СветБорел: Трамп е можност за ЕУ да ги искористи своите капацитети„Трамп претставува можност за Европејците, не само да се разбудат, се разбудивме пред пет години, туку да ги искористат своите капацитети и нивниот систем на работа за нашиот глас да се слушне на светската сцена“.Европската унија треба да го гледа изборот на Доналд Трамп за американски претседател како можност да ги искористи своите капацитети и својот работен систем за нејзиниот глас да се слушне на светската сцена, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел. „Трамп претставува можност за Европејците, не само да се разбудат, се разбудивме пред пет години, туку да ги искористат своите капацитети и нивниот систем на работа за нашиот глас да се слушне на светската сцена“, рече Борел на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки. „Односите со новата американска администрација секако ќе бидат интересни. Тоа е и можност за нас Европејците да се покажеме како доверливи партнери, како рационален актер, како некој што може да донесе рационалност, некој што го почитува меѓународното право, ги гледа климатските закани“, рече Борел. Тој, исто така, изрази загриженост поради извештаите дека Кина, Иран и Северна Кореја и помагаат на Русија во нејзината војна против Украина. „Русија не можеше да ги поддржи своите воени напори без помошта на Иран, Кина и Северна Кореја“, рече Борел. Зборувајќи за Украина,тој истакна дека Европската унија често не била обединета. „Премногу често нашите дискусии траеја предолго. Мојот последен повик до колегите е да бидеме пообединети, побрзо да донесуваме одлуки“, рече Борел. Тој посочи дека ЕУ не може да биде геополитичка сила ако треба да поминат недели и месеци за да се постигне договор и да се дејствува. „Мораме да бидеме пообединети ако сакаме да зборуваме со јазикот на моќта. Мораме да бидеме пообединети, поблиски до нашите партнери и пореални во нашиот пристап кон остатокот од светот“, рече Борел. Тој им предложи на земјите-членки да го прекинат политичкиот дијалог со Израел поради кршење на човековите права во Газа. Политичкиот дијалог е предвиден во договорот меѓу ЕУ и Израел во кој се наведува обврската за почитување на хуманитарното право и човековите права. Ваквата одлука бара консензус од сите земји-членки, но повеќето земји-членки не се за тоа. Опишувајќи ја ситуацијата во Газа, Борел рече дека му снемува зборови. „Ги исцрпив сите зборови за да објаснам што се случува на Блискиот Исток. Речиси 44 илјади мртви во Газа, а 70 отсто од убиените се жени и деца“, рече Борел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во ДаблинПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на ВучиќКривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски. Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата. Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава. СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи. Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот. Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски. По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа. И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника. Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава. Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее. Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група. Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара. Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад. Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34