ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?
2ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?
СветБорел: Русија мора да престане да ја користи храната како оружјеПред руската агресивна војна против Украина, клучен глобален снабдувач со храна, една петтина од светскиот јачмен доаѓаше од Украина, како и една шестина од пченката и една осмина од пченицата.Од Жозеп Борел Фонтелес, висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија На 17 јули, речиси една година откако беше потпишана во Истанбул, Русија одлучи да не ја обнови Црноморската иницијатива за жито (BSGI) која ѝ дозволува на Украина да извезува земјоделски стоки на глобалните пазари. Како што истакна генералниот секретар на ОН, оваа иницијатива е „светилник на надеж во свет на којшто надежта очајно му е потребна“. Пред руската агресивна војна против Украина, клучен глобален снабдувач со храна, една петтина од светскиот јачмен доаѓаше од Украина, како и една шестина од пченката и една осмина од пченицата. Откако Русија изврши инвазија на Украина, напаѓајќи полиња со жито и силоси и блокирајќи ги украинските пристаништа, глобалните цени на храната се искачија на рекордно ниво и го загрозија многу потребното снабдување со храна за многу земји увозници. BSGI имаше за цел повторно да воспостави витална рута за извоз на земјоделски производи од Украина и да ги намали глобалните цени на храната. И покрај многуте предизвици, ја постигна својата клучна цел. Од август 2022 година, извозот на речиси 33 милиони тони жито и храна од Украина во 45 различни земји одигра клучна улога во намалувањето на глобалните цени на храната за околу 25 отсто од рекордната висина достигната набрзо по нападот од Русија. Како што покажуваат јавните трговски податоци, повеќе од половина од житото, вклучително и две третини од пченицата, отишле во земјите во развој. Покрај тоа, BSGI обезбеди континуиран пристап до житото за Светската програма за храна (WFP). Во 2023 година, Украина испорача 80 отсто од пченицата што беше набавена за поддршка на хуманитарните операции во најнебезбедните земји како Авганистан, Џибути, Етиопија, Кенија, Сомалија, Судан и Јемен. Без Црноморската рута, WFP ќе мора да го набави житото од друго место по повисоки цени и со подолг рок на испорака во време кога светот се соочува со невидена криза со храна. Одлуката на Русија беше донесена и покрај обновените предлози на генералниот секретар на ОН да се работи на решавање на проблемите. За да ја префрли вината, Русија тврди дека нејзиниот извоз на земјоделски производи не бил доволно олеснет. Ова не го потврдуваат јавно достапните трговски податоци, кои покажуваат дека земјоделскиот извоз на Русија напредува. Исто така, Русија имаше значајна корист и од Меморандумот за разбирање со ОН за извоз на ѓубрива, што беше постигнат со посредство паралелно со BSGI. ОН неуморно работеа на разјаснување на регулаторните рамки и соработуваа со приватниот сектор за да изнајдат наменски решенија во банкарскиот и осигурителниот сектор. Овие заложби се спроведуваа во тесна соработка со ЕУ и нејзините партнери. Спротивно на лагите што ги шири Русија, ЕУ навистина се погрижи нашите санкции да немаат влијание врз глобалната безбедност на храната. Нема санкции за рускиот извоз на храна и ѓубрива во трети земји, а ЕУ обезбеди опсежни насоки за економските оператори, појаснувајќи дека овие трансфери во трети земји се дозволени. Исто така, работевме со ОН за да овозможиме плаќања поврзани со извозот на жито. И покрај овие добро познати и проверливи факти, Русија одлучи да се повлече од BSGI, користејќи ја храната како оружје и загрозувајќи го глобалното снабдување со храна. Неколку часа по повлекувањето од иницијативата, Русија, исто така, почна да ги уништува украинските складишта за жито и пристанишната инфраструктура со секојдневни целни напади и тоа не само во Црното Море, туку и во Дунав. Како непосредна реакција, големопродажните цени на пченицата и пченката забележаа најголем пораст од почетокот на руската агресивна војна. Зголемената нестабилност на цените на храната веројатно ќе опстојува сè додека Русија го става глобалното снабдување со храна под намерен стрес, влошувајќи ја глобалната криза предизвикана од трошоците за живот и отежнувајќи им на луѓето кои се соочуваат со несигурност во снабдувањето со храна во земјите зависни од увоз. Ова е недопустливо и треба одлучно да се осуди. Додека светот се справува со прекини во снабдувањето и со повисоки цени, Русија сега им се приближува на ранливите земји, особено во Африка, со билатерални понуди за ограничени испораки на жито, преправајќи се дека решава проблем што самата го создала. Ова е цинична политика на намерно користење на храната како оружје. Како одговор на неодговорните постапки на Русија, ЕУ е активна во три главни насоки. Прво, ќе продолжиме да ги поддржуваме неуморните напори на Обединетите нации и Турција за продолжување на Црноморската иницијатива за жито. Второ, продолжуваме да ги зајакнуваме нашите „Патеки за солидарност“ како алтернативни рути за украинскиот земјоделски извоз да стигне до глобалните пазари преку ЕУ. Овие патеки досега овозможија извоз на повеќе од 41 милион тони земјоделска стока од Украина, а ние го зголемуваме ова колку што е можно повеќе за да ги ублажиме последиците од раскинувањето на BSGI од страна на Русија. Трето, ја зголемивме нашата финансиска поддршка за земјите и луѓето на кои им е најпотребна, обезбедувајќи 18 милијарди евра за решавање на безбедноста на храната до 2024 година. Ја повикуваме меѓународната заедница и сите земји да ја засилат сопствената помош за поддршка на глобалната безбедност на храната. Бараме од сите наши партнери да ја повикаат Русија да се врати на преговорите како што тоа веќе го стори Африканската Унија, како и да се воздржи од целните напади на земјоделската инфраструктура на Украина. Со јасен и обединет глас, можеме да постигнеме Русија да го продолжи своето учество во BSGI. Светот има заеднички интерес за одговорно управување со глобалната безбедност на храната. Тоа им го должиме на луѓето на коишто им е најпотребна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
ЕвропаСилни експлозии во Киев- Русите погодија два големи моста преку Дњепар (ВИДЕО)Русија го нападна Киев со балистички ракети ноќеска, а неколку моќни експлозии одекнаа во украинскиот главен град.Според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени, јавува украинската новинска агенција УНН, повикувајќи се на украинските воздухопловни сили, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и други извори. Највисоко ниво на воздушен тревог беше прогласено во Киев, кратко пред полноќ. Украинските воздухопловни сили предупредија дека балистичка ракета лета кон градот, а експлозии се слушнаа кратко потоа. „Силите за воздушна одбрана дејствуваат во главниот град. Киев е под балистички напад. Останете во засолништата!“, рече Кличко. Подоцна објави дека, според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени. Степенот на нивната штета сè уште не е познат. Според неофицијални информации, руските сили истовремено започнаа напади од регионите Ростов, Воронеж, Курск и Брјанск. Нападот не беше ограничен само на Киев. Според Киев Индепендент, експлозии се случија и во Харков, Запорожје, Днепар, Черкаси, Павлоград и Смила. Новинарите на Ројтерс во Киев потврдија дека слушнале серија моќни експлозии. Новинарите на „Киев Индепендент“ ги опишаа како едни од најгласните во последните месеци. Чад можеше да се види над градот по експлозиите. Russia targeted Kyiv's Pivnichnyi Bridge (Northern Bridge) in retaliation for Ukrainian UAV attacks on the Crimean Bridge. https://t.co/gojfOi782e — OSINTWarfare (@OSINTWarfare) November 16, 2026 Северниот и Јужниот мост над Дњепар и претходно беа нападнати од руските сили. На почетокот на ноември, Северниот мост беше оштетен, што предизвика привремено прекинување на сообраќајот, а потоа делумно обновување со ограничувања. Во моментов нема нови официјални информации за обемот на штетата по нападот или евентуалните жртви.Тагови: Дњепар Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?Само седум вработени во Агенцијата за заштита на личните податоци се непосредно задолжени за спроведување на Законот за заштита на личните податоци. Агенцијата е недоволно финансирана, нејзините капацитети за надзор над зголемената употреба на вештачка интелигенција и биометриски податоци се ограничени, а дигиталните заштитни механизми во државните институции се недоволни. Ова не е оценка на ДОМ, туку предупредување од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година. Комисијата посочува и дека мислењето на Агенцијата за Законот за безбедност на мрежните и информациските системи било занемарено, што довело до неусогласеност со директивата NIS2 во делот на заштитата на личните податоци. Во вакви услови, Владата ја најави изградбата на национален дата-центар во 2027 година. Но, како ќе се гарантира безбедноста на податоците што ќе се чуваат и обработуваат во него, кога институцијата задолжена за нивна заштита нема доволно луѓе и ресурси? Кој ќе врши независен надзор и кој ќе сноси одговорност во случај на злоупотреба или безбедносен инцидент? Отворено е и прашањето дали постои конкретен план за обезбедување на неопходната инфраструктура – електрична енергија, вода и комуникациско поврзување. Според кои правила ќе функционираат ваквите капацитети и како ќе се контролира нивното функционирање е сѐ уште нејасно за јавноста. Дата-центрите не се само сервери и објекти, туку дел од критичната дигитална инфраструктура на државата. Нивното планирање мора да вклучува и високи стандарди за сајбер-безбедност, заштита на личните податоци, независен надзор и одговорно управување со сите неопходни ресурси. Дигиталниот развој не смее да почне со изградба на објекти, а заштитата на податоците и институционалната одговорност да останат на маргините. Национален дата-центар значи и национална одговорност за безбедноста на податоците на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДемократски сојуз: Никој не смее да биде заштитен за насилничко однесувањеДемократски сојуз најостро го осудува бруталното насилство врз 26-годишната Сара Ѓоргиевска од Охрид, која по нападот се наоѓа на болничко лекување со тешки телесни повреди.Она што дополнително загрижува е првичното постапување на институциите, особено одлуката осомничениот да биде пуштен со мерки на претпазливост, наместо да му биде определен притвор. Постојат сериозни околности и сведоштва кои налагаат случајот да биде темелно истражен и да се испита дали станува збор за обид за убиство, а не само за тешка телесна повреда. Особено сериозни се наводите на семејството на Сара за можна вмешаност на таткото на осомничениот во настаните по нападот, вклучително и во обидите за прикривање на трагите и ослободување од телото на жртвата, за кои мора да се утврди дали имаат доказна поткрепа. Бараме овие наводи да бидат предмет на целосна и независна истрага. Доколку се потврдат, таткото на осомничениот мора да одговара за својата улога и за секое сторено кривично дело, со најстрога примена на законот. Ниту неговите семејни, ниту евентуалните политички и институционални врски смеат да бидат основа за каква било заштита. Демократскиот сојуз бара: Обвинителството да ги испита сите околности и докази и да ја преиспита правната квалификација на делото, вклучително и можноста за обид за убиство. Да се утврди целосната одговорност на сите лица кои учествувале во нападот, неговото прикривање или евентуалното влијание врз истрагата. Да се испита постапувањето на полицијата, обвинителството и судот и да се утврди дали имало пропусти, притисоци или обиди за привилегирање на осомничениот. На Сара и на нејзиното семејство веднаш да им се обезбеди ефикасна институционална заштита. Нема посилна обврска на институциите од заштитата на човечкиот живот и безбедноста на граѓаните. Нема поважен принцип од еднаквоста пред законот. Овој случај не смее да заврши со формална кривична пријава, нецелосна истрага и префрлање на одговорноста меѓу институциите. Никој не смее да биде недопирлив, без оглед на тоа чии син или татко е, какви функции има или какви врски поседува. Бараме целосно расчистување на случајот и најстрога законска одговорност за секој што ќе се утврди дека учествувал во ова злосторство или помогнал во неговото прикривање. Демократскиот сојуз ќе инсистира на институционална одговорност и правда за Сара, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter