изнесува 3,5 милијарди евра, а инвестицијата ќе ги тројно зголеми капацитетите за воздушна одбрана на земјата со оглед на безбедносната ситуација во Балтичкото Море. Како најнова членка на НАТО, Шведска брзо ја зајакнува својата војска по руската инвазија на Украина. Првата од четирите нови фрегати треба да биде испорачана во 2030 година, а тие ќе бидат и најголемите бродови во шведската морнарица. Зајакнување на европската соработка Договорот доаѓа во време кога Франција и Шведска ја продлабочуваат својата одбранбена соработка. Двете земји се залагаат за поголема воена независност на Европа. Таквиот пристап е делумно мотивиран од сомнежите за посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност, поради што владите низ целиот континент ја преиспитуваат својата зависност од американското оружје и безбедносните гаранции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГи снимала синовите на мост, кога наеднаш се појавил огромен алигатор (ВИДЕО)Видеото на Катарин Геј го привлече вниманието на корисниците на Фејсбук, прикажувајќи огромен алигатор како излегува од под мост кај езерото Гринфилд во Вилмингтон, Северна Каролина.Катарин ја опиша глетката што ја остави неа и нејзините млади синови во шок. Многу реакции од гледачите „Ова беше навистина нешто за гледање“, напиша таа на Фејсбук. Децата ловеле риба по брегот кога големиот алигатор излегол од под мостот и се упатил спротивно од течението. „За малку ќе добиеа срцев удар“, додаде таа. Видеото предизвика многу реакции од гледачите, кои беа запрепастени од големината на предаторот. „Сум видел поголеми во тоа езеро“ „Не сфатив дека се толку блиску и во областа Вилмингтон. Бидете внимателни. Би полудела ако видам еден“, напиша еден корисник. „Изгледа неверојатно. Мило ми е што момчињата не беа премногу блиску“, рече друг. „Немав поим дека има алигатори во Вилмингтон, а не еден како овој! Тоа нешто изгледа како да се храни со мали кучиња и деца“, напиша трет. „Видов поголеми во тоа езеро, но беа фатени и преместени“, додаде четвртиот.Тагови: алигатор мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook