Борел: Создавањето независна палестинска држава е најдобрата гаранција за безбедноста на Израел - Канал 5

Борел: Создавањето независна палестинска држава е најдобрата гаранција за безбедноста на Израел

 Создавањето независна палестинска држава е најдобриот начин да се гарантира безбедноста на Израел, изјави шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел.

Борел: Создавањето независна палестинска држава е најдобрата гаранција за безбедноста на Израел

Тој вчера преку видео-конференција разговараше со министрите за надворешни работи на 27-те земји на ЕУ по неговата турнеја на Блискиот Исток на крајот од минатата недела. Се осврна и на случајот со киднапирањето товарен брод во Црвеното Море од страна на јеменските бунтовници Хути во неделата, со двајца Бугари во неговиот екипаж.

„Најдобрата гаранција за безбедноста на Израел е создавањето палестинска држава“, рече Борел и додаде дека ова е „фундаментален политички заклучок“ од неговите разговори во регионот.

Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, на 18 октомври рече дека војната меѓу Израел и Хамас ја зајакнала неговата решителност да го реши израелско-палестинскиот конфликт врз основа на соживот на две држави.

„Израел не треба да го окупира Појасот Газа и контролата над него треба да биде предадена на палестинските власти“, повика Борел. Тој посочи дека „и покрај огромните предизвици“, неопходно е да се размислува „за стабилизација на Газа и за идната палестинска држава“.

„Краткорочно, во регионот постои „чувство на итност“ поради очајната хуманитарна ситуација во Појасот Газа“, рече Борел по турнејата низ голем број арапски земји.

Тој ја опиша како „голем чекор напред“ резолуцијата усвоена од Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итна хуманитарна пауза на палестинската територија, но во исто време повика на нејзино брзо спроведување.

Шефот на европската дипломатија изрази загриженост и за „експлозивната ситуација“ на Западниот брег на реката Јордан. „Со оглед на порастот на насилството од (еврејските) екстремисти и доселеници против Палестинците, постои реален ризик ситуацијата да ескалира“, предупреди тој.

Што се однесува до случајот со заробениот танкер „Galaxy Leader“ во Црвеното Море, Борел коментира дека „извештаите за киднапиран брод од Хутите се уште еден алармантен знак за ризикот од ширење на конфликтот низ целиот регион. /МИА

Промес екстрадиран во Холандија

Поранешниот холандски репрезентативец Квинси Промес е екстрадиран од Обединетите Арапски Емирати во Холандија, каде што ќе отслужи затворска казна за трговија со дрога и физички напад, соопшти денеска холандското Обвинителство.

Промес екстрадиран во Холандија

Холандски суд минатата година го осуди во отсуство поранешниот фудбалер на Ајакс и Спартак Москва на шест години затвор за директна вмешаност во транспорт на две пратки кокаин од Бразил преку пристаништето Антверпен во Белгија до Холандија во 2020 година.

Промес во 2023 година, исто така во отсуство, беше осуден и на 18 месеци затвор за напад во врска со тепачка во 2020 година во која избоде роднина во коленото.

Промес ги негираше сите обвиненија и поднесе жалба за двата случаи.

Триесетитригодишниот Промес, кој има 50 настапи за Холандија, беше уапсен во Дубаи во март лани на барање на холандското Јавно обвинителство додека беше во тренинг кампот на Спартак Москва.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотрес со интензитет од 5,2 степена го погоди северен Иран.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди северен Иран

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, на околу 37 километри југозападно од градот Семнан.

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе

Во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 43 луѓе, од кои 26 се убиени додека чекале хуманитарна помош во близина на коридорот Нецарим, соопшти палестинската Цивилна одбрана.

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе

Израел на почетокот на март ја блокираше хуманитарната помош за Појасот Газа, која беше делумно укината кон крајот на мај, што доведе до голем недостиг на храна, лекови и друго.

Хуманитарната фондација Газа, невладина организација поддржана од Вашингтон и Израел почна да дистрибуира помош кон крајот на мај, но нејзините испораки беа проследени со хаотични и смртоносни сцени. Агенциите на ОН, исто така, доставуваат помош.

Според Министерството за здравство на Хамас, од крајот на мај, 397 луѓе се убиени, а повеќе од 3.000 се повредени додека се обидувале да стигнат до местата за дистрибуција на помош во Појасот Газа.

притисни ентер