Борис Бекер најде нова работа, по само еден месец од излегувањето од затвор - Канал 5

Борис Бекер најде нова работа, по само еден месец од излегувањето од затвор

Еден месец по излегувањето од затвор, германската тениска легенда Борис Бекер (55) се враќа во Еуроспорт и добива свое шоу „Мачбол Бекер“.

Борис Бекер најде нова работа, по само еден месец од излегувањето од затвор

Сопственикот на мрежата на Ворнер Брос Дискавери потврди дека Бекер ќе го коментира главниот меч на денот на првиот Грен слем турнир во сезоната Австралија Опен, а како стручен коментатор ќе ги анализира и останатите мечеви. Но, Билд објави дека Бекер нема да патува во Мелбурн, туку ќе коментира од студио во Минхен.

„Мило ми е што Борис Бекер се враќа во нашиот Еуроспорт тим на Австралија Опен. Од 2017 година Борис е дел од тениските преноси на Еуроспорт“, изјави Јохен Гундел, еден од менаџерите на германската филијала на Ворнер. Адвокатот на Бекер објасни дека Бекер „ја отслужил казната“ и дека „не е подложен на никакви криминални ограничувања во Германија“. Тоа е работа со која се занимава од 2017 година, но откако заврши во затвор, работата ја вршеше Миша Зверев.

На крајот на април, Бекер беше осуден во Лондон на две и пол години затвор за финансиски криминал. Тој беше ослободен на 15 декември по осум месеци во притвор и беше протеран од Обединетото Кралство. Во текот на својата кариера, поранешниот светски рекет број еден освои 49 турнири во кариерата, вклучувајќи шест Грен слем титули - три Вимблдони (1985, 1986, 1989), два Австралија Опен (1991, 1996) и УС Опен (1989).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати.

Водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење.

Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторник од страна на Центарот за јавно здравје – Велес покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење.

Поради различните резултати, во понеделник ќе биде извршена супер анализа.

Затоа, водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

Забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од супер анализата.

ЈКП „Бошава“ – Демир Капија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар.

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави.

Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни.

Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар?

Нема документ. Нема извештај.

Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар.

Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила?

Кој го потпишал извештајот?

Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните?

По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања.

За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис.

Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина.

Бидете барем еднаш сериозни и одговорни - објавете документ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи.

Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер