Борел: Орбан не ја претставува ЕУ за време на неговата посета на Грузија - Канал 5

Борел: Орбан не ја претставува ЕУ за време на неговата посета на Грузија

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан „не ја претставува“ Европската унија за време на денешната посета на Грузија.

Борел: Орбан не ја претставува ЕУ за време на неговата посета на Грузија

„Што и да каже господинот Орбан за време на неговата посета на Грузија, тој не ја претставува Европската унија. Ротирачкиот претседател на Унијата нема овластувања во надворешната политика“, изјави Борел за шпанското јавно радио РНЕ.

И портпаролката на Европската комисија Набила Масрали на прес-конференција во Брисел изјави дека посетата на Орбан на Грузија се одвива само во контекст на билатералните односи меѓу Унгарија и Грузија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027 година ги утврдува приоритетите – продолжуваме со создавање услови за економски раст

Буџетот за 2027 година ги утврдува приоритетите – продолжуваме со создавање услови за економски раст и подобар животен стандард за граѓаните.

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027 година ги утврдува приоритетите – продолжуваме со создавање услови за економски раст

Предлог-буџетот за 2027 година е насочен кон обезбедување стабилни и одржливи јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст, со јасен фокус на развојните инвестиции, редовното исполнување на обврските кон граѓаните и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, образложувајќи го Предлог-буџетот за 2027 година на Комисијата за финансирање и буџет пред пратениците во Собранието.

Вкупните приходи во Буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, што претставува раст од 5,7% во однос на 2026 година, додека вкупните расходи се планирани на 440,4 милијарди денари, односно раст од 4,8%. Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари или 3,5% од БДП, а за капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.

„Нашата определба останува јасна – постепена фискална консолидација, рационално и ефикасно трошење на јавните средства, подобра наплата на приходите и насочување на средствата кон развојни и продуктивни инвестиции“, истакна министерката.

Согласно проекциите, економскиот раст во 2027 година се очекува да изнесува 3,8%. Главен двигател на растот ќе биде домашната побарувачка, пред сè преку засилената инвестициска активност. Бруто-инвестициите се проектирани да забележат реален раст од 6,8%, приватната потрошувачка раст од 2,5%, додека јавната потрошувачка ќе има умерен раст од 1,1%. Кај надворешниот сектор се очекува раст на извозот од 5,8%, а на увозот од 5,2%.

Во однос на ценовните движења, за 2027 година се проектира просечна инфлација од 3,2%. Позитивните движења се очекува да продолжат и на пазарот на труд, при што се проектира раст на бројот на вработени од 1,2%, додека растот на просечната нето-плата се очекува да изнесува 6,7%.

На приходната страна, вкупните буџетски приходи се планирани на 395,4 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4% во однос на 2026 година, додека социјалните придонеси се планирани во износ од 133,8 милијарди денари. Неданочните приходи се проектирани на 30,5 милијарди денари, а донациите на 5 милијарди денари.

Во рамки на даночните приходи, од данокот на личен доход се очекуваат 42 милијарди денари, од данокот на добивка 27,5 милијарди денари, а од акцизи 31,9 милијарди денари.

„Нашата определба е преку подобрување на наплатата, дигитализација на процесите, зајакнување на институционалните капацитети и намалување на неформалната економија да создадеме поефикасен, поправеден и потранспарентен систем на јавни приходи. Целта е планираните приходи да се остваруваат врз реални и одржливи основи, без создавање дополнителен товар за граѓаните и стопанството.“ кажа министерката Димитриеска-Кочоска.

На расходната страна, вкупните расходи се планирани на 440,4 милијарди денари. За плати во јавниот сектор се проектирани околу 57,2 милијарди денари, додека расходите за стоки и услуги се планирани на 27,8 милијарди денари.

За исплата на пензиите се обезбедени 123,8 милијарди денари, со вклучен ефект од усогласувањето согласно законските решенија. За надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани се предвидени околу 14,3 милијарди денари, додека за паричен надоместок во случај на невработеност се планирани 1,5 милијарди денари. За активните политики и мерки за вработување се обезбедени 2,9 милијарди денари, наменети за креирање нови работни места и поддршка на вработувањето на младите, лицата со попреченост и корисниците на гарантирана минимална помош.

За здравствена заштита се планирани 58,7 милијарди денари, кои ќе се реализираат преку Фондот за здравствено осигурување, најголем дел наменети за финансирање на здравствените услуги и непречено исполнување на обврските кон јавните здравствени установи.

Продолжува и поддршката на единиците на локалната самоуправа. Трансферите до општините се планирани на околу 36 милијарди денари.

Капиталните инвестиции се еден од клучните развојни приоритети на Буџетот за 2027 година. За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари.

„Нашата определба е овие средства да бидат насочени кон проекти кои создаваат долгорочна вредност, ја подобруваат инфраструктурата и придонесуваат за поквалитетни јавни услуги. Притоа, не е важна само висината на планираните средства, туку и нивната реализација. Нашиот фокус е на навремено спроведување на проектите и на постигнување конкретни резултати на терен.“ кажа министерката во експозето пред пратениците.

Во 2027 година продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти преку ЈПДП поврзани со Коридорите 8 и 10д, изградбата на автопатските делници Кичево–Букојчани, Кичево–Охрид и Скопје–Блаце, подобрувањето на локалната патна инфраструктура, како и модернизацијата на железничката инфраструктура, вклучително и источниот дел на Коридорот 8 и изградбата на заедничкиот железнички граничен премин Табановце.

Во 2027 година започнуваат и нови значајни инвестициски активности, меѓу кои обновата на товарниот возен парк на Железници – Транспорт, дополнителното финансирање за изградба на фискултурни сали, како и реализацијата на проектите за развој на инфраструктурата на високото образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во образованието продолжуваат инвестициите во реконструкција на студентските домови, изградба и реконструкција на училишта и спортски сали. Значајни се и проектите за основна дигитална инфраструктура на државата, енергетска ефикасност во јавниот сектор, модернизација на земјоделството и изградба и рехабилитација на системите за наводнување.

Продолжуваат и инвестициите во комуналната и енергетската инфраструктура, изградбата на пречистителни станици и системи за управување со отпадни води, како и проектите за обновливи извори на енергија и модернизација на енергетскиот систем. Во оваа насока продолжува и реализацијата на проектот за воведување брз автобуски превоз во Скопје.

Буџетскиот дефицит за 2027 година е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5% од БДП, во согласност со Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година. Определбата е постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, преку подобрување на наплатата на приходите, рационализација на расходите и зголемување на ефикасноста на јавните инвестиции.

Посочи дека финансирањето на буџетскиот дефицит и отплата на обврски кои што доспеваат во 2027 година ќе се обезбедува на домашниот и меѓународниот пазар. При тоа потсети дека следната година меѓу другото доспева за отплата Еврообврзница од 500 милиони евра издадена во 2023 година.

„Не е доволно само да планираме стабилни јавни финансии – наша обврска е тие да ги претвориме во видливи резултати, развојни инвестиции и подобри услови за живот на граѓаните“ кажа Димитриеска-Кочоска.

Министерката посочи дека Предлог-буџетот за 2027 година ги одразува развојните потреби и фискалните приоритети на државата, обезбедувајќи средства за редовно функционирање на институциите, исполнување на обврските кон граѓаните и поддршка на економскиот раст, со јасна определба за наменско, транспарентно и ефикасно користење на јавните средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Александар Давчевски, на прес- конференција порача дека на 13 ноември 1944 година Скопје беше ослободено, а денес градот е заробен од неспособна и криминална власт на ВМРО.

СДСМ: На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт

Тој посочи дека градоначалникот на ВМРО, Орце Ѓорѓиевски донесе нефункционалност, сообраќаен хаос, ѓубре, диви депонии и криминал.

„Нефункционален град, сообраќаен хаос, ѓубре и диви депонии, криминал и глутници од кучиња скитници насекаде. Една реченица и само десетина секунди беа доволни за целосно да се опише првата година од мандатот на актуелниот градоначалник. Дваесет и деветте минути празен отчет на Орце беше само очаен обид преку партиски ПР да се покрие тоталниот распад што Скопјани го живеат секојдневно“, рече Давчевски.

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Александар Давчевски, посочи дека и покрај поставувањето на 3.300 нови контејнери, Скопје не е почисто. Дивите депонии се враќаат, контејнерите се преполни, а проблемот не се решава со поставување контејнери, туку со редовно собирање на отпадот.

„Не е успех да се постават нови контејнери, туку отпадот редовно да се собира и градот да ни биде чист.Граѓаните чекаат автобуси,линиите не функционираат редовно, а најавите за нови автобуси и дигитални решенија сè уште не се претвораат во резултати. БРТ, за кои се обезбедени 70 милиони евра, повторно се одложила. Скопјани не можат и не заслужуваат да живеат од нови ветувања и нови рокови“, рече Давчевски.

Давчевски предупреди дека по секој пообилен дожд делови од градот се соочуваат со поплавени улици и сообраќаен колапс, што е последица на недоволното одржување и отсуството на системски решенија. Запуштени се и парковите и јавните површини, а контролата на загадувачите речиси и да не постои.

„Каде се 346-те проекти со кои ја барате и добивте довербата од Скопјани? Каде се ветените булевари, катни гаражи и инфраструктурните решенија? Никаде ги нема и само се бараат изговори. И додека проектите доцнат или откажуваат, се отвораат сериозни прашања за трошењето на јавните пари“, рече Давчевски.

Тој додаде дека одговорноста е кај ВМРО, која со години го блокираше градот преку Советот, а денес градоначалникот се фотографира пред инфраструктурни проекти започнати од СДСМ.

„Одговорноста за состојбите не може постојано да се префрла на други и се некој друг да биде виновен за состојбите во градот. Врв на лицемерие е четири години преку Советот да го блокирате градот и да ги држите Скопјани како заложници. За денес градоначалникот бескрупулозно да се слика пред мостовите Михајло Апостолски и Љубљанска и булеварот Борис Трајковски, кои ги почна СДСМ“, рече Давчевски.

Давчевски нагласи дека граѓаните не бараат чуда, туку основни услови за нормално функционирање на градот – чисти улици, редовен јавен превоз, проодни улици, уредени паркови и реализација на ветените проекти.

„И одговорот, за жал, е многу едноставен - не. Градоначалничката функција не е привилегија за политичка себепромоција, туку одговорност за функционирањето на градот. На Скопје и Скопјани не му требаат уште една година најави и оправдувања. Му треба градска власт што ќе работи, ќе решава проблеми и ќе испорачува резултати“, рече Давчевски.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евровизија за првпат се одржува во Азија, ќе се натпреваруваат претставници од 11 земји

Евровизија за првпат се одржува во Азија, ќе се натпреваруваат претставници од 11 земји. Во натпреварот ќе учествуваат претставници од Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Лаос, Малезија, Монголија, Непал, Филипините, Јужна Кореја, Тајланд и Виетнам.

Евровизија за првпат се одржува во Азија, ќе се натпреваруваат претставници од 11 земји

Најголемиот и најдолготрајниот меѓународен музички натпревар, „Евровизија“, за првпат се проширува на азискиот континент; неговото прво издание ќе се одржи во сабота, 14 ноември, во Бангкок, главниот град на Тајланд, со учество на претставници од 11 земји.

„Евровизија Азија“ се одржува во годината кога „Евровизија“ ја одбележува својата 70-годишнина, што претставува прво големо проширување на овој музички настан на друг континент, пренесува Би-Би-Си (BBC).

На натпреварот ќе учествуваат претставници од Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Лаос, Малезија, Монголија, Непал, Филипините, Јужна Кореја, Тајланд и Виетнам.

Организаторите најавија дека изведувачите ќе пеат на десет локални јазици, како и на англиски јазик, со цел да се прикаже јазичната, културната и музичката разновидност на азискиот континент.

Финалето ќе се одржи во „One Bangkok Forum“, а програмата – која ќе трае приближно два и пол часа – ќе започне во 14:30 часот по средноевропско време.

Домаќини на натпреварот ќе бидат тајландските телевизиски личности Вуди Милинтачинда и Синди Бишоп, а меѓу најавените специјални гости се победничката на Евровизија 2026, DARA, како и тајландскиот пејач и актер Џеф Сатур.

Победникот ќе биде одреден преку комбинација од гласовите на стручното жири и публиката, при што секоја од овие групи ќе учествува со 50 отсто во вкупниот резултат.

Гледачите од земјите учеснички нема да можат да гласаат за својот претставник, а процесот на гласање ќе биде отворен и за публиката од остатокот на светот.

Бодувањето ќе се одвива според добро познатиот евровизиски систем, кој вклучува доделување на најмногу 12 поени за најуспешните песни. Натпреварот ќе се емитува бесплатно преку официјалниот YouTube канал на Евровизија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер