3Познато е што имало на менито на свечената вечера во чест на Трамп и Путин- десертот е особено егзотичен
По 10 години брак, го оставила сопругот и избрала прасе за домашно милениче: Едната свиња ја заменив со друга
2По 10 години брак, го оставила сопругот и избрала прасе за домашно милениче: Едната свиња ја заменив со друга
БалканБорел : Лично ќе се ангажирам во дијалогот меѓу Белград и Приштина Шефот на европската дипломатија Џозеф Борел изјави денеска дека тој лично ќе го води дијалогот Брисел - Белград со Приштина и истакна дека Србија мора да го одржи својот европски курс и посветеност за реформите.„Јас лично ќе бидам ангажиран во дијалогот и нема да жалам за напорот .Јас сум посветен да посредувам во дијалогот меѓу Белград и Приштина и очекувам тој да продолжи што е можно побргу“, рече Борел во интервју за агенцијата Танјуг пред неговата утрешна посета на Белград . „Од клучно значење е косовските власти да го искористат овој нов момент и да ги намалат царинските давачки. Србија, исто така, мора да даде свој придонес за да пристигне во конструктивна атмосфера и да ги продолжи преговорите“, рече Борел, кој денес имаше серија состаноци со косовските лидери во Приштина. Тој посочи дека ја гледа „посветеноста и политичката волја“ на Белград и истото го очекува и во Приштина, истакнувајќи ја улогата на ЕУ во „правење простор за постигнување и спроведување“ на договори за нормализација на односите и дека агендата на дијалогот ја утврдиле властите во Белград и Приштина . „За мене, главниот приоритет е да им ставиме до знаење на сите зошто сме седнати на иста маса, што сакаме да постигнеме и што да започнеме. Нормализирањето на односите е деликатна материја, која допира до самото срце на идентитетот на луѓето. Свесен сум дека минатото сè уште е присутно, но ние мора да продолжиме понатаму “, ги образложи Борел своите ставови за дијалогот Белград-Приштина. Пристигнувајќи во Србија, истакна тој, првенствено сака да ја покаже јасната посветеност на Унијата кон европската перспектива на Србија и на целиот Западен Балкан, бидејќи регионот има заедничка иднина и многу јасен интерес за зајакнување на соработката во областа на безбедноста, економијата и надворешната политика. Борел инсистира на тоа дека „европската перспектива за Србија и Западен Балкан е приоритет за него лично и за Европската комисија“. Според водечкиот европски дипломат, нормализацијата на односите со Приштина преку сеопфатен правно обврзувачки договор и внатрешните реформи фокусирани на владеењето на правото и медиумите се клучни за членството на Србија во ЕУ. Унијата, посочува Борел, би сакала да ја зајакне соработката со Србија во областа на надворешната и безбедносната политика, бидејќи го цени нејзиниот придонес преку учеството во воени мисии и операции на ЕУ. Тој оцени дека постои простор во кој Србија може да направи дополнителни напори за да ја усогласи својата надворешна политика со онаа на ЕУ. „Нашите споделени предизвици бараат заеднички одговори“, истакна Борел. Престојот на Борел во Приштина и Белград е негова прва посета на регионот, откако тој беше поставен за шеф на дипломатијата на ЕУ. Дијалогот Белград - Приштина е запрен од крајот на 2018 година кога Приштина воведе оданочување на стоките од Србија (и БиХ) во знак на одмазда за дипломатската кампања на Белград за повлекување на признавањето на независноста на Косово и спречување на приемот на Косово во меѓународните организации како Интерпол, УНЕСКО и приемот во ООН. Белград со месеци ја повторува својата подготвеност да го продолжи дијалогот, но со единствен услов Приштина да ги укине царините, додека меѓународната заедница инсистира на тоа Белград истовремено да ја прекине кампањата против меѓународното членство на Косово.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Зијадин Села во „Само Интервју“„Само Интервју“ утре со Зијадин СелаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евраПретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.. Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година. Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЕн Хатавеј прв пат се појави со бебето- прошета низ Њујорк, сите гледаат во еден детал (ВИДЕО)Холивудската актерка Ен Хатавеј стана мајка по трет пат! Ѕвездата од филмот „Ѓаволот носи Прада“ и нејзиниот сопруг Адам Шулман го добија своето трето дете, а актерката беше фотографирана за прв пат со своето новороденче за време на опуштена прошетка низ улиците на Њујорк, објави ТМЗ. Во вторник, 17 ноември, Ен беше видена во друштво на пријателка, додека го носеше бебето во носилка закачена на градите. Изгледаше многу весела, разговараше, се смееше и уживаше во прошетката, а во еден момент дури и застана да направи неколку фотографии со својата пријателка. Иако е навикната на вниманието на јавноста, актерката овој пат беше во сосема поинаква улога, посветена на најмладиот член од нејзиното семејство. 🤰👶 Anne Hathaway is showing off her little bundle of joy in the Big Apple! 📸: Backgrid https://t.co/EkWFJh2PLE — TMZ (@TMZ) November 17, 2026 Веста за новото бебе беше особено радосна за нејзините обожаватели, кои ја следеа нејзината трета бременост во претходните месеци. Ени објави во јуни оваа година дека очекува бебе, и тоа на многу нежен начин. Таа сподели фотографија на Инстаграм во бел комбинезон, откривајќи го својот труднички стомак, со натпис „Бебе, јас сум твоја“. Актерката и нејзиниот сопруг Адам Шулман, со кого е во брак од 2012 година, веќе имаат два сина, Џонатан и Џек. Нивниот прв син е роден во 2016 година, а вториот во 2019 година, па доаѓањето на нивното трето дете го прошири нивното семејство на пет члена. Интересно е што за време на гостувањето во шоуто на Сет Мејерс, Ени зборуваше за изненадувањето што го донесе нејзината трета бременост. Таа призна дека таа и нејзиниот сопруг биле изненадени кога дознале дека повторно очекуваат бебе, а на шега го нарекле своето ново бебе свое „чудно“ дете, алудирајќи на неочекуваниот, но совршен момент. Името, полот и точниот датум на раѓање на бебето сè уште не се откриени. Сепак, првите сцени на актерката со новороденчето веќе предизвикаа голем интерес, особено затоа што Ени и Адам се многу внимателни во заштитата на приватноста на своите деца и ретко ги покажуваат на јавноста. За актерката, ова е особено убав крај на исклучително напорна година. Покрај семејните промени, 2026 година беше обележана и со бројни филмски проекти, вклучувајќи го и враќањето во улогата на Енди Сакс во продолжението на „Ѓаволот носи Прада“.Тагови: Ен Хатавеј Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook