Борел на годишнината од Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина - Канал 5

Борел на годишнината од Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина

Борел на годишнината од Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина: Време е Косово и Србија да преминат во нова европска ера .

Борел на годишнината од Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина

Крајно време е и Косово и Србија да го прекинат маѓепсаниот круг на кризи и тензии и да преминат во нова европска ера, па затоа очекуваме од нивните лидери без натамошно одлагање да покажат одговорност, визија и лидерство во постигнувањето напредок во имплементација на Договорот за патот кон нормализација на меѓусебниот односи склучен во Охрид на 18 март 2022 година, се наведува во пораката на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел по повод годишнината постигнувањето на спогодбата.

- Договорот нуди подобра иднина за граѓаните на Косово и Србија и за целиот регион. Тоа е шанса што не треба да ја пропуштат. Европската Унија останува подготвена да им помогне на Косово и на Србија во секој чекор од патот, но тие се оние кои треба да ги преземат тие чекори и да се движат напред, вели Борел во пораката.

Според Борел, како што јави дописникот на МИА од Брисел, постигнувањето договор што ветува мир, стабилност и добрососедски односи меѓу Белград и Приштина во време на невидена тотална војна на европскиот континент, претставуваше значајно достигнување, бидејќи првпат за време на дијалогот со посредство на ЕУ, двете страни се согласија за јасни параметри кои ја дефинираат траекторијата на процесот за нормализирање на нивните односи.

- Овој договор и неговата имплементација јасно демонстрираат дека иднината на двата партнера е во Европската Унија. Но, жално е што и покрај големите напори на ЕУ и пошироката меѓународна заедница, досега имаше многу ограничен напредок и од Косово и од Србија во имплементацијата на обврските што ги прифатија со овој Договор, наведува Борел.

Тој нагласува дека ЕУ постојано потсетуваше оти Договорот е во целост обврзувачки согласно меѓународното право и затоа „секој недостиг на имплементација“ не само што ја загрозува европската интеграција на страните, туку им нанесува и штети на нивната репутација како кредибилни и доверливи партнери.

Со Договорот постигнат во Охрид се предвидуваат конкретни чекори за имплементација на договореното во Брисел на 27 февруари, со цел е да им се помогне на Белград и Приштина да направат напредок во нормализацијата на нивните односи. Конечната верзија на Охридскиот договор беше усогласена по околу 12 часа преговори меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти со посредство на Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

На разговорите во Охрид беа присутни и претседателот Стево Пендаровски, тогашниот премиер Димитар Ковачевски и американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф.

Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок.

Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО)

Словенскиот премиер Јанез Јанша денеска одржа говор на државната прослава на Денот на суверенитетот во Копер, но за време на неговото обраќање постојано беше прекинуван од свирежи и извици на демонстрантите. 

Демонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО)

Поради напнатата атмосфера, полицијата исто така мораше да интервенира, пишува N1 Словенија.

Демонстрантите се собраа на плоштадот Укмарје, каде што се одржа централната државна прослава. Полицијата ги предупреди да не го прекинуваат настанот, а на снимката се гледаат неколку вербални конфликти меѓу демонстрантите и граѓаните кои дојдоа да ја поддржат прославата.

Јанша зборуваше за „изгубените можности“

Јанша во својот говор рече дека словенечката независност е резултат на долгогодишна борба за јазикот, идентитетот и опстанокот на народот. Тој рече дека по независноста, Словенија е на добар пат да стане „уште една Швајцарија“, но дека следеле години пропуштени можности.

„Словенија денес е безбедна, а безбедноста е главен услов за стабилност и економски развој“, рече Јанша. Тој како клучни причини за победата во војната за Словенија ги наведе јасната политичка цел, единството на граѓаните, навремените подготовки за одбрана, доброто разузнавање и мотивацијата на словенечките сили.

Претседателот и опозицијата не дојдоа

Прославата се одржа по повод 35-годишнината од заминувањето на последните војници на ЈНА од Словенија. Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври 1991 година, последната воена единица на Југословенската народна армија го напушти пристаништето Копер.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар не дојде на прославата, а отсуствуваа и претставници на опозициските партии. Пирц Мусар претходно ја откажа својата посета поради несогласување со потезите на владата, вклучително и преименувањето на празникот, на што се спротивставуваат и опозициските партии Свобода, Левица и СД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Македонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. 

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири.

Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат.

Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер