Борел побара итно ослободување на претседателот на Гвинеја

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел го осуди обидот за државен удар во Гвинеја и ја повика војската итно да го ослободи претседателот Алфа Конде.

– Го осудувам насилното преземање на власта во Гвинеја и повикувам на итно ослободување на претседателот Конде, напиша Борел на Твитер. Тој ги повика сите политички сили во земјата да го почитуваат „владеењето на правото, интересите на мирот и благосостојбата на луѓето во Гвинеја".

Елитните специјални сили на Гвинеја, предводени од полковникот Мамади Дамбуја, вчера влегоа во владиниот кварт на Конакри и ја нападнаа претседателската палата, изјавија очевидци. Лидерот на бунтовниците Дамбуја се појави на националната телевизија и објави за апсењето на претседателот Конде, распуштање на владата и укинување на Уставот на земјата.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер