3Беким Сали – Кристоф Исранг: Партнерството со Германија и конкретните реформи го забрзуваат европскиот пат
СветБорел: При посетата на Москва Орбан не ја претставува ЕУ на ниту еден начин Посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва се одвива исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Русија и тој нема добиено никаков мандат од Советот на ЕУ за посета на земјата.Посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва се одвива исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Русија и тој нема добиено никаков мандат од Советот на ЕУ за посета на земјата, наведе високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел. - Унгарија сега е земјата членка на ЕУ која го извршува ротирачкото претседавање со Советот до 31 декември 2024 година, но тоа не повлекува никакво надворешно претставување на Унијата, што е одговорност на претседателот на Европскиот совет на ниво на шефови на држави или влади и на висок претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност на министерско ниво, се додава во писмената изјава на Борел. Тој посочува дека позицијата на ЕУ за руската агресија врз Украина е изразена во многу заклучоци на Европскиот совет и таа ги исклучува официјалните контакти меѓу Унијата и рускиот претседател Владимир Путин. - Унгарскиот премиер не ја претставува ЕУ на ниту еден начин. Покрај тоа, вреди да потсетиме дека претседателот Путин е обвинет од Меѓународниот кривичен суд и издаден е налог за апсење за неговата улога во врска со присилната депортација на деца од Украина во Русија, додава Борел во писмената изјава. Коментирајќи ја посетата, главниот портпарол на Европската комисија, Ерик Мамер порача дека независно од тоа какви пораки ќе бидат испратени од страна на Орбан од Москва, нејзината суштината не е вистинскиот начин, бидејќи се работи за обид за смирување, а не за постигнување мир и со неа се поткопуваат единството и посветеноста што треба да ги манифестира ЕУ за ставање крај на војната - Смирувањето нема го спречи Путин. Само единството и посветеноста ќе го трасираат патот кон сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина, истакна Мамер, додавајќи дека колку што му е познато Орбан не се координирал со никого во ЕУ во врска со неговата посета на Москва. Тој посочи дека постои јасна политика на ЕУ кон руската агресија врз Украина официјално изразена на повеќе нивоа, која треба да спроведува со пружање поддршка на Киев, со неотстапување од ставот дека кога се преговара за крај на конфликтот на преговарачката маса треба да бидат и украински претставници, како и со испраќањето јасна порака до „рускиот агресор“ дека единствен начин за итен премин на војната е безусловно повлекување на неговите трупи од Украина. Мамер нагласи дека иако Орбан нема мандат од ЕУ, сепак неговата посета на Москва има симболично значење, бидејќи доаѓа пет дена по почетокот на унгарското претседавање со Унијата. - Постои процес во кој целосно учествува и ЕУ за организирање на мировна конференција. Се сеќавате дека пред само неколку недели претставници на Комисијата и високиот претставник за надворешна политика и безбедност беа на настан во Швајцарија, чија цел беше како да се постигне одржлив и праведен мир со почитување на украинските права, рече Мамер Според него, единствениот начин за постигнување на тој мир е мировен процес менаџиран на ниво на ЕУ и зачувувањето на единството во однос на руската агресија, а не преку индивидуални иницијативи и посети на Москва. - Сите овде во ЕУ сакаме мир. Но, да биде јасно. Сакаме праведен мир за Украина. Не сакаме смирување на Русија. Затоа веруваме дека патувањето во Москва, повеќе му оди во прилог на Владимир Путин, отколку на напорите за постигнување одржлив мир со согласност на Украина, истакна Мамер, потсетувајќи дека од почетокот на руската агресија врз Украина, па досега, ниту еден европски лидер на бил во посета на Москва. Портпаролката на Еврокомисијата за надворешни работи и безбедносна политика, Набила Масрали пренесувајќи делови од писмената изјава на Борел за посетата на Орбан на Москва, додаде дека секое решение за руската агресија треба да се базира на почитување на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, согласно Повелбата на ОН. - Позицијата на ЕУ кон руската воена агресија врз Украина е многу јасна и изразена во нејзините заклучоците поддржани од сите 27 земји членки, вклучително и Унгарија, дека Русија мора итно и безусловно да ги повлече сите сили и воена опрема од целата украинска територија, согласно меѓународното право, нагласи Масрали. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Шоу бизЗдравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратенНајголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година. Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови. Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени. Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек. Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.Тагови: здравко чолиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
БалканМајка во грција продала дете за 3.500 евра Две жени во Грција се под истрага и се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полициските проверки откриле сомнение дека новороденче било продадено од неговата мајка на друга жена во замена за пари.Според информациите објавени од грчката државна телевизија ЕРТ, 40-годишната мајка се сомничи дека на почетокот на оваа година го предала своето новородено бебе на 32-годишна жена од Аспропиргос, населено место западно од Атина. За продавањето на детето, наводно, добила 3.500 евра, а сомнежите се дека парите ги искористила за да купи автомобил.Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканскиот носач на авиони го напушти Блискиот Исток по три месециАмериканскиот носач на авиони по три месеци го напушти Блискиот Исток-Трамп го повлекува моќниот воен брод – еве каде се враќа Неговото заминување се случи само неколку дена откако носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигна на Блискиот Исток. Американскиот носач на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ го напушти Блискиот Исток по тримесечен престој во регионот, кој се одвиваше во контекст на војната со Иран. Оваа информација ја пренесе „USNI News“, повикувајќи се на претставник на американската морнарица. Сепак, морнарицата не даде дополнителни детали во врска со заминувањето на воениот брод. Според американски претставници, „УСС Џорџ Вашингтон“ најверојатно се враќа во својата матична база во Јапонија. Неговото заминување доаѓа само неколку дена откако носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигна на Блискиот Исток, придружувајќи му се на „УСС Џорџ Х.В. Буш“. „УСС Џорџ Вашингтон“ е единствениот американски носач на авиони што е трајно стациониран надвор од територијата на Соединетите Држави. Негова матична база е Јокосука, Јапонија, а во Блискиот Исток пристигна во август. Според претходна изјава на Централната команда на САД (CENTCOM), со неговото пристигнување беше заменет носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, кој претходните девет месеци ги помина во регионот, поддржувајќи воени операции против Иран – вклучително и блокада на иранските пристаништа. Заминувањето на „УСС Џорџ Вашингтон“ од Пацификот во август, исто така, имаше пошироки импликации за военото присуство на САД во тој регион, бидејќи Соединетите Држави останаа без носач на авиони во западниот дел на Пацификот.Тагови: американски бродови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook