Борис Џонсон денеска со коментар по ноќешната интервенција на полицијата

Откако ноќеска полицијата интервенирала во куќата на Борис Џонсон , фаворит за наследник на Тереза Меј на премиерското место , денеска тој даде коментар.

По ноќешната кавга со неговата партнерка Кери Симондс , кога соседите викнале полиција , денеска Џонсон одржа собир на неговите сопартијаци во Бирмингем. Тој рече дека за договорот за Брегзит може повторно да се преговара и смета дека со вистинска енергија и приврзаност , ќе надвладее здравиот разум.

Џонсон , поранешниот министер за надворешни работи на Британија , како и градоначалник на Лондон, говореше на првиот од 16 партиски собири , на кои има задача сите 160 000 членови на партијата да ги убеди да гласаат за енго , откако ја доби поддршката на пратениците од неговата Конзервативна партија во Долниот дом на парламентот.
На прашањето за интервенцијата на полицијата во неговиот дом , Џонсон кусо одговори дека членовите на партијата не ги интересира зошто биле повикани полицајците.

,,Мислам дека не ги интересираат такви работи , освен ако сум виновен.” рече Џонсон на собирот по што доби аплауз. ,,Мислам дека сакаат да слушнат кои се моите планови за земјата и за мојата партија.” , додаде Џонсон.

Ноќеска полицијата интервенирала во домот на Џонсон на повик на соседите , кои слушале силна кавга , женски глас и нешто што личело на истрел од оружје. Партнерката го бркала од дома и викала по него дека уништува се и не се грижи за ништо во куќата.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер